Уште еден предлог. т.е прво да прашам. Дали модераторите воопшто ги разгледуваат предлозиве? Темава е колку да постои, или е стварно да се дадат некои предлози и да бидат реализирани? Е сега предогот. За да нема вакви недоумици, предлагам модераторите и администраторите за секој предлог да кажат дали е добар, дали ќе се реализира, дали нема да се реализира и зошто. Океј, се прави тоа за некои предлози, ама во главно 97% од предлозите остануваат без одговор.
Мој предлог е темата Специјален поздрав до... да ја ставите како Важна...секојдневно се коментира на темава,па мислам дека редно време е да ја ставите како важна.
Предлагам темата Правопис да се преименува во Правопис и граматика бидејќи често се пишува за граматички правила, а не само правописни.
Уште еден мој предлог. Секој објавен линк строго да се кодира, за да има подобра прегледност. Код: http://forum.femina.mk/
Мислам дека е потребно кога ќе се кликне на цитирано мислење, да отидеме на самото мислење во темата во кое е напишано.
Во неколку наврати при отварање на теми сум посакала да отворам анкета. Али не можам. Не гледам причина и препрека да ја нема таа можност при отварање на една тема. И треба да пишуваш, да бараш одобрение и да го замолуваш модераторот за 2 клика кои сама може да ги направиш. :geek:
Би сакала да има некоја си група како Домашни Миленици .. И во неа да си има теми за сите животни ... На пример за маче, куче... Повеќе да можеме да се информираме за како да се гружиме за нашите миленици и слично Знам дека има тема таква.. Али се во неа е напишано... Вака добро би било попрегледно
Тоа веќе е предложено.Да има во темата Дом под-тема Миленици. Рекоа дека во скоро време ќе се реалира тоа Па веќе има чат
Да се надоврзам на муабетот, точно нели дека има ѕвездичка на темата, но сепак ако темата има 150 страни треба да се убијам од барање кај е моето мислење. Мојот предлог е да има и дополнителна опција сите твои мислења во темата да се прикажат како посебно а + и целата тема да ја има во опција (Значи нешто како 2 опции дали сакаш цела тема да ти се отвори или сакаш само твоите мислења да ги погледнеш). Незнам дали е тоа возможно.
^Па си има опција да пребаруваш со клучни зборови. Сигурно знаеш што си коментирала во таа тема, ќе напишеш две-три зборчиња и ќе ти излезе мислењето. Толку е функционален форумот, не знам зошто се оди во крајности .
Штрумфетке не ме карај одма . Но може некој коментирал 15 пати во темата и сигурно не може да се сеќава на се што искоментирал, и тоа е мој предлог, моја идеја, иако може за некој е глупава идеја, секој има право да даде свој предлог. Плус лично мене кога пребарувам со клучни зборчиња 2-3 пати ми се има случено да не ми ги покажува постовите, иако постот постои и постојат и зборовите во него.
Зошто пак ја заклучивте темата СДП што Синтија ја отвори? Јас колку што знам, не прекршува ниедно правило темата, така? И секој може да си отвора теми... Кога вајлд ја отвори новата СДК, зошто не ја заклучивте и таа тогаш? Нели модераторите се задолжени само за да бришат и заклучуваат теми и мислења кои не се доследни на правилата? Мене ова ми изгледа како водење инает, само не знам на кого тоа му се води инает?
Мене ме интересира дали постои опција да видам кој го има цитирано моето мислење? Предходно можев да најдам преку пребарување со корисничкото име ама веќе извесен период неуспевам.