Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jaс би да нема пребарување на мислења, или тоа нека биде одлука на форумџиката, дали би сакала да и бидат пребарувани мислењата или не!
    :) Hе се знае, можеби некој ќе те препознае па ќе земе да ти ги чита мислењата да види дали си ти таа-таа. A сепак ова е едно твое приватно катче, за кое не би сакале баш и секој да знае кој всушност е позади никот :)
     
    На ana-banana, girl.23, Smilly и 22 други им се допаѓа ова.
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    знам дека можете да го средите ова-и ке го средите,.... затоа и го искритикував
    Јас го сакам овој форум во истата мера колку што го сакаш и ти, и сакам да сум на него и да ги читам мислењата на форумџиките, затоа понекогаш и критикувам :$
    и знам дека секогаш секое прашање кое сум ти го пратила ми било одговорено од твоја страна и немам замерки за тоа туку само пофални зборови.
    !ова сепак важи само за добронамерните мислења-оние без лоша позадина, а за останатите-навредливите се согласувам со правилата на форумот во целос
    :* :* :*
     
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Дајте напрајте го ова да работи веќе, од кога стои вака!
    Верувам не сум единствена со ова барање :D
     
    На girl.23, Smilly, Beauchamp и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Стварно држи место мислењево, всушност ова треба да е место каде што ќе ги искажеме своите маки а притоа ќе останеме анонимни, а не која сака да ни ги чита мислењата без дозвола. Мала ни е државичкава, сите сме на купче, па и не е тешко да препознаеш некого...
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Да луѓе во ред така е и мене нема да ми падне лошо фала богу НО има толку форумџивки кои пишуваат злато вредни совети , злато вредни постови во СДК или кај и да е бре ...

    И што ќе се случи ако ја нема опцијава ?

    Дали сите сте тука 24 /7 ? за да може да припазите на се или секогаш да ги начекате оние што сакате да ги читате ? Колку квалитени постови ќе пропуштите колку совети нема да прочитате ?
    Посложено е од што изгледа ...
    Мене ми се случува од некои што обожавам да ги читам од чии постови БУКВАЛНО УЧАМ ете не сум била во можност да ги читам да се приклучам крај краеве сме се разминале не работиме во смени нели ? :?:
    И одам на нејзин , негов профил читам и се смеам во позитивна смисла се разбира , ги барам СДК и уживам еее тоа тогаш ќе го нема :!: .

    Што фатиш фатиш што не фатиш здравје ...
    Ако се земе од оваа гледна точка не е баш практично ќе мора да признаете .
    Јас сум во опцијата непријател некако да се направи опција кај што можам со додавање непријател персоната да нема пристап до моите мислења . Значи ако си имате некој познат не сакате да ви има пристап пак целта е постигната .

    Вака ми се губи смислата најискрено :?:
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    ^^ Мислењата ќе си стојат во темите и секој ќе може да ги чита, ама ако еве на пример некој прочита твое мислење и сака да ти ги види сите мислења досега, многу лесно ќе отиде на твојот профил и ќе може да најде се што си напишала. А вака како што предлага Лудото, мислењата ќе си останат во темите фала богу и секој ќе може да ги чита, ама кога ќе го отворам твојот профил нема да можам да ги најдам сите твои мислења, туку ќе треба да ги барам низ темите, што е доста посложено нели ;) На многу други форуми постои оваа опција, па не гледам причина зошто не би можела да постои и овде :)
     
    На Miss.Ricci, mims-89, IndieGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    И јас би прокоментирала нешто.. И ќе кажам точен пример.
    Пред некој ден, врз телефонот, ми се истури вода. И од паника, незнаев што да направам. Ама знаев дека Блонд, во случајов. Баш пред некое време коментираше за тоа, ама незнаев во која тема. И отидов на нејзиниот профил, и најдов. И ми помогна, еве го, жив е мобилниот. Дека, горе ако пишам на срч. Ќе ми се појават милион најдени, и додека најдам, ми отиде.. Зборот ми беше, некогаш има и поучни совети. :$
     
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е логично така да се кријаат постовите. Ако еднаш сме го напишале постот, јасно дека секој заинтересиран ке го прочита во дадената тема кога-тогаш. А ако мислиме дека тоа што го пишуваме ни ја нарушува приватноста, тогаш не би ни требало да го пишуваме.
    Колку пати разлистувајќи низ форуми имам налетано на постови кои звучат како дел од мојот живот, а врска нема. Па и крај краева, каков безживотник ке седи тука цел ден чепкајќи низ илјадници мислења со мисла дека ке најде некого што му е од посебен интерес?
    Плус, колку што гледам, бројот на мислења си стои и десно од пишаното мислење т.е. под аватарот. Џабе некој ке ја прикрие опцијата на профил кога со еден клик на бројот на мислења под аватарот се отвара се` што е пишано досега. Единствено да се направат и тие unclickable.
    Ама...пак ке може да се читаат мислењата со еден најобичен трик:
    profil/корисничкоиме/posts/
    И мал милион други трикчиња. :)
     
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Не можам да те сватам.. :^) Секоја од нас има проблем кој можеби е препознатлив, а притоа не сака кој годе да и буричка во мислењата фала Богу. Убаво си е барањето, ти па ќе можеш да читаш мислења од омилените ти феминки, само што ќе ти треба дозвола, која сигурна сум дека ќе ја добиеш доколку си во добар однос со таа личност. Ова барање е за да не може некој кој штотуку се зачленал да буричка, како што заприметив во последно време на секоја минута се зачленуваат, па више повеќе членови на Фемина отколку Фејсбук корисници.
    Барем ако ништто друго, нека постои опција со која феминката ќе може да заклучи барем некои специфични мислења (проблеми) кои и' биле итни за решавање, а сега нема потреба да стојат постирани и да ја откриваат нивната приватност! :!:
     
    На MSkorpionka, kristii и ludoto19 им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    значи јас реков, форумџиката нека си одлучи ;) Hека има таква опција!
    Aко сака- нека и читаат
    ако не сака- нека си го смени тоа на профилот
    Hе сите сакаме/нејќеме некој да ни рчка во мислењата :)
     
    На enca.69, macysh, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    И јас се согласувам со лудото за предлогот.Да си биди на нас кои форумџивки ке не читаат.Има некој само за тоа стојат на форумов,ако те откриле дека си зачленета и која си па сега ќе те читаат..Овде вака пишувам проблеми,и работи што никој од реалниот свет не ги знае.Јас мислам дека има некој барем за мене кои ме дознале преку тие постовите.Би била благодарна доколку се спроведе ова
     
    На girl.23, IndieGirl, macysh и 5 други им се допаѓа ова.
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Бидејќи „Критики и забелешки“ е заклучена тема, проблемот со кој се соочува Фемина ќе го образложам тука. Имено, нови корисници кои во истиот ден кога се логирани на форумов, веднаш отвораат нови теми притоа не гледајќи дали постои иста таква тема.
    Се извинувам ако на некој начин се правам паметна, и им навестувам дека треба да внимаваат пред да отворат нова тема, но ова не е во ред. И моето знам дека не е во ред, но ме вадат од кожа.
    Ако ништо друго, пред да се логираат да им се достави мејл или сл. во кои ќе бидат наведени правилата на форумот, а не вака на своја рака си прават што сакаат. И би било пожелно тема да отвораат лица со одреден број на мислења, а не секој.

    Поздрав, и извинете ако ова не е во мој домен, но иритира.
    Благодарам, пријатно. :hai:
     
    На EleMental, Divinebutterfly, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    ^Хехех па си има правила ама кој ги чита? И маил кога правиш само кликаш ај агри и пријатно.
    На таквите теми само игнор, модераторите ќе им го најдат чарето. Друго решение нема.. овај има де ама веќе е предложено да не се повторувам :) .
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    И јас сум за предлогот на Лудото. На еден форум има опција сите да ти ги читаат мислењата, никој и само членовите кои ги пратиш. Така е многу подобро.
    Пред некоја недела ми стигна лп од членка со 0 мислења, дека имам интересни мислења, да се дружиме ова она.. :^) Секако дека е некој што ме знае и ми ги проверува мислењата.

    Туку јас имам друг предлог. Да се отвори подфорум животни. И така има неколку теми за животни, па освен за кучиња ќе можат и теми за мачиња и други животни да се отворат а и попрегледно ќе биде.
     
    На ludoto19, IndieGirl, macysh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не е којзнае каков предлог, ама ќе го споделам зошто го немам прочитано досега. Убаво би било кога би имало опција кога менуваш аватар освен галеријата што е од фемина да ги има и сите твои минати аватари, па ако сакаш да си вратиш некој полесно да биде, да се зачувуваат :)
     
    На macysh, Divinebutterfly, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И јас имам предлог,кој може до сега е спомнат но за секој случај да го напишам пак.

    Секој кој ке се зачлени додека не направи 50 мислења на форумов да не може да отвори тема.

    Зошто сум за тоа?Затоа што во последно време се отвараат теми од новодојденци кои не само што не пишуваат на кирилица како што е по правилата на форумов туку отвараат некои кои немаат врска.Например во темите за секс..heeeeelp :/,otvorete i videte, itno mi e и кога читаш сфакаш веке за што се работи.Мислам форумов ке почне да наликува на Гламстик. |(
    Кантата е преполна,се губи прегледаност на темите и отвараат исти.Епа што е претерано претерано е.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Тоа ќе му штети на форумот во голема мера. Повеќето од темите низ форумот се отворени од членки кои ни сега немаат 50 мислења. Така ептен ќе опадне отворањето на нови теми. Овие дуплите што ги отвораат се заклучуваат или се спојуваат со веќе постоечките, па не знам што е толку проблемот со тоа.
    Некој можеби ќе има идеја за отворање на нова тема, ама нема да може да ја отвори, а исто и ќе опадне зачленувањето на нови членови. Така што тоа не е решение. Само вие можете да се обидете на секоја отворена дупла тема да не реагирате толку остро, или да ја полните темата се оф-топици, кои потоа само создаваат дупла работа, па при спојувањето мора да се бришат. Само пријавете ја темата, па модераторите ќе ја завршат работата :)
     
    На BoaVista и Pelikuna им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што зедов за слобода да го цитирам мислењево но баш ова најдобро го објаснува нашето барање за дозвола при разгледување на туѓи мислења, како што кажа лудото19. Има ли логика? Дај сега ќе буричкаме по туѓи мислења. Каде е приватноста тука? Тоа треба да ви биде најголема привилегија, што е можно повеќе да се зачува приватноста на секоја форумџика што се зачленува. Вака некои девојки ќе препознаат туѓо мислење и молчешкум ќе ги читаат сите мислења со цел да дознаат што повеќе.
    Не е фер! Не е фер воопшто!
     
    На Black.Beauty и crazylady им се допаѓа ова.
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Секоја членка се простила од приватноста со самото пишување мислења, не знам што е тука чудно :^)
    Секое мислење е свесен ризик дека некој ќе те препознае :) Кој сака може да си листа туѓи мислења или само за свои очи пишуваме на форумов?!
     
  20. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Јас би предложила да има опција во личната порака да се испрати слика. :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.