Во суштина може, ако прво ја аплоудираш на нет и после го копираш линкот, ама секако дека ќе биде подобро да може да се прикачи директно од компјутер како што е тоа случај со постовите.
Покомплицирано е тоа, барем за мене бидејќи немам везе како прво да ја аплоудирам на нет. Вака подобро би било и за сите ќе е сватливо.
би ви предложил нешто зашто гледам дека некои форумџики го достигнале максимумот со цветчињата па можете сеа да направите нешто како левел 2 да почнат тие одпочеток и наместо цвет да ставите некои си тркачки коли кои ке ги менуваат боите и броевите на вратата се шачам за ова со коливе можете да ставите ѕвеѕдички баш ке ставам и слика на какви мислам или пак некои пеперутки.
Eве јас пак со предлог до Фемина. И јас сум имала нормално на почетокот релативно малку мислења, и полека но сигурно си гурам, не се брзаме. Говорам за форумџиите кои стагнираат со мислењата во смисла да имаат мислења помалку од 10. Такви ги има со лопата да ги ринеш, значи ене во Членови, безброј се тие кои немаат ниту едно мислење или имаат приближно толку. Веројатно од љубопитност, чепкање во интимата на другите се зачленуваат, и не придонесуваат за продуктивност и напредок на Форумот. Предлагам да истите тие особи, да се ограничат. Значи доколку во определен временски период, не се активираат да бидат отстранети. Фемина може да се пофали со нели 20.000 форумџии и повеќе, но прашање е колку од нив го стекнале со труд тој статус, а колку од нив формално. Благодарам, ако ме прочитавте.
Девојки, дајте да не претеруваме и да не бараме преку леб погача Како прво, на ниеден форум не сум видела да се отстрануваат членови само поради тоа што имале мал број на мислења или биле неактивни. Второ и да се отстранат ќе биде многу нефункционално, зашто ако некој има намера и сака да чепка по туѓи мислења пак ќе си направи профил и завршена работа. Трето, незнам од каде ви е фактот дека тие што имале мал број на мислења дошле тука да шпионираат или слични ствари, значи ако имало еден или неколку такви случаи не се ваљда сите зачленети за да шпионираат. Четврто, па и што ќе шпионираат незнам, па ја овде не издавам државни и воени тајни, па толку се фативте за приватноста. Самите треба да бидеме свесни што ќе откриеме за себе, а што не. Од приватноста се простуваш самиот со тоа што пишуваш интимни работи јавно, па прашање на време и среќа е дали некој ќе те препознае или не. А нема да те препознаат ако не се издадеш самиот и ако самиот не си напишеш некоја информација за себе. Јас сум свесна дека со ставањето на слики во модни критики има голем ризик да ме откријат која сум, ама не можам сега заради тоа што на мене ми се присакало да ставам слика, да барам да се бришат членови за да не ми чепкале по приватноста. Сами си одлучуваме за приватноста разберете. И дајте да не ги замараме модераторите со се што ќе ни падне на ум.
Единствено што ми смета кај членовите со нула мислења е што ги држат никовите зафатени. На нашите деца ич нема да им биде лесно да се зачленат оти сите имиња се зафатени. Шала на страна,навистина секој има право да си се зачлени на форумот и да има или 5000 или нула мислења.Секој треба да внимава што и колку открива за себе,сепак иако е анонимен,форумот е јавен.А тоа значи дека апсолутно секој може да се вклучи на фемина,макар и како гостин и да препознае некој.Па не се откривајте толку во интимните теми а воедно и да постирате слики преку кои голема е веројатноста ваша другарка или сосетка да ве познае.Или едното,или другото.
Јас би сакал да дадам 3 предлога што ми се врткаат низ мојот мал но сепак силен мозок 1. Се приметува дека во одредени периоди има големи препукувања бидејки едниот член го нарекол другиот нешто што нетреба итн итн итн..... затоа со новата опција наречена "Шамар" ке ги скрати препукувањата за 35% како работи се прашувате? да ви покажам пример Еве на пример јас и пирамитка се препукуваме Пирамида : -"Значи овој Јипман се праи бик ама какво теле е уствари тоа е немогуче" и сега наместо јас да вратам со крава или сл. на провокацијата , го стискам копчето горе и мавам шамар на профилот на Пирамида ... ем ке се чуствувате подобро што сте измавале шамари на противничкиот профил , ем ке ги поштедите модераторите да ви ги бришат мислењата 2. (ова веке го имаше ама сега на поразличен начин можеби ке успее ) Понекогаш сакате да следите некого , сите мислења кој ги пишува .. ова она како ја на пример сакам Pussy Hunter да го следам , да му ставам Like оти како да не му ставам , види колку е само зверка ... како и да е новите опции "Stalking" или на мкд "Демнење на член" до ЛП ке ви се појавуваат нотификации за сите постови кој ке ги постира членот ... така наместо да го барате членот , или пак темите САМО СО ЕДЕН КЛИК ке успеете да сочувате 20 минути од вашето време 20 мин * 365 дена = 7300 дами и господа 3.Дали понекогаш немате што да правите , омилените мислења од омилените луге ги нема , сите се offline а тебе ти е досадно незнаеш што ке правиш Worry no more ! новиот пакет на инструменти за уништување на профили ке ви помогне да ја разбиете досадата и тоа без никаква штета на другите профили ... како работи ? драго ми е што прашавте .. работи едноставно кликнете на опцијата која се наога во близина на вашиот профил и ке бидете во можност непријателските или пријателските профили да ги гаѓате со јајца , да ги мачкате со мед , да ги полиете со вода , запалите ... и мн мн мн други опции се разбира ова само ке биде прикажано кај вас ... другите профили нема да бидат оштетени и една бонус понуда (купиш 3 и добиеш една бонус) 4.Профилите понекогаш ожеднуваат .... но не повеке со опциите кој се наогаат најдоле ке можете вашиот профил да му земете пијачка од било каков состав , па дури можете и да го опијаните профилот но тогаш пазете бидејки ке би ги голта буквите додека пишувате мислења
Јипман, а што ќе се случи ако ти и мавнеш шамар на форумџиката и она ќе каже- види го ти него, ма какво теле, он уште од јајце не испилен он мене шамар ќе ми мава и таа ти возвраќа со контра-шамар. Ти да не бидеш покусо и маваш уште еден и бетер од препукување ќе стане, ќе биде виртуелна тепачка. Па некој ќе каже- па како смеат да го тепаат Јипман, ќе видат сега јас каков шамар ќе им мавнам и така во недоглед.
^И онака на крај на година ти доаѓа меил со известување со колку вкупно шамари си се здобил. Чисто информативно ,да си знаеш колку идеш по нерви.
Па тогаш нека има помирољубива функција, што па шамар? Нека има или ако веќе - со тенџере по глава (во зависност од тоа колку ве иритира нечие мислење) или spank me функција, која ќе биде добредојдена мислам од повеќе луѓе Јипман, што па ја шамар? Ја евентуално онаа спенк опција би ја употребила, и после имате мерач за тоа колку ви се црвени г’зињата Оној со најцрвеното добива титула, феминско г’зе на годината
Еден апел до форумџиките. Во последно време е забележана опаднатост на отворањето нови теми на форумот. Затоа ве замолуваме: -Доколку имате прашање кое може да развие дискусија да не го поставувате во Сакам да прашам, туку да отворите нова тема за да биде попрегледно и доколку некој член сака да дојде до истата информација ќе може да ја најде побрзо, а не пак да прашува во СДП и се така да се врти во круг. -Ако имате идеја за нова тема, меѓутоа не сте сигурни дали веќе постои таква, слободно обратете се до модераторите, па ќе добиете веднаш одговор. -Ако во некоја тема се развие оф-топик дискусија на друга тема, отворете нова тема и може дискусијата да се продолжи таму. -И немојте да се плашите, срамите или нешто сл., што се однесува на отворањето на нови теми, и да е дупла темата ќе биде затворена и ништо страшно. Во тој контекст се молат и сите форумџики да не реагираат толку остро на дуплите теми, или темите со погрешен наслов каков што беше случајот со темата Прстени, тоа не носи ништо добро, туку само страв кај другите за отворање на нови теми, да не бидат исмеани на истиот начин. Се надеваме дека наскоро креативноста ќе ве стигне, па ќе се читаме во нови и интересни теми.
Boavista убаво ти кажа. Освен тоа, некој можеби се зачленил за да коментира на статиите на Фемина, а форумот воопшто не го интересира
Јас имам еден предлог: Во категоријата „Дом“ да се направи една подкатегорија „Домашни миленици“. Колку што можев да забележам, има доволен број на теми посветени на тоа, а и мислам дека така ќе биде попрегледно.
Предложено е веќе тоа одамна Се чека реорганизација на форумов, отворање на нови подкатегории, па ќе видиме како ќе испадне работата
Епа вака имам 2 предлози ако ги бива добро ако не пак добро ... Да се отвори под категорија или како било за личности ... За познати личности небитно дали се историски вакви или онакви мислам ептен фали тоа . Прост пример знам дека е различна категорија ама имаме тема за Сури Круз немаме за БИТНИ личности. Ако може да ни се отвори тема во Спорт за смешни спортски моменти . Зошто мал е бројот на форумов кои се обољени со спорт особено фудбал да не пречиме на другите . Попрегледно би било за нас .
Аабе, не дека ми смета мене, него да си прашам. Зошто се замарате до толку со ,,Сакам да прашам,, па што офтопици може да има во таква тема ?? Нека си прашуваат слободно луѓето. Ако на пример, во тема Фејсбук, се прашува и се пишува мислење општо за фејсбук, мислам дека многу ќе биде непрегледно. Арна си беше темата, а и сите одевме таму кога имаше потреба од некој итен одговор. Непотребно си отежнувате, според мене. Како си сакате, пак ќе речам, немам ништо против, работа на модераторите си е тоа. Доколку намерата е ,,оживување,, на некои теми, нема да се оживее темата за фејсбук ако некој праша зошто акаунтот му е недостапен.
Во врска со СДП. Да, се прашува секакви прашања, дури и такви за кои има посебна тема. И јас понекогаш прашувам во СДП знаејќи дека има тема за нештото што го прашувам (не викам за прашување на работи кои веќе ги има напишано во рандом темата). Така е поефективно кога треба нештото да го дознаеш побрзо, оти СДП и воопшто Кафе-муабети категоријата е доста читана, и во секој момент ќе се најде некој/а што би можел/а да помогне. А вака, ќе прашам во соодветната тема, а одговор или ќе добијам за два три дена, или воопшто нема да добијам.