Не знам за смајлито што се крсти- ама ако се воведе тогаш треба и ова поекстремното што во превод значи- пиши пропало т.е. нема веќе надеж
Се надева дека ќе имаме нови емотикони во брзо време, тоа фали да, се согласувам. :up: А за некој што пиша за табелата да се гледа кој која тема ја разгледува па има таква опција, само што тоа не го пишува на профилот туку под самата тема. Моментално ја разгледуваат: ______________________________-(кориснички онлјан имиња)
Јас сум за да стигнува некакво известување кога некој ќе те цитира, некогаш дури по неколку дена приметувам дека некој ме цитирал и на пр. прашува нешто.
God да го bless пребарувачот абе има таква опција . Горе лево кај што ви пишува пребарувај го форумот пиши го твоето кориснико име се излегува . Пишува пронајдени резултати кој ве цитирал и кога , супер си е . Само пишувајте и со Македонска подршка и со оригиналното кориснико име пробајте еднаш вака другпат така ќе ви излезат не само кој ве цитирал туку и кој ве спомнал во пост . Во превод нема шанси нешто да пропуштите ... Нема на што повелете и друг пат .
Неколку дупли теми vrski/posle-5-god-vrska-veke-nisto-ne-custvuvam-za-nego-t1000/ vrski/ljubov-vs-navika-t1528/ vrski/dodvoruvanje-t1378/ vrski/dodvoruvanjeto-nekogas-i-sega-t3984/
vrski/kolku-vi-e-pametno-da-se-seksate-so-bivsiot-t4129/#p274681 seks/seks-so-bivsiot-ili-ne-t154/?hilit=%D1%81%D0%B5%D0%BA%D1%81%20%D0%B1%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%D0%B2%D1%88 vrski/otvorena-vrska-t2095/ vrski/sto-mislite-za-otvorenite-vrski-t482/
Јас предлагам една тема „Мрчење“ и таму нека се испоколат сите... И ставете и два пати да може ЛАЈК во таа тема да се стисне ... A за лајкот сеа сериозно, може да се направи да се гледаат само нашите лајкови, пример под моето мислење само јас да ги гледам лајковите... А нека си има бројач на лајковите, ама да не се гледа кој каде што колку стиснал. Секој корисник само за себе да може да си види! Којзнае како објаснив, ама замислата ми е добра Пример: Под мислењето да стои, толку и толку луѓе го сакаат ова, а да не може да се види кои луѓе!!
^^ ^ Но видете, лошите реакции на опцијата „Ми се допаѓа“ не говорат лошо за неа како опција, туку дека некои работи на форумов се сфаќаат пресериозно. Just saying...
Поради тоа што Критики и забелешки е одамна заклучена тема, како и многу други на форумов, ќе дадам неколку предлози и идеи за сајтов. 1. Да се отвори Сакам да прашам под итно, мислам толку практична и потребна тема да е заклучена е срамота, а истово кога го пишав во СДК бев избришана. 2. Во однос на првото, прво да се врати и темата Сакам да кажам... и да продолжиме да си пишуваме во неа, а не во нована шугава со грд наслов [СДК] Сакам да кажам... што ми се гади кога ќе ја видам листајќи во форумов, одбивна ми е, бледа, глупа копија далеку од оригиналот, мрзам дупликати. 3. Да престане бришењето било какви мислења од Кафе муабети, особено од Сакам да кажам... зошто буквално во темата колку е се офф-топик, толку ништо всушност и не е! Кој што сака, кога сака, колку сака ќе си пишува конкретно еве во темата Сакам да кажам... зошто бев скоро избришана зошто напишав СДК дека СДП дали работи некој маркет на празникот. Не ме вадете од такт, лоша и кукавичка одбрана имате со бришење мислења, тоа не е решение, по не знам кој пат ви се укажува и вие пак. Ако е некој модератор не значи дека е тиранин на форумов па да го брише сето што не му се допаѓа, прифатете критика, аман! А што, форумов совршен да не ќе биде ако се оградувате од сите критики?! Баш напротив! И за крај како резиме, предлагам, ама стварно топло ви препорачувам да ги отклучите многуте заклучени, а потребни теми, да престанете да отварате дупликати на веќе постоечки но нели наводно непрегледни теми (мислам што има да е прегледно во Сакам да кажам?! Ова на Вајлд.Чајлд се однесува. Кој што сака ќе пишува, секој ќе си го каже своето во СДК и готово! Глупости!), да бришете најнормални мислења кои воопшто не се офф-топик и да научите да прифаќате критика. Ако не, отстапете од местото модератор, можеби ќе се најде некој што многу подобро ја извршува таа работа, или подобро помалку, а покорисни и пофер модератори, отколку вака. Поздрав.
Ако некое мислење е избришано, значи е против правилата.Би било добро секогаш пред да се одговори на една тема, мислењето кое сте го напишале да се препрочита и тогаш да се одговори на темата.
Јас имам проблем со прикачувањето слики Секогаш морам да им ја намалувам тежината, затоа што дозволена е 2mb, а моите се повеќе од 3. Па еве предлог од мене, ако може да се овозможи прикачување на слики со поголема тежина.
Можеби мислењево би било оф-топик на темава, ама разгледувајќи ги околностите немам услови каде да го напишам. (темата за Критики и забелешки е заклучена, а во СДК не сакам да мрчам и тролам така да мислам дека ова би било делумно најсоодветно место за моето прашање...) Да напоменам прво - со мислењево не насочувам и посочувам никоја модераторка, ниту имам лично против некоја од нив, говорам општо... Колку време се расчистуваат оф-топици од една тема? Јес да и модераторките се луѓе како нас и имаат личен живот за кој треба да се крижат и не им е задолжение 24/7 да бидат присутни тука и постојано да работат нешто, ама искрено пола месец некако многу ми се чини една актуелна тема како што е Сакам да прашам да биде заклучена. Ајде ќе разберам, можеби има многу оф-топици и треба подолго време да се расчисти, ете месец-два, ама зошто тогаш не прифаќате нова тема под име СДП која ќе биде за извесен период, во ваква вонредна ситуација, па потоа кога првата ќе се отвори - мислењата да се префрлат? Ете гледам некоја членка отворила нова, (се надевам и претпоставувам) со цел да олесни за прашањата да не бидат раштракани насекаде низ форумов - особено во СДК - додека првава е заклучена, таа да се користи... но кога гледам - заклучена и таа... и сеа...? Ете за некое прашање можеби има соодветна тема за дискусија, па може да се постави таму, ама што ако нема... и после се лутиме што има масовно отварање на нови безвезни теми, епа не бива! Свесна сум дека ова мислење е оф-топик и дека големи се шансите да биде избришано, но ете, сакав да го поставам прашањево и сакав одговор. Доколку се избрише прашањево би сакала некој предтоа да се потруди да ми го разјасни ова - за мене не јасно - и да ми одговори, би била многу благодарна. Ништо лично, ништо против. Поздрав и благодарам уште еднаш!
Знаете ли колку различни теми има помешано во Сакам да прашам? Колку мислења што треба да се сместат во соодветната тема, колку прашања, колку нови теми да се отворат, темата нема 100 страници, темата има над 3000. 3000 страни не се малку. 3000 страни во кои има се и свашта. Таа тема треба да биде за кратки прашања, за прашања на кои не може да се развие дискусија, туку се одговара кратко и јасно. А во темата има разврзано дискусии за ова или за она, не се гледа да се отвори нова тема, па да биде попрегледно. Е затоа е заклучена темата. Сега да ја отвориме пак ќе биде исто, па пак нема да може да ја расчистиме бидејќи пак ќе биде полна со истото. И место нон-стоп да прашувате, читнете нешто по другите теми, како и вие кога сте сакала да прашате ви требало одговор, така и на некој друг му треба, ама си прашал во соодветната тема. И за секоја поголема одлука на форумов стои целиот модераторски тим, а не поединец.
Јас ќе кажам тука нешто, да ја надополнам Rainbow. Сите теми кои имаат премногу страни го оневозможуваат функционирањето на форумов, може да предизвикаат технички проблеми, т.е да не ја отвора воопшто таа тема или страница, па мора да бидат заклучени, и нормално, се отвораат нови теми - продолженија. Тоа е практика на сите форуми, Фемина не е исклучок. Не знам зошто би ви пречело тоа, СДК е повторно тука, а СДП не е воопшто потребна кога веќе има теми за скоро се' што би можело да ве интересира.
Постојат прашања за кои нема теми. И за кои не би требало да има теми. Е тие прашања сега нема каде да се поставуваат па ќе прават оф топик мислења секако во СДК. А да бидиме искрени во СДП нема шанси некој да не го види прашањето, а во другите теми ќе остани незаприметено, затоа што не пишиме ние секој ден во темата Фејсбук на пример. И да прашам јас во соодветната тема, со новите мислења од поактуелните теми нема да се види моето мислење и за џабе сум прашувала. Па после ќе пишувам во СДК оф топик за да го видат сите и така само повеќе работа за вас и повеќе кавги на форумот. И како тоа сега му текна на модераторскиот тим да се заклучи темата ? После 3000 страни ? Зошто на пример дури се правеа тие оф топик мислења не ги преместувавте ? И зошто досега на никој не му сметаше таа тема, а сега неднаш е една од темите кои најмногу му штетат на форумот ? Темата Критики и забелешки е затворена. Принудени сме во оваа тема да правиме оф топици. Во Форумски игри има мислења кои лично мене ужасно ме иритираат посебно во темата „Што би и кажале на форумџивката над вас“. Сите сме пишале таму некогаш и сме биле оф топик. Зошто? Затоа што темата слободно можи да се преименува во „Чет“ повеќето си прават муабет таму исто како да се на чет. Таква беше и темата на „Два-три реда муабет“ и тоа беше причината што се заклучи. Никогаш не сум видела опомена во темата што ја спомнав погоре, а навистина не е во ред да се читаат муабети на две форумџивки. Па нели не е ова фб. A заборавив да напоменам дека има теми и за „Како го поминавте денот“, „Испукајте се“, „Цитати, извадоци“, „Што јадевте денес“, „Фемина колумна“, „Омилена песна“, „Што слушавте во моментов“ итн итн итн а во СДК секој ден има постови во кои се раскажува како сме го поминале денот, дека ја слушаме моментално омилената песна, па нормално ги има и постовите кои би требало да стојат во испукајте се, има и постови во кои се раскажува што сме јаделе или што јадиме, има постови кои личат на колумни па ајде тогаш заклучете ја и СДК која е една од најубавите теми. По таа ваша логика и СДК е крајно непотребна, затоа што нели има посебни теми за се.
Епа зошто ? Тоа и јас прашувам. Зошто во форумски игри никогаш не фрчат опомени за милион оф топици ? Зошто не им кажите дека постои чет ?