Јас имам 2 предлога. Прво тоа да стигнува известување кога ќе ти стави некој лајк, иако има таква опција али не работи.. да се направи некако и второ во ЛП да може да се прикачува слика..
Епа затоа ако сакаш од компјутер ќе ја прикачиш прво на http://tinypic.com/ и после ја ставаш како од интернет што се ставаат.
и имам уште една идеја можиме сите да се организираме, да си договориме еден вид "средба" на чат, ете пример да речиме денес во 1 сите да бидат на чат.. или во некоја тема.. тоа би можело да биде една шанса за подобро да се запознаеме и да се забавуваме
Хм јас мислам тоа не би било можно.10 души да се сретнат на чат се е разбркано, не се знае кој што пишува а не пак сите
отворете тема ,,дружба на форумџии,, потоа направите листа и одредит термин за дружба горе долу да им одговарат на 50% ОД ЧЛЕНОВИТЕ ПРИЈАВЕНИ . Еден организатор спрема бројот на пријавени нека најмит некое поприкладно мирно место , а може и во природа ако го дозволуваат условите и да се направит еден ,,пикник,, на кој ке се сретнат многу од ,,феминките,,
Критики и забелешки е заклучена и сметам дека е погрешно. Еве сега каде да се жалам? Во темата „Модни критики (за не толку храбри феминки)‘‘ еве што ми се покажува: Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Strumfeta93 и 1 гостин 1 гостин??????
Штрумфетке, 1 гостин е некој член кој го сокрил својот онлајн статус. Ако одам сега на таа тема ќе не има двајца
Нели гости се тие што не се ни регистрирани или најавени , туку само моментално го разгледуваат сајтот ? Зашто најдолу нели пишува дека има толку и толку регистрирани , толку скриени и толку гости . Не е белки исто скриен и гостин ?
Незнам дали скриените ги пишува како скриени и дали воопшто некако ги пишува. Јас сум била извесен период со скриен онлајн статус и ако сум единствена што ја разгледува темата ми пишува Нема регистрирани корисници. Не ме пишувало како гостин, ама добро можеби пак на друг мене да ме покажува како гостин, не знам како е.
И јас мислам дека скриените воопшто не ги пишува . Различно е скриен од гостин . А кога сум веќе на темава , мене ми пречи една друга работа . Да може некако да има опција за да имаме увид дали некој друг испратил мислење додека ние сме го редактирале нашето . Како еве пред малку додека јас корегирав една единствена запирка , Штрумфета испратила мислење , и сега она редактирано еднаш си стои . Не дека е некој голем проблем ама грдо ми е некако мислењето вака , не вредеше за една запирка да преправам , да знаев ќе го оставев така , па затоа велам убаво ќе беше да имаше и тука некаква опција , но , добро и не е до толку важно .
Абе луѓе, вие гости ли сте за да ве пишува Гости? Во Скриено катче некогаш дава така веројтно поради некои багови. Скриените не ги пишува кога разгледуваат некоја категорија
оф топик но... пр. пред една недела под една слика напишав нешто како прашање и го испратив,како такво се појави но подоцна после 5мин сте го избришале и сте ја оставиле само сликата искрено се изненадив??? Спојлер еве ја сликата ...и овде пишуваше - Кој е вашиот матурант? мислам дека не е во ред да го менувате мислењето на некого, особено ако не е навредливо, само затоа што вас така ви одговараа , подобро целосно да го избришевте како -несоодветно, или пак да ми пратевте ЛП со објаснување, или да пишевте под мислењето....начинот на кој постапивте е недемократски се надевам во иднина ке го имате ова во предвид сепак форумот опстојува за сите ние слободно да си го искажеме своето мислењe
Верувам дека тоа е направено за да нема оффтопици како на пример: Бо е мој, Војдан е мој, и за секој по 10 мислења кои јас и другите би требало да ги скроламе зашто се да не речам „глупи“.
ОК и јас размислив така и затоа тогаш и не искоментирав но сепак мислам дека е праведно во иднина за секоја промена на мислењето да бидеме исконтактирани по ЛП а не да се чудиме зошто ни фали некој дел, сметам дека е така чесно ова и го пишав на реинбоу ке го цитирам и овде -замисли да пишуваш некоја статија во весник , и си ја пратила статијата и гледаш утредента дека некои делови недостигаат,-нема ли да се изгуби поентата на твојата статија, ...и сепак таа е твоја статија само ти го имаш правото да ја смениш а весникот го има правото да не ја објави,но во никој случај да ја скрати... и да добив одговор дека тоа е едно од правилата -Модераторите имаат право да преземаат соодветни мерки за да санкционираат нечие однесување што пречи на дискусиите во темите или на друг начин влијае негативно на форумот, дури и притоа да не е прекршено ниту едно од горенаведените правила. кога се зачленив во форумот со самото тоа ги прифатив и правилата- ЕВЕ ДАВАМ ИДЕЈА ВО ИДНИНА ДА БИДЕМЕ ИЗВЕСТУВАНИ се надевам реинбоу не се лутиш затоа што те исцитирав но ова е темата за предлози и идеи и мислам дека мислењето ми е на вистинското место...сепак во добрата работа мора да има и по некоја критика а тоа е знак дека епосетен форумот поздрав
Не воопшто Само сето тоа не е така лесно како што изгледа, освен ако не земеме да седиме по едно работно време на форумов и за секоја едитирана буква да праќаме известување. Како и да е, кога администраторите ќе најдат повеќе време за форумов, да се средат некои работи, се надеваме дека ќе се најде за се решение.