Сме кажале, сме опоменувале, ама толку се почитува. Исто кажавме и за СДП, прашањата за кои има тема да се постават таму, ама џабе беше. И за игрите е исто. И потоа се прашувате зашто е ставен клучот.
Јас имам еден предлог. Тоа што вика дека се преголеми сликите што ги прикачувам нека престане да вика, пошто мачно е да ја намалувам секоја слика Извинете на офф, али морав да ве прашам Иако сте свесни дека повторно ќе се поставуваат прашања во СДП, а веќе има постоечка тема за тоа прашање зашто тогаш се мачите да ги преместувате прашања во соодветните теми? П.С. Ви треба поголем модераторски тим за да постигнете се, и гледајте побрзо да ја отклучите СДП
Добро навистина ве сфаќам и за сдк и за сдп и за сите останати оф топици. Не е лесно да си мдоератор и сите тие работи. Само признајте дека СДП беше една квалитетна и многу корисна тема која немаше потреба да се заклучи или ако проблемот беше во многуте страници тогаш нека се отвори нова. Мислам дека само вие си отворивте поголема работа и си правите повеќе проблеми, оти ние посекако ќе прашуваме, без разлика дали тоа ќе биди во соодветна тема или не. И ако навистина прифаќате критики ( а не прифаќате ) отворете ја темата „Критики и забелешки“. За да не бришите оф топици и од оваа тема. Поздрав.
Администраторката ја заклучи Критики и забелешки, па ќе оставиме и на неа да ја отклучи. А СДП ќе ја расчистуваме бидејќи сакаме форумов да биде попрегледен, сакаме да се развива, да има нови теми. Работиме на форумот бидејќи го сакаме, затоа сме за нафатиле да бидеме модератори, а не од инат и за инат на некои членки, што е прилично бесмислено А само со мрчење на секоја можна работа не се добива ништо, го уназадува форумот и создава тензија(со чест на исклучоци кои знаат да дадат и конструктивна критика). Кога ќе ја средиме СДП, или ќе се отвори нова, од ново ќе се почне и ќе си ја оддржуваме прегледна, или старата ќе ја отвориме, но ќе важат некои правила.
Ете конечно некој да сфати што сакав да кажам во однос на СДП. Кога ќе се отвори новата тема оф топиците уште веднаш префрлувајте ги, за да не мора еден месец да биди заклучена. Иако пак ќе кажам од една страна сфаќам дека сакате да се развиваат дискусии на сите теми, но по таа логика во СДК нема пост што е баш за таму, ама ајде.
Е па да ја заклучиме и СДК тогаш? На иницијатива на членовите, ќе ја заклучиме, бидејќи многу постови се таму ставени кои што не треба да бидат.
Нејтири, треба разбирање и согласност од двете страни околу тоа. Зошто? Затоа што не е возможно да ги преместуваме сите мислења од СДП во соодветните теми кога ќе се отвори бидејќи тоа може да го прави само Реинбоу, и јас и Вајлд кои сме ограничени со категориите. А СДП се полнеше со минимум 10 страници на ден. Значи СДП се злоупотребува и не се користи само за кратки прашања за кои нема тема. И повторно сме така во круг. А неколку пати сме опоменале да се прашува во соодветните теми, а ништо не сме постигнале.
Еве вака ќе се обидам да ти одговорам иако Реинбоу скоро одговори на се. Вака значи дека постојат прашања за кои нема теми и не треба да има теми постојат за тоа си во право, и баш поради такви прашања е најпотребна таква тема од типот на сакам да прашам. Е сега за другото кај што те имам болдирано во цитираното, зошто викаш дека прашањето ќе ти биде незаприметено? Ако сакаш ти да добиеш квалитетен одговор ќе почекаш па сигурно ќе добиеш некаков одговор, да се разбереме имало и прашања кои и во СДП не добивале одговор.(лично јас имам по 2 пати препрашувано) безразлика дали се работело за незнаење да се одговори или сметале дека не е потребно да се даде одговор нема врска, ама и таму имало чекање на одговор така? Имаше и едни исти одговори за на пример на едно најобично прашање ќе земам пример Што да носам денес? Ова прашање заслужува поголемо внимание и побрз одговор од некој што сака да праша како да излекува црнка на лице или го интересира што да прави со флеките на алиштата? Епа не заслужува, и тоа беше најголем проблем (водени од фактот дека прашањето ќе ви биде побрзо видено и ќе добиете побрз одговор) скоро сите прашуваа во таа тема и покрај тоа што си постојат соодветни теми. Епа не може модератор да стои деноноќно да бдее над темата и да префрла мислења низ темите и категориите, кога многу пати претходно било напоменето за прашања кои имале соодветна тема да се поставуваат во истата. Не знам што не е јасно овде, неспориме дека не е потребна тема како СДП, ама во моментов не е толку важно да биде одклучена (пак ќе кажам ако на нешто ти е потребен многу брз одговор и треба да донесеш итна одлука нема да дремиш на форум и да чекаш одговор еден саат така?) Скоро за секое прашање може да се најде одговор низ темите и без да прашате зошто е дискутирано или веќе некој претходно прашал. И ова сакав да го кажам во врска со напредното пребарување(корисно е и во овој аспект, не само за да видиш кој те цитирал) Ако нешто ве интересира, а незнаете во која тема да прашате пишете го клучниот збор во напредното пребарување и ќе ви излезат сите теми и постови во врска со тоа, па можда и одговорот што го барате е некаде напишан. Никому не му сметаше темата, освен на самиот форум и ете како што пишала Анат на брзината на форумот веројатно од технички аспект(овде не се разбирам многу). И темата имаше 3000 страници, стануваше се понепрегледна, и да сакаш да најдеш некое прашање што било прашано ќе ти одземе многу време пребарувајќи, па затоа е и зкалучена за да се донесе решение што поната со неа во меѓувреме додека се расчитува од оф-топици. Мислам дека сега нема ништо нејасно. Темата не е заклучена од ќеиф на никого, нити е заклучена зошто некој е против некого, значи не мешаме теми со форумџики како баби и жаби тоа е . Не значи ако некоја тема се заклучи(во конкретен случај ако темата е дупла) модераторот е против или има нешто против креаторот на темата, едноставно темата не е потребна и мислењето си стои во постоечката тема. Сега мислам дека некои работи се појасни.
Луѓе бе. Е да предложам јас нешто, може? Може. Прво, “Кафе муабети“ категоријава може ли да се премести од „Женски форум Фемина“ во „Забава“? Мислам дека сфативте зошто. Најчитани се темите/категориите што се најгоре (Со исклучок на категоријата „Форумски игри“). Факт. Ако не трајно, барем додека не се расчистат офтопиците од заклучените теми. И друго, ако веќе се бришат офтопици од теми, во „Убавина и мода“ има некои теми од по 100 и кусур страни. Пример, темата „Како до чисто лице“. И си мислиш „еејј, види колку корисни совети имам овде, гарант ќе најдам нешто“. И почнуваш од прва страна, и првите 20тина страници, океј; после, на 70 страни се испишани истите совети, по едно 10тина пати;останатите 10 страни се со коментари од типот „лелеее, не знам што да правам, кажувајте нешто што би можело да помогне“. И не е само оваа тема, слична приказна е и во темата “како до поголема коса“, и уште некои други, не ми текнува кои беа. Во „Другата наука“ пола од темите се „Астрологијата и .........“, и здола во 80% од коментарите цитиран е хороскопскиот знак и напишано „точно“ „даааа, стварноооо, вистинааа“ или пак „ха, нема врска, не сме ние такви“. Јас предлагам тие теми да се заклучат, зошто нели, веќе е очигледно, не поттикнуваат никаква дискусија. Мислам дека вреди да се размисли за ова.
Виножитке не ме сфаќај погрешно, не реков да ја заклучите само се обидувам да ви објаснам што сакам да кажам за да не ме сфатите како што не треба, ама очигледно не можам и ете пак сум сфатена погрешно. Лукс благодарам на исцрпниот одговор, сето тоа јас го разбирам, пребарувањето го користам. Погоре ги кажав и јас и некои други форумџивки, а и ти самата зошто сдп наместо др теми. За тоа дека темите се заклучени поради тоа што модераторите имаат против форумџивката која ги отворила никогаш тоа не ми паднало на памет, барем мене. Поздрав од мене. Не ми оодговарајте веќе. Мислам се разбравме, а и да не се разбравме веќе се напишаа доволно страни, нема потреба да ја полниме темата.
Еве јас пробав да направам како што викаш и ми вика Не се пронајдени резултати...а досега ме имаат цитирано
Овие две теми ако може малку да се средат. И во двете има постирано слики од домашните миленици. Ако не друго нека се спојат во една или што знам. dom/domasni-milenicinja-t306/ dom/sliki-od-vasite-milenicinja-t8478/
Подобро е да си стојат посебно темите, а и самите членови треба да ги разграничат. Сликите да се постираат само во едната тема, а во другата само да се дискутира за домашните миленичиња, така е многу попрегледно.
Да тоа во ред, но секако подобро би било сликите што се постирани во темата „домашни миленичиња“ да се префрлат во другата. Во „домашни миленичиња“ ќе си останат само коментарите а во другата ќе бидат само сликите.
Чекав да се склучи примирје на темава ... Имам неколку предлози кои се надевам бар дел ќе се прифатат да биде поубаво . Темава serii-i-emisii/stand-up-comedy-with-marjan-gjorgievski-t9015/ Ако може да се промени само во Стенд уп без Марјан зошто има уште многу комичари кои заслужуваат да бидат спомнати и кои вредат . Ако евентуално отворам нова тема би биле исти уставри така да ако нее проблем да гласи само Стенд ап па да постираме од повеќе . Дали може да ги нема ваквите теми ? kanta/fejsbok-t3336 Ако би можело овие теми да се спојат Најубав , најхарзматичен. Знам не е исто потполно ама ако се погледне во коментарите за Харизматичните 99 % гледаат на Убавина така што исто би му дошло... politika-i-nastani/najubav-politicar-t6 politika-i-nastani/harizmaticni-politicari-t3086/110.ht Оваа тема мислам има посебна за тоа во кафе муабети е сега kafe-muabeti/gurko-t5869/ И оваа според мене не и е местото во кафе муабети forum.femina.mk/kafe-muabeti/kako-da-go-iznenadite-partnerot-za-novogodisnata-nok-t4490/ И оваа тема е дупла , forum.femina.mk/slobodno-vreme/sportska-prognoza-t1159/ За оваа тема има посебна категорија ... forum.femina.mk/slobodno-vreme/kade-na-zimuvanje-t4943/