Вајлд ја отвори темата затоа што сите модератори се договоривме така - првата имаше голем број страници, затоа се заклучи. За СДП се имаме изјаснато поназад зошто стои заклучена, и отворањето нова не е решение. Нема тука никаков инает, не знам ни зошто би имало
Ок, можеби не се води инает, но гледате дека е потребна таква тема. Од што немаат каде да прашаат, некои дури прашуваат во СДК, се редат офтопици по темите.
Зашто би претставувала проблем новата тема? Голем број теми се трупаат со оф-топици додека таа седи заклучена веќе цел месец. Кога ќе се среди таа нека се отстрани новата, полесно би било од колку да ги расчистувате и другите теми. Ова е само предлог, другото останува на модераторите
јас сакам да предложам да не може секој да отвора нови теми. само што се зачленила и пап тема без врска, дали се мирисате под пазуви? мислам... би требало само тие со повеќе мислења да можат да отвораат нови теми. и 50 и 100 мислења се малце според мене. некој може за една вечер да седне и да ги напуни сите теми, да напумпа мислења без врска. вака пример над 500 мислења да отвораат членките е веќе друго, ќе бидат поиздржани темите, и се.
Па некој може и да налупа 1000 мислења со дробење без врска, тоа не значи дека тој е подобар од некој што има 100 квалитетни и корисни мислења, така е и со тој изборот на форумџика, тие што мене ми се допаѓаат имаат под 500 поста а се по одамна членови и многу подобри постови имаат од некои што имаат и над 1000 мислења (би ги именувала и јавно ама за да не бидат оцрнети од некои "дрзнувачи" тоа планирам да им го кажам по лична порака), така да бројот на постови (квантитет) не треба да биде мерило за квалитетот на постовите и членовите. Затоа нели се бираат модератори кои треба да оценат која тема треба да стои а која не, и наместо темите со глупави наслови да се заклучуваат а и понатаму да постојат на форумот, можат комплетно да бидат бришани.
Отварање на нови теми сметам дека секој член-фан може да отпочне.Колку таа тема ќе биде интересна и возбудлива за многумина кои сакаат дискусии ќе покаже самиот интерес.Темата која успеала да ја активира целата членска популација секако дека ќе биде избрана за нај нај тема.Неинтересните и глупави теми сами ке се потиснат,односно ќе останат умртвени. Поздрав !
Па многу често мотив да се приклучи нова членка е токму некаков проблем за кој и треба помош. И не се сите теми глупави, напротив има и убави теми, а за тие другите затоа се модераторите, не знам зошто толку ви сметаат.
Јас мислам дека секој нов што ќе се зачлени ги има истите права како и сите што се "постари" тука, ако не можат ете на пр. да отворат тема ќе биди како да се дискриминирани, а демек тие што имаат над 50-100 мислења привилегирани, главни фаци Не е фер така, а и сигурно тие што се зачленуваат ја пратат фемина долго време и го читаат форумов само не биле зачленети и горе долу ги знаат темите, па ако е дупла ќе се заклучи Здравје Боже
се согласувам. јас мислев на моментот дека нема ист однос со форумот некоја што веќе подолго време е тука и има створено каква-таква слика за себе и има остварено контакти со други форумџики и некој само што се зачленил. навистина некои се зачленуваат само за да се глупираат, па уште се прават наивни, сакаат да нервираат и провоцираат без врска, замараат по лични пораки и сл. на тоа се однесуваше мојот предлог.
Мислам дека наместо стандардното бришење на мислења би можело да има нешто вакво: Значи мислењето да стои, без текстот, ама да се напише причината зошто е избришано.
^Не е баш фино да се зачиташ некоја тема каде има дискусија и на сред дискусија да сретнуваш мислења: Модератор: Мислењето е избришано поради... Па после два постови, пак: Модератор: Мислењето е избришано поради... Значи се знае зошто се бришат мислења: поради офф-топик (овие се најчести), навреди, реклама, пост во кој има само смајли итн. Ако некој не знае зошто му е избришано мислењето, или смета дека неправедно е избришано, му пишува ЛП на модераторот на категоријата, и се решава проблемот. Навистина, во денот се бришат мнооогу мислења, и не е практично на секое да го читаш гореспоменатово
Да, ама со ова и модераторите ќе се спасат од толку ЛП зошто фактички е невозможно на сите да им се одговори. Плус има некогаш кога не сум била оф-топик а ми било избришано мислењето, и доаѓам до ситуација јас да се преиспитувам дали воопшто сум го постирала мислењето во темата или не.
Не дојдов за предлог, туку да прашам зошто на некои корисници им стои User is inactive? На Офи и стоеше, сега на уште една членка...
Јас си го деактивирав профилот тогаш. Вака, го префрлив акаунтов на друг меил, и кога ми стигна порака со линк за активација на акаунтот ја избришав. И фактички акаунтот не беше потврден, затоа и ме немаше во листата од членови
Јас сум крајно разочаран што неможам да мавам шамари низ форумов ке отворам кампања да се уведе таа опција на форумов
Мој предлог е до секој акаунт задолжително да стојат и годините-значи задолжително,за при читањето на коментарите да видиме дали е тоа размислување на некој 14годишник или на 20 или 30.Мислам дека ова е многу важно.Инаку големи пофалби за форумов.Поздрав до сите феминки