Јас ли треба да се бранам? Па кажете сите колективно дека ме напаѓате тогаш За темата кажав се што имав да кажам во преходните постови, мислам дека не остана нешто да се каже, па кој сака може да прочита назад. Кога ќе пријавите мислење, а не било реагирано имате право да кажете дека модераторите не реагирале, во друг случај немате право бидејќи модераторите не се обврзани се да читаат, а затоа постои и опција пријави го мислењето. Се друго е веќе излишно да се каже на темава.
Венди,многу паметна бе ти,саде мозок еј! Сарказам и иронија фучеш! Памет да не може човек да ти се начуди! Од утре со ваше височество да не треба да ти се обраќаме?! Дај олабави човече,ако мене ми се обрати,а ми се обрати,сакаш да ти извадам муабет од консултации дека Лилит ниту прати,ниту пишувала,ниту со Виножито се договарала да ја брани?! Ти ко член посочи Рејбоу или требаше на гравче да гледаме на кого мислиш?! Јас на пример се најдов засегната ко модератор.Туку тебе сега ти стисна да си отвориш душичка и да кажеш. Абе многу умна си,бравос! Утре,еве за тебе специјално,за секое твоја мисла на форумов која вреди едно пени,ќе ти биде испратен мејл со конкретно објаснување зошто е избришано.Еве ти ветувам!Ако сакаш и у хард копи,остави и факс! Ова не го зборувам у својство на модератор,туку ко обичен член.Мој,мој та преку мој! Туку ајде да не се отварам многу,разбирам многу работи зошто се и како се,ама тие,сами си ги знаете и решете си ги.Форумов не е бесплатна психолошка ординација!
Девојки па ваљда нема да го делиме форумов и секој по дома дел да си земе. Денес сме тука, утре нема да бидеме и што, да не ќе му фалиме на некој? Јас искрено не почувствував фалење на темата СДП. Смирете страсти и се ќе биде фино и мирно како и порано.
Повеќе залагајте се за правда во реалниот свет отколку тука. Утре фемина неќе да ви даде леб. Сте се зачлениле да се опуштите, забавувате и да прочитате нешто ново а го правите сосем спротивното.
A твојот предлог е...? Он: Сите се паметни, сите се запнаа за сакам да прашам... Аман. Имам предлог - никад да не се отвори СДП и сите нови да се бришат, да видиме до кога. Ко да нема живот без СДП. Аман бе жени, баш сте жени.
Јас ги изјаснив моите предлози драга, прочитај неколку страни поназад. И мојот предлог е повеќе од очигледен - неповикани членки без никаков предлог да не пишуваат во темава и да не се мешаат во дискусии меѓу членки со предлози само за да се напраат паметни и да мудруваат или да глумат медијаторство. Фала, чао.
Аха значи треба некој да биде повикан од страна на некоја членка па да се вмеша во некоја дискусија, и треба само предлози да се дават а не и да се дискутира, ма све ќе прочиташ! Плавуша не те повикувам ич да не си зуцнала .
Океј,на некој фали СДП на некој не.Но мислам дека напнаа во врска со таа тема.Секој 2 пост е зошто ја нема,зошто ја нема.Па снајдете се бре луге,ако овде нема тема прашајте друг сигурно ке знае да ви каже Оставете модераторите да си ја вршат работата.Ако ја нема ја нема.Готово.Нема потреба од кавги и навреди.Со тоа се полни негативната енергија на форумот.Оладете малку. На кој не му се допага нека си замини и готово.Ке дојдат други па трети па петти. Досадно стана више со ова сага аман -.-.
Немав намера да искоментирам на темава зашто многу е јасно дека тука некој сака да доминира над другите,па остај тоа уште и да ги убеди дека е така како тој што мисли.Да ви кажам право иритира и тоа многу иритира!Ако си модератор или ват евер што не ти дава за право што сакаш да напишеш за другите и сите да бидат воодушевени од твојот интелегенет пост у стилот е сега ќе ви ги затнам устите,а ако добиеш за возврат тогаш е сарказам и иронија.Не сте во право воопшто,несакам да навредувам никого ама чекајте бе малку луѓе што сме ние другите овци?Глупави?Прости?Ние ништо не разбираме па ај вие објаснете ни.Значи ако се побуни човек очи ќе му извадите,било тоа е некоја рандом тема или токму оваа. СДП се чистела од ОФФ топици,дајте ве молам кога ќе го видам ова болдирано НЕ БИДЕТЕ ОФФ ТОПИК ВО СПРОТИВО ЌЕ СЕ ИЗБРИШЕ коса ми се дига.Што е следно?Пред да се прати постот ќе чекаме одобрување??НЕ НЕ се уништува форумот од таканаречените ОФФ топици,токму од ваквото неправедно и диктаторско однесување се уништува. СЕ повторувало прашање?Па што ако се повторува,цел ден ќе вртам за да го најдам НЕ ќе си прашам пак и ќе ми одговори тој што знае. И вие сакате нешто да направите ама очигледно не знаете како.Од една страна полна била СДП со офф топици па ја заклушувате,отварате друга И ТАА ја заклучувате и на крај ако некоја девојка отвори нова тема И ТАА ја заклучувате секако со коментар каде е вклучено ова смајли.Епа што сакате бе вие? Не сте во право тоа е факт и можете да рипате до плафон ако сакате,ако немаме виолетово име тоа не не прави помалку важни и помалку паметни на форумов,напротив ние стите заедно сме тие што го правиме форумот да опстојува и да постои.
^^ Lilit Зошто по се сум покултурна ќе те удостојам со последна реплика , ма - да не вреди . Не не мислев на тебе зошто не ти обратив внимание искрена да ти бидам . Не си тема на муабетов уствари пошо одлука на Глобалниот модератор беше да се заклучи темата а ти не беше таа мислам . Сакајки да испаднеш заебана( чек сеа јас ќе ја средам оваа ) испадна смешна ... Мајке ми И полека ти смири се не се припотресувај до толку ... Сум те преценила мислев поинтелегенитно створение си . А ти на провокација паѓаш ( иако моето беше се освен провокација ) Па почна со навреди на лична основа . Ептен ми е криво што ти не да падна во моите очи , море го допре дното !!! Што да ви кажам вака се откриваат правите вредности на рајава ... Ајт што имав кажав толку засега од мене фала му ан Горниот ме сфатија , тие што имаа капацитет Мир ... Џаст форум
Штрумфета, па темава е „Предлози и идеи за сајтот“ јас не знам што е проблемот? Ние што имавме предлози он-топик ги кажавме, модераторите одговорија и тоа е тоа. Јас не гледам потреба од членки од страна, така ги нарекувам зошто немаат предлог ни идеја, а не се ни дел од модераторскиот тим а се вмешуваат во дискусијата само за да пишат: во право е тој и тој, да да добро ни е без таа и таа тема, дај не кревајте галама и сл. Сите се запалија бе! Користете си го копчето Ми се допаѓа и готово а не: ај доста галамите, ај ова ај она. Ако не ви се чита, слободно напуштете ја темава и така немате предлог. Зборам за тие што немаат предлог, всушност. А посредуваат. Еј, уште еден предлог, а да одиме на суд? Па овие што делат правда да имаат кај да ја делат ако не. Свашта!
zdravo na celiot tim na femina, sajtov e mnogu interesen i sakam da vi dadam eden predlog, vo ovie stranici da vmetnete i recnik, megutoa da bide bogat i raznoviden za polesno naoganje na zborovi, razmislete za ova i ako mozete napravete, mislam deka ke bide od korist, sega obicnata knigata e zameneta so elektronska kniga taka da bi bilo super da ima i recnik t.e. leksikon na stranski zborovi i izrazi , iskreno se nadevam deka ke go prifatite predlogov
Идеја, поточно идеја која ми ја даде Петко, а тоа е да се апдејтира форумов, пишував пред некој ден пост, се загледа во екранот и ми рече дека кога би го апдејтирале ќе ви биде боље, и поедноставен и попрегледен. Ете ви една идеја, или предлог како год, апдејтирајте го .
Прочитај добро пред да избрзуваш со смешни коментари И какво медијаторство, какво ти посредување Нели е дискусија па оттука слободното право на "вмешување" е дозволено. И секако дека е потребно да се "паметува" и "мудрува" (секако секој со своите способности) со цел да се дадат идеи и предлози како би се решил одреден проблем
Ова е она што ме нервира на форумов, тука никогаш не можеш ни да се нашалиш за нешто, ни да се насмееш, зашто ако си ОФФ-темата одма ти се брише мислењето. На другите форуми и ХАХАХА да пишеш ќе ти стои мислењето. А стварно не ми е јасно зашто е тоа вака кај нас. За затварањето на СДП се изјаснив негде, но може темата да се отвори па континуирано да се бришат новите ОФФ мислења. А под офф верувам дека тука се мисли на оние реторички прашања кои ги поставуваа некои феминки, кои на никого не му сметаа, освен на админите, модераторите или што и да се... Глупости. Ако продолжи вака јас ќе отварам форум каде нема да мора да пазиш на секое зборче што ќе го пишеш и да мислиш дали ќе им се свиѓа на „главните“, или нема, па ќе ти го избришат.... ќе бидете поканети сите
Дали некогаш сме се обратиле со ти мори што си напишала вакво мислење? Не сме, па не ни сакам така некој да ми се обраќа, едноставно не е во ред. Ова можеби е само форум, ама и тука треба малку да се припази на култура. И не го кажувам ова како модератор, туку мене лично ми смета, ќе те замолам во иднина ова да не се повторува, доколку имаш нешто да кажеш, можеш тоа да го кажеш смирено, а не со навреди. Тема никогаш не сме заклучиле со погрдни зборови, ниту пак со такво смајли, затоа не ни сакам некој да не навредува, модератори сме, ама не сме на тапет ставени за плукање и ве замолувам сите во иднина смирено да си го искажете ставот. Ова е од правилата. Мене како член би ме нервирало да читам бесмислени постови како хахахах или цел цитиран текст и само едно смајли најдоле, а и самите членови ги пријавуваат таквите мислења. Затоа и се бришат такви постови.
Каде прочита НАВРЕДА?????Многу ме интересира каде е НАВРЕДАТА???Јас те молам во иднина немој да ми се обраќаш како кон мало дете (во иднина немој ова да ти се повтори)никој не ми се обратил а нема ни ти.Гледаш какви сте вие?Дали гледаш??И на обична реченица НАВРЕДА пронаоѓате,со цел вие да излезете прави.Ова не е смешно,тажно е!Дали ќе ми се повтори или не тоа е МОЈА работа јас предупредувања несакам да слушам. Фала Пријатно
Да бидат банирани оние кои постираат туѓи слики во свои постови во свое име Најмногу заради злоупотребата на туѓи слики со самото постирање јавно на интернет Како ќе му биде некому да дознае дека некој ставил негова слика на интернет да ја гледаат сите и уште ја прикажува како негова... А тоа што лажат, глумат нешто што не се, се преправаат нивна работа...се додека не е на штета на друг не ми смета...ама вака редно е веќе... на колку време, што како подетално одлучете вие, ама бан сигурно дека заслужуваат, доста беше толерирање никому не иде памет, само се зголемуваат таквите случаи на форумов, што значи толеранцијата не е решение