Се согласувам и јас, само што мислам дека форумов не поддржува таква опција. Доколку има, може да се додаде репутација. Само да кликнеме „+“ доколку се сложуваме и да дадеме позитивна репутација, а „-“ за негативна. Само колку ќе се почитува доколку се воведе не знам...
Да, ќе направиме легенда за симболите. Како што споменав овде, ќе има реорганизација на категориите, како и отворање на нови. Тогаш ќе се појави и кантата. Работиме на тоа. Наскоро ќе имаме нови модератори, па нема да има потреба од такви мерки (се надевам ). Веќе работиме на сличен систем за изразување на благодарност, со чијашто помош ќе може секој член да се заблагодари за одредено корисно мислење испратено од друг член. Така ќе се издвојат поважните мислења, а и ќе може членовите да се рангираат според квалитетот на мислењата што ги напишале. Сепак, идејата за копче „Like“ воопшто не е лоша :y:, па сериозно ќе размислиме дали не е подобро копчето „Благодарам“ да го претвориме во „Ми се допаѓа“. Ви благодарам на сите за предлозите и идеите!
Јас имам еден предлог.. Ако може да се направи некој член што има над 500 мислења, или немора толку многу.. Да може да отвара нова тема? Дека вака стварно уште ги немаат правилата прочитано, без ниедно мислење НА ЛАТИНИЦА, ДУПЛА ТЕМА, БЕЗ ДИСКУСИЈА, ја отвараат...
Имам предлог, во делот „Членови“ да поставите поле за пребарување на некој член. Иако има според буквата да бараме, сепак не е прегледно затоа што на првите страни има и членови кои имаат по едно или ниедно мислење, па додека да го најдам тој што ми треба цел ден ќе ми отиде. А вака ќе биде попрегледно и веднаш ќе го добијам членот што ми треба. Поздрав!
а може ли да се направи некако да стигнува известување кога некој ти го гледал профилот.....ги исчитал сите мои мислења баш би било интересно да знаеме кој се интресира за нас на пр
Еее да И јас би сакала ваква опција да има. Админи дали е ова можно? И да ни кажете за соновникот, до каде е? Позз
Дали ќе може повторно да се воведе опцијата, која што секогаш кога ќе отворевме некоја тема, не носеше на последното прочитано мислење?
Па може да одиш директно на последното мислење, ама нема да кликнеш на темата, туку на бројчето што стои колку страни се испишани одма до името на темата шшто стои. Кликни на последната страна и те носи до мислењето. Јас така правам.
Можно ли е да се зголеми бројот на дозволени смајлиња? И да добиваме известување кога некој го цитирал нашето мислење за да не пребаруваме секогаш.
Девојки, пред темата има едно црвено квадратче со стрелче, што и да е, кликнувајте на него, тоа ве носи на првото непрочитано мислење, и се натаму Инаку ако кликнете само на темата или на последната страница, веднаш одите на крајот, последнотот мислење. Ете така треба.
Ова потполно го подржувам :up: Јас немам некоја навика да се враќам во тема каде веќе сум оставила коментар, а можеби некоја членка ќе ми постави прашање во врска со коментарот или слично, така што убаво би било ако добиваме известувања во случај некој да ни го цитирал мислењето.
Еден предлог до админките. Дали ќе може да се направи една подкатегорија СПОРТ и во неа да бидат сместени досегашните отворени теми од областа на спортот, а и така ќе биде попрегледно за сите што ќе отвораат нови теми поврзани со кошарка, тенис, фудбал и сл. ? Ви благодарам однапред se-i-sesto/usopen-2010-t2862/ se-i-sesto/fudbalski-natprevari-t1295/ slobodno-vreme/svetsko-prvenstvo-2010-t1898/
Сакам да има простор барем за 100 лични пораки. Вака стално бришам пораки и се нервирам. Ајде билке, излезете ни во пресрет- и на телефоните е повеќе од 100 пораки
јас уште одамна го реков тоа, но ај да не бидам досадна! и јас цело време бришам, а некои сакам да си ги чувам! и плус- тоа бришењето досадно е! се надевам ќе ни излезе во пресрет Билчето мило!
Можете да си отворете нова папка за пораки,да ја крстите како што сакате и во неа да ги префрлувате некои драги пораки кои не ви се за бришење.Ова е од корист А и како што можам да забележам веќе е зголемен просторот...еве кај мене како излезе кога отворив: 48 од можни 100 складирани пораки. Значи не послушала билката
И мене така ми пишува Багуфче, ама за жал не функционира. Пораката ми се појавува во црвено кругче- морам да избришам некоја, па да ја ослободам и потоа да ја читам. Незнам дали е така кај вас?