Незнам дали имало досега оваков предлог но нејсе јас да си кажам за ова... Ставете опција НЕ МИ СЕ ДОПАЃА (нормално се мисли на постот) се чудам до сега како може тоа да го нема или може вие мене ме чекавте да ви кажам
Не верувам дека ќе има некој што ќе го употреби,зошто имаме со репликата кажуваш дека не ти се допаѓа,и зошто не ти се допаѓа. А само да кликаш не ми се допаѓа,не оди работата. Ќе се појават пак јазови меѓу нас. Еј види оваа ми кликнала, еј види колку дислајкови имам и слично. А баш и нема да ни е гајле дека нешто на некому не се допаѓа. Ако не,ете реплицирај,кажи зошто,изјасни се. Со едно не ми се допаѓа ништо не се решава.
Не, „Не ми се допаѓа“ не доаѓа во предвид, според мене. Толку кавги настанаа поради „Ми се допаѓа“, а камо ли да има и „Не ми се допаѓа“. Ноу, ноу.
извини али на оваа тема нема место за вакви реплики, едноставно има кој треба да одлучи за тоа, наше е да предложиме @MacaLove а гајле ти е ако на некого нешто му се допаѓа, не е ова исто???
Извини,ама ми се допаѓа е ставено како замена за фала многу, добро, ова она,такви ситници,корисни мислења.
а ова по твоја логика ли е фала многу? не си тачна ме изнасмеа..сепак стојам на тоа дека НЕ МИ СЕ ДОПАЃА ке биде корисно, многу пати ке сретнеме постови во кои сакаме да искритикуваме некого али тоа некој друг го направил пред нас и за да не реплицираме и да не се повторуваме безпотребно у стилот лелел истото и јас го мислам бла бла бла ова ке заврши работа а за да нема препукувања може да биде анонимно ова не ми се допаѓај
Копче не ми се допаѓа е излишно и ќе ствара само повеќе расправии. Нормално ако не ти се допаѓа нечиј пост не кликаш ми се допаѓа, туку образложуваш кои се причините што не се согласуваш со нечиј пост. Па ајде за се да ставиме копчиња и не мора да има никаква дискусија, ќе кликаме само.
Ја добив оваа идеа од Ким Темите кои ке имаат многу оф -топици на крајот на секој месец да бидат заклучени! Кога ке се исчистат од оф-топици потоа можат да бидат отклучени
ИЛИ наместо да пишеш нов пост каде што ке викаш " каде бе со тој памет глупачо една кој бранко ,грујо која коза тамо ти си нашла да ми солиш памет тука " Kе кликнеш на опција мавни и шамар и ке искликаш неколку пати да и стане црвен профилот , после злото во тебе ке исчезне и сите се срекни (само ти ке го гледаш они нема) why ...you... no... take ...this idea ?!??!
Еден предлог од мене. Да се преименува темата Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија. Насловот има многу чудна конструкција... Може на пример да биде - Последен филм што го гледав (со кратка рецензија).
Кога сме веќе кај невообичаените наслови, мене овој ми е некако чуден: Каде да си купам?... Па и на попуст плус
Јас имам една идеја. Да се направи како некоја опција - табела каде што ќе бидат наредени сите форумџики а до нив темата која што им е отворена во моментот. Може тоа да не биде како вид на табела, туку на профилот на форумџиката да има: Тема што моментално се разгледува: -... И може да има опција Search и доколку јас сакам да видам на пр. што Трендафилка или Пирамидка разгледува и чита во моментов да ми покаже. Или пак за секоја тема да има кој во моментот ја разгледува.