Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Предлози:
    Да може да користиме повеќе од 0 смајлиња во пост (ова од одамна се предложува ама никако да биде).
    Да може да прикачуваме повеќе од 5 линкови и слики во пост.
    И да се освежат игрите (зборувам за тие горе што се до четот) па да можам некој трофеј да си освојам. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    [СДК] Сакам да кажам...

    А дали имаше некаков ефект врз другите теми по затварањето на СДП, дали повеќе се пишуваше или се отвараа нови?
    Јасен е одговорот нели :)

    И стварно не знам кој ти е филмот Реин бидејќи сигурно другите модераторки не се до толку инаетливи и плус ти си администраторот- твој е последниот збор, а Билката ја нема веќе 2 недели да се логира (тоа го знам затоа што и пишав ЛП и уште ми се испраѓа) па очигледно е дека ова е твое самоволие.
    Само не ми е јасно зошто не сфатиш дека тоа е темата- сакаме да си прашаме, и нема таму офф, нема бидејќи тој и е насловот.

    А предлози и критики не е исто ;)
     
    На Meggy, Rozich, Plavusa.17 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    [СДК] Сакам да кажам...

    Добро Виножитке, не сфаќај се лично, значи јас пишувам за целиот тим кој го води форумов, а и повеќето верувам, само затварањето на критики и забелешки беше баш такво какво што го опишав, и веќе не се отвори.
    Па дај имајте слух, значи овде не ти се обраќам како на форумџика (како форумски лик секогаш сум те почитувала, така да нема потреба од лична релација во овој контекст), туку се обраќам на оние што го креираат форумот, комплет, како тим, не може да не игнорирате нас, и она што го бараме, не можете да затварате тема во која кажувавме што ни смета, не може да се воведува ,,полициски ред,, , затоа што ова е форум, слободен, на кој секој доброволно остава дел од своето време, и сметам дека ако секојдневно секаде, на работа, во институции, општо во државава, во животов, мораме да наведнеме глава, и да ќутиме, да не приговараме, и да не се изразуваме слободно, дека тука треба да можеме, и верувам дека повеќето за тоа и сме тука. како што кажав, ако и форумов стане паралелен свет на реалниот, со толку правила, ограничувања, што мајка бараме тука. О.к е да има ред, треба да има, ама не и вакво замолчување, како што се направи со неколку пати споментата тема (критики и забелешки, за која и немаше причина да биде затворена, и никогаш не образложивте зошто е тоа така, туку не игнорирате).
    Исто СДП, да, прашувавме се и сешто, затоа што ни требаше одговор итно, а во другите теми се случува и по месец никој да не одговори, е сега, ако нешто е толку корисно како таа тема мислам дека може да се прогледа низ прсти.
    Не е работата дека со затварање на било која тема ќе заживее форумов, туку овие ограничувања и тоа што правите да се чувствуваме небитни тука, не удостојувајќи не се одговор, и не заушувајќи го нашите желби и барања, зад кои стојат многу членки, го умртвувате форумот.
    Факт е дека е мртво на форумот, се вртат истите и истите членки, чат пат некоја нова, а се повеќе си се повлекуваат.
    Епа никој не сака и тука да биде третиран како во реалниот свет.
    И да, и јас не би да ја полнам темава со оф топици, ама еве префрлете ми го мислењево во соодветна тема, па да продолжиме таму, а не сега да го избришете, и толку.
     
    На FortuneTeller.xD, Doozy, Meggy и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Мислам дека ова ти беше навистина многу арогантно и онака talk to my hand style. Демек вие зборувајте си што сакате, јас ќе си правам што сакам а вас - кој ве чешла.
    Епа дај малку Рејнбоу покажи повеќе разбирање за конструктивни критики. Не се сеќавам Билката некогаш вака да одговарала - со чуство на надреденост некое си или не знам како да го наречам. У секој случај неубаво.

    Како прво и основно немаше веќе да реагирам затоа што одамна дигнав раце од тоа мојата критика или забелешка да биде сфатена објективно и конструктивно и како што треба, наместо тоа дали јас или другите форумџики наидуваме на еден вид на препирање и контрање. А зошто? Не разбирам. Даваме предлози и не го сфаќајте тоа лично, побогу никој вас не ве напаѓа врз лична основа. Ниту имам нешто против тебе, најмалку против Ким, Анат, Ариел или не знам останатите модераторки.
    Знаеш ли Рејнбоу конструктивно да прифаќаш критики и предлози или не знаеш?

    Не сакам да рипам као учениче иако можеби така изгледам моментално ама морам да кажам дека Енца и останатите девојки кои одамна се бунат се во право. Значи не е возможно белким сите тука да бладаме и да зборуваме глупости а секогаш ти/вие да си во право. Барем малку да видиме снага дека навистина имате желба да се реши „проблемов“ со СДП. Гледате дека ни е потребна таа тема? Гледате. Гледате дека НЕ живнаа другите теми? НЕ живнаа.

    И немој сега да ми речеш дека една СДП до толку го уништи цел форум. Ма нема шанси, гледаме сите што се случува.
    Од технички аспект можам да разберам дека темата е еден вид на терет на форумот, но ете, има нова СДК не може ли да има нова СДП?

    Не знам. Со ризик повторно да бидам сфатена најпогрешно што можам - јас сум секогаш искрена и отворена за дебата и си го кажувам она што си го мислам. Во случајов си мислам дека СДП фали, и дека кога помалку лично би ги сфаќале критиките и забелешките, а поконструктивно би се обработувале истите на начин „ајде да најдеме заедничко решение“ а не „колку само да се кажело нешто“, форумов би живнал многу повеќе отколку што си мислите.

    Благодарам на вниманието и се надевам дека наскоро ќе се најде решение за општо задоволство на сите присутни и отсутни :)
     
    На FortuneTeller.xD, Meggy, tinkerbelll и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    А зошто едноставно дур е заклучена СДП да не се отвори нова таква тема,па кога ќе завршите со расчистување на првата да ги споите?
    Kога веќе толку сте запнале да ја чешлате..

    Не ми е јасно зошто сакате да убедите стотици феминки дека темата СДП не е потребна и не е битна,наспроти вас 15 максимум? :^)
     
    На tinkerbelll, Rozich, Plavusa.17 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Што значи тоа да се прифатат критиките и забелешките? Да се прави како што им одговара на форумџиките? Јас мислам дека тука го имаат главниот збор админите а модераторите само извршуваат...И билката можеби не одговарала арогантно, но кога таа ќе каже нешто тогаш ок е, и сите молчите, а на модераторите им се качувате буквално на глава...Стопати е кажано зошто е затворена сдп и упорно сте се фанале за неа додека...што? Не ја отворат? Види мајката, затоа што вие така сакате...Има тука кој да кажува за отварање и затварање на теми, и колку што знам милион пати е културно објаснето, а тоа дали нивната идеја за заживување на темите ќе успее или не, ќе видиме...Се понашате како мали деца, демек Реинбоу и модераторите за ваш инат не ја отвараат...Стварно мислите дека сте толку битен фактор?
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Па нормално дека треба да биде како ние што сакаме, кој го прави форумот?! :^)
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Тука не има многу, и сите сакаме форумот да ни е по наш вкус...Нека се дадат и критики и забелешки и предлози, но нема да биде се прифатено, што е најнормално, а конкретно за сдп ја отупевте веќе...
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Овдека повеќе од 10 смајлиња мислев, ама само 0 ми испаднало. :D
    Инаку и јас сум за отварање на СДП, веќе цел месец офтопици се чистат (во старите постови нема толку, и да има не ми се верува дека некој ќе бара во првите страни за одговор) или пак да се отвори привремено нова како СДК.
    А иначе СДК само се чисти или е заклучена скроз, оваа новава мутава ми е.
     
  10. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Извини вака ама КОЈ е битен фактор ако не членовите на еден форум ? Кој го прави форумот ? Администраторите и модераторите ? И тие се најбитен фактор ? Епа ако е така ај да ги оставиме нека си отвораат теми и нека си дискутираат сами неколку души. Ај ве молам барем гледајте што пишувате и размислувајте пред да напишите нешто.
     
    На Meggy, crazylady, WhiteAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    'Битен фактор' ми беше кажано за друго, и ти да читаш пред да одговориш...И не се сите ЗА да се отвори сдп, и не секој мисли дека владее диктатура тука, и не секој мисли дека ако е член тука треба да менува правила...Си кажавте за сдп, предложивте, побаравте...од каде тие ваши проценки кога точно треба да се отвори, дали месец дена е многу, малку, дали на сите ни фали или не? И што ако воопшто не се отвори? Ќе пишувате до крај? Ќе се откажете од форумот? Аман.
     
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    ^^

    Скорпионке никогаш повеќе од сега не сум посакала да постои дислајк ...
    Ако ти се знаеш ние глупиве имаме потреба да прашаме ;) .
    Да не беше нападната МОДЕРАТОРКА глава давам дека баш немаше уво да те боли :) . Одамна давав критики и забелешки со надеж дека нешто ќе се смени ама од сега и официјално кревам раце . Гледам колку аир од нашите критики и забелешки има ...
    Прашањето кое ми беше избришано знаете сите во критики и забелешки до ден денешен модераторот не ме удостои со одговор зошто го избришал . Затоа што најверојатно немаше оправдување :^) .
    Ако некој треба да спроведе ред тоа се глобалните модератори кои рака на срце ги знаеме по само розовата боја на корисничките имиња.
    Најмногу се изнервирав кога Реин сама си кажа призна дека нема ни во план да се отвори СДП .
    Пример ме интересира дали денеска што знам работи Бит пазар треба да отворам тема за Бит пазар ? Дека е прекупотребна точно , дека сме задња рупа на свирало многу поточно .
    Страна поназад дадов предлози за дупли теми , оф топици НАЈДОБРОНАМЕРНО ама ништо од тоа ,а да пишеш еден оф топик во некоја тема одма скокаат ...
    Критики и забелешки се затвори од како почнаа револт и незадоволство на форумџиите , не можеа да постигнат , и да не замолчат па што има полесно од КЛУЧ !!!
    Треба да се додаде нешто ? ! ;) :wasntme:

    Ако се продолжи со РЕЖИМОВ ве уверувам дека полека но сигурно ќе се намалуваме ... Па после опет тажачки по квалитетни форумски ликови ..
     
    На FortuneTeller.xD, Meggy, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    А за што ти беше кажано „битен фактор“ ? И баш дека читам пред да одговорам затоа и ти реплицирав. А ти не читаш бидејќи ако прочиташе ќе видеше дека никаде јас не сум напишала дека владее диктатура. Каде го виде тој збор во моите постови ? Во право си дека не ни фали на сите СДП. Има на форумот стотици теми кои ете јас лично не сум ги отворила воопшто и сите нив да ги снема мене воопшто нема да ми фалат, ама можеби тебе ќе ти фалат. Не сме сами овде, треба да мислиме и на другите. Ако на некој му фали, ако му фали на повеќе, тогаш нека се бунат, нека си пишуваат затоа е и темата тука. А за откажувањето од форумот, сведоци сме дека се помалку има активни членови, дека речиси секој ден членови што биле активни и што пишувале квалитетни и корисни мислења се откажуваат од форумот баш поради ситници од кои се прават поголеми работи. Ќе те замолам ако сакаш да ми реплицираш повторно да не го правиме тоа во темава оти ќе бидиме оф топик.
    E и тоа сакав да пишам. Тимот на форумот е многу загрижен за СДП па реплицираат само на мсилењата поврзани со таа тема, а на Венди не и одговорија за дуплите теми и оф топици.
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Венди
    Има копче 'не ми се допаѓа'...Прво стискаш ми се допаѓа па после ти се појавува-не ми се допаѓа ;)
    Многу си грешка ако мислиш дека се уклучив во дискусија за да бранам модераторка, туку досадни сте веќе со сдп, и повеќе од очигледно е дека ќе ја отворат кога тие ќе одлучат дека треба...Чему нервоза? А за останатото никој не вели дека не треба да се бунтувате...Ама од сдп ја терате до крај...Јас почнав да пишувам за сдп вие сите маките почнавте да си ги кажувате со офтопици, дупли теми, кога ве изигнорирале, кога не ве удостоиле со одговор...Не сум јас нивен портпарол...
    Нејтири
    'Битен фактор'-мислев на тоа дека сигурно некој модератор нема да се заинаети да не отвори тема затоа што некои форумџики го побарале тоа...Ко јас да се умислувам дека не се отвара сдп оти јас-битен-фактор- го барам тоа, па сега за мој инает...Јасно е сега? Ме замолуваш да не ти реплицирам овде? Не се секирај има модератори кои се за тоа, ако треба ќе не избришат...Секој нека си го гледа своето место...
    И за крај, пошто муабетот ми беше само и само за сдп, не за општата состојба на форумот, а и темата е предлози и идеи, предложувам што подолго да е заклучена сдп...Ви благодарам
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Аман веќе со офтопици, заклучени теми и остали бунтувања. Форумот заличе на парламент |-) и на се друго освен на пријатно катче. Дај направете некој компромис и сите среќни и задоволни да бидат.
     
    На crazylady и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Точно, отупевме со СДП! Досадни сме! Многу бараме!!!
    Се е тоа точно!
    Но, не смееме ништо да сакаме, не смееме ништо да бараме???
    Ние не сме ништо на форумов??
    Нашето мислење се смета само кога на некого му треба совет, а кога имаме предлог/идеја/критика рецка не ни се става??
    Така е, нели??
    Ќе ја цитирам Хипица со своето воведно мислење во темата Сакам да прашам...?
    Значи, тоа што не знаеме да го кажеме, можеме да го прашаме!!
    И кои се тука проклетите офф-топици???????????
    Зарем навистина некој ќе седне да прелистува 3000 и кусур страници за да најде некое прашање кое можеби е веќе поставено, а можеби не е, само за да не се повторува??
    Не! Сигурно не!! Еден куп прашања се повториле во темата, па кој е проблемот? На никого не му пречеше тоа! На никого! Единствено на модераторите или администраторите на форумов и на поедини членови кои сега се искажуваат...
    Никој од форумџиите не рекол „исчитете ја СДП од офф топици“ зашто никој не се замара со офф топиците во таа тема!
    А темата е една од најактивните и најкорисните на форумов. Дефинитивно.
    И вие ја заклучивте и тоа на премногу долг период!
    Го гледате нашиот револт, сите сме здружени во барањето да се отвори, а вие упорно одложувате.
    „Ја чистите“...
    Зошто????
    Ви дадовме идеи како да го решите тоа, а вие ништо не преземате!! Беше отворена и нова СДП, ја заклучивте!!
    Премногу правила на форумов, премногу авторитет, преголема строгост...
    А сите сакаме слобода овде. Доволни се правилата, авторитетот и строгоста на работното место, во образованието и општо во средината на живеење, зарем и на еден форум е потребно сето тоа??
    Too much is too much!
    Не велам да нема никакви правила или никој да не се почитува, но ако модераторите и администраторите сакаат да бидат почитувани, тогаш најмалку што можат да сторат е и тие да не почитуваат нас, останатите форумџии и нашите мислења.
     
    На Meggy, Monna.Monna, sesilija и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.517
    Околу оффтопиците сакам да кажам нешто,зошто видов дека има тука судир на суети. Модераторот ко таков има секакво право да го избрише оффтопикот,ако процени дека е надвор од темата,е нападен и навредлив.А секој член кога се зачленува ги чита правилата на форумот кој не се воља на модераторите,туку на администраторите и воопшто сите форуми на светов.Јас не ја разбирам таа ароганција да се бара дозвола за бришење на мислење кое очигледно е дека е оффтопик. Знаете колку мислења се бришат во текот на еден ден?! Многу! Затоа,пред да влезете во дискусија или било што да пишете и сте решени да одвоите од вашето време за тој пост,проценете самите дали сте онтопик или сте оффтопик со кој ризикувате да бидете избришани,ама сепак прочитани. Знам дека често и самата одам оффтопик и ниту еднаш не сум се пожалила зошто ми е избришано мислењето зошто сум била свесна дека ќе се случи со истото,ама битно сум си кажала тоа што сум мислела и при тоа сум била прочитана,така да ама баш ич не ми е гајле дали стои сеуште на увид или го нема!

    Околку сдп не сакам да навлегувам,ама ќе кажам. Да,некогаш во сдп одговорите се побрзи во однос на некои прашања,ама не се работи за прашања од животна важност,а паралелно се поставуваат многу кои се повторуваат,а и има тема за истите. Зарем тука не е јасно дека не се почитуваме меѓусебно и нечиј труд и мислење кое било оставено,а нема да биде прочитано во соодветната тема,само затоа што некого го мрзи да ја најде и да праша?! Аха,значи зборуваме за почит кога се бришат мислења кои се оффтопик,а не станува збор за почит кога се работи за веќе отворена тема за некое прашање,а се поставува истото во сдп?! Треба малце да ги преиспитам ондак моите сфаќања за меѓусебно разбирање и пичитување.
    Јас ги разбирам двете страни,ама не го разбирам тоа тревожење,па таа вознемиреност,па таа суета. Треба обете страни да се разберат и да направат компромис,а не како што кажа Фемина,а мора да се почитуваат,зошто форумот го правиме ние. Епа право да ти кажам,да се испооткажеме ние во овој момент,секогаш ќе има нови форумџики кои ќе се зачленат и ќе дискутираат. Никаде на светов не се одговара на сечија желба и потреба. А тука,некаде има преголема либералност,како што се кафе-муабет и самата сметам дека треба да биде лабава и помалку да се брише,но сепак и самите треба да имаме кочница за таму и да знаеме што каде треба. А не некои едни та исти постираат некои си мисли у сдк,сто пати се поставуваат исти прашања во сдп...стварно е смешно. Самосвесност никаква,а утре пак се фрустрираме од неосетот на останатите луѓе. Тоа ти е исто ко да имаш корпа до тебе,ама зошто ти сакаш да биде твојата воља го фрлиш ѓубрето ама баш до неа...
    Јас така ги разбирам нештата,а вие одлучете дали вреди да се тревожите. А дека сдп фали,фали и мора нешто да се направи околу неа.
    И ако е за така,која е улогата на модераторите тогаш?! Па дај да нема,да си имаме слободна воља и да си шкрабаме се додека не се испонервираме и испоубиеме една со друга и сосема не заличиме на гламстик и доброволно да се испооткажеме зошто ситуацијата е неподлослива.
    Јас знам дека има двојни аршини,знам дека бегаат оффтопици,ама исто така знам дека на различни категории се различни модераторки,па мерилото не може да е исто,освен ако немате идеја за виртуелен кантар.
    Кога бев обичен член,си пишував што сакам,сеуште си пишувам што сакам,се самобришам,бришам и други и тоа е така зошто ми била дадена доверба од некого и ја почитувам и забележувам што треба да се кориегира. Ајде ако сакате нека се направи тест,две недели да бојкотира модераторскиот тим,па да го видиме крајниот резултат...
    Тие правила во суштина важат за сите форуми,секаде во светот...па не разбирам како фемина да биде исклучок,а не сум многу навлезена во суштината,ама мислам дека и ако се допушти нешто може и да го изгубат правото врз форумот. Зошто како што знаете форумов не е создаден од Билката сама лично и персонално,туку дополнителен софтвер кој е купен по одредени правила.Е сега...ако вас ви е да се коцкате и да се зезате,нечиј труд да почитувате,а ви било дадено парче виртуелен простор кој што не сте знаеле правилно да го искористите,тоа е веќе друга работа.
     
    На Hipica, zhap4e, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Е ај да се собереме и да пишуваме додека не ја отворат СДП. Моооогу тешки зборови паднале тука, многу навреди и многу невистини. Темата си постои и сигурно дека ќе ја отворат. Почекајте де, а тоа што тооолку имате да прашате-прашајте на друго место. Со животов по виртуелни мрежи и какви ти не информации има одговор за секое прашање.
    Еј не ме напаѓајте веднаш, ова ми е од објективна страна, а тоа дека има оф-топици, па во оваа тема ги има најмногу и тоа во моменти и од членови кои прашуваат "колку да се праша нешто". Примери не се потребни зашто сите знаеме да одговориме дали вечерва ќе има "Лисјата" кога вртат реклами за натпревар таа вечер, или прашања од типот "Земи или остави"???
    Мислам дека сите ќе извлечеме поука од ситуацијава за тоа што и каде да си го поставиме прашањето зашто на крај каева сепак е тешко да се прегледуваат над 30.000 мислења колку што има во СДП, а тоа дека ќе се греши и ќе има вакви ситуации ќе (посебно од нови членови), но нели тоа е работата на оние кои се зафатиле со ова па оттука предлог откако ќе се отвори темата нека биде поактивно следена и навремено "прочистувана".
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    А твојот предлог или твојата идеја за сајтот е...?

    Делење правда и исправање криви дрини, вмешување во дискусии повеќе расправии, изигравање медијаторство или посредништво само колку да се покаже присуство и да се паметува и мудрува е стварно непотребна работа на форумов. Кој имаше да предложи нешто си се изјасни. Останува да почекаме, да видиме што ќе биде со нашите предлози. Ја стварно не ја разбирам потребата од посредување.
     
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Еј дечки ај помалце галама да не ни ја заклучат и оваа тема :!: :wasntme: .

    А ако евентуално некој е задоволен од сегашнава состојба има посебна тема кај што може да си ја фалите , и одушевувате на истата колку е НАЈпрекрекрасна .
    И нема потреба од адвокати на Реинбоу или кој и да е засегнат од критиката и забелешката како сакате кажете верувам дека Реинбоу и сама може да се одбрани .
    И не се бунам за оф топик мислења свесно напишани , кога во Политика избувнав коректно од Реинбоу ми пиша порака и ме предупреди :up: кога ми се бришеле вакви офтопици а се бројат на прсти се бунам кога ТВРДАМ дека мислењето не е Оф топик а се избришало . И кога се прашало а (тоа и самите модератори го имаат кажано )кога ќе се избрише мислење да ги прашаме модераторите . Арно ама одговорот јас никогаш не го добив ;) .
    Додека муабетот на препукување помеѓу конкретно Оффспринг и Дафни никој не го избриша а беше прочитан и тоа како и под едниот и по другиот имаше по 20 лајка прашањето е ...
    Како тоа едни пишуваат оф топици се бришат и тоа експресно ( за нив постојат правила и мора да се почитуваат ) За другиве не постојат па можат да се караат и на една тема како што е СДК ?
    Од како реагирав ги постирав мислењата во критики се избришаа мислењата . Е сега уште некој треба да каже дека ниеден модератор не ги видел постовите ... :wasntme: :?:
    Постовите си стоеја ... Зошто ? !
    Можеби зошто тогаш Модератор беше засегнат ? :wasntme:
     
    На Meggy и tinkerbelll им се допаѓа ова.