За ова е одговарана многу поназад во темава па пак ќе се повтора сега. Значи во скоро време(точно не знам кога) ќе има нови подкатегории на категориите па така и на Дом ќе има подкатегорија Животни .
Bi trebalo da Sosotavite forum vo vrska so devojkite koi nemaat Gradi odnosno premnugu im se mali. Mislam deka ima mnogu zaenetersirani vo vrska so toa... Na primer.. kako bi reagiral nivniot decko vo vrska so toa...dali bi mu precelo.. da kazete nesto za da ne se custvuveme nie devojkite glupavo i sl.. samo nemoj da kazete deka ako te saka ke te prifati takava kako sto si..bidejki site go velime toa a nikoj ne go primenuva i moze da go smestite vo telo, ili ljubov-vrska..
Се согласувам со тоа дека почетната страна на сајтот изобилува со информации поврзани со Ким и нејзиното ценето и успешно семејство, како и Ријана, и се што е поврзано со нејзе. Се е тоа океј, новости од „шоу бизнисот“ и сл. ама стварно се претерува. СТВАРНО! Се гледа која таргетна група се воодушевува на горенаведените личности.
Јас би дала идеја да на новите членови им се даде некаков лимит од на пр. 100-200 направени мислења (сигурно до тогаш ќе прочешлаат по темите што има а што нема) па потоа да отвараат нова тема. Вака некои се зачленуваат само да се рекламираат или отвараат дуплии теми и модераторите си имаат повеќе работа
Јас мислам дека треба да објавите некоја тема за пријателство..оддамна немате направено такво нешто а мислам дека многу од нас имаат потреба од тоа..
Рекламите од Бимилк на почетната страна го стеснуваат просторот за текст и страшно се малечки буквите, мора постојано да зголемувам ако сакам да прочитам нешто. Предлог: најдете некое друго решение, поинаку поставете ги рекламите, без да одземаат од ефикасноста и убавиот изглед на сајтот.
И јас морам да се пожалам од рекламите. Навистина се премногу. Сфаќам дека се потребни за да се одржува сајтот, но кога не може да се намалат барем поинаку распоредете ги. Посебно рекламава со Мараја Кери со песната, ми го кочи компјутерот..
Мене пак ми се допаѓа како е среден сајтот, мислам дека не се премногу реклами, а за рекламата со Мараја со песната, со прекини беше, сега незнам, мене не ми кочеше компјутерот.Тоа може и до интернетот е
Почесто да се менуваат Цитатите на сајтот (сметам дека во изобилие има убави мисли и мудрости, па добро е и почесто да се менуваат). Новостите од Шоу-бизнис се смачени - едно та исто - бибер, гага, ријана, кардашијан... зарем до толку нема други поквалитетни славни личности? Па и не мора да се славни, само нека бидат добри, квалитетни, да може нешто да се научи од нив...
Би сакала да прашам нешто што може и е безврска ама сепак Дали може мислењата што ги имам напишано да ги читаат само членовите на феммина? Или пак , ајде да останат отворени и за оние кои се гости но да немаат можност да пребаруваат по мислењата на членот туку само да можат да го прочитаат во темата каде е дадено мислењето?
Нерегистрираните, односно гостите можат да ги читаат мислењата, а мислам дека и може да ги пребаруваат твоите мислења, ако отидат на твојот профил, но полето за пребарување што е во десниот горен ќош не можат да го користат.
Гостите може да читаат мислења, ама не можат да им ги гледаат профилите и да разгледуваат низ мислењата на форумџиите.
па во моментов немам некоја посебна идеа, ама сајтов ви е навистина прекрасен.. не за џабе имате освоено награда за САЈТ НА ГОДИНАТА! супер сте .. прекрасни .. поздрав. ))))
Мислам дека би требало бројот на мислења потребен за влез во скриеното катче да се зголеми на 500. И така има форумџики кои за еден ден стигнуваат до 500 мислења.
Ова незнам дали е предлог, повеќе е како критика, или штознам што, но мислам дека е ред да се разгледа. Имам приметено дека копчето Ми се допаѓа на велико се злоупотребува, и мислам дека е редно да се тргне од употреба. Несакам да грешам душа, Рејнбоу знае, т.е. ја известив за тоа што го имам забележано, но ред е малку и админите да се приклучат на форумов, да видат што се случува. Фрчат двојни профили, оттаму си стискаат ми се допаѓа на оној регуларниот што им е, и што е најтрагично таквите се почитувани членови. Мојот предлог е да се тргне опцијата Ми се допаѓа, а моја критика кон админите (не и модераторите) е да се приклучат малку, затоа што хаос е, а модераторите сами неможат да се снаоѓаат. Плус имам и сознанија како одредени феминки се мешаат и по приватни животи на други, ама не би за тоа сега да зборувам, само сакам да предупредам да пазите на кого и што доверувате. И тој предлог, да се воведе некаква казна за таквите работи, додека не сме почнале да губиме квалитетни членови поради нечии болни умови. Едит. И предлагам бан за оние што лепат лажни слики во Модни критики, и исто и за троловите како мадамстефи.
Божеее зарем некој има време са се замара со двојни профили и да си стиска ми се допаѓа Ако е навистина така,треба да се најде некакво решение. Но тоа да не биде укинување, зарем ние ќе си кратиме наши функции,и систем на работа заради некои кои тоа го злоупотребуваат?Епааа ја сметам НЕ, туку тие таквите треба еден новогодишен БАН (може и привремен,како прва опомена)-предлог
Јас би сакала да објавите нешто поново на убавина и мода и би сакала на новости нешто за тејлор лотнер ..многу би била благодарна за тоа ..и исто така и јас би сакала да ги намалите да имаме 50 мислења за да можаме да имаме чет .. и извинете можеби ке биде смешно тоа што ќе ве прашам но нова сум ове ако можзе да ми објаснате што значи тоа цветчето.благодарам
Најпрво добро ни дојде на форумот Како ти се зголемуваат бројот на мислењата, така цветчето се помрднува, и на одредени скалила менува боја. Целта на цвеќенцата е да ги истакнат поактивните членови на форумот. Се добиваат според бројот на испратени мислења: Сино цвеќенце – 100 мислења Зелено цвеќенце – 500 мислења Жолто цвеќенце – 1000 мислења Црвено цвеќенце – 5000 мислења Розово цвеќенце – 10000 мислења
Најпрво добредојде, а на прашањево ќе ти одговорам, ама дека нова не би било лошо да си ги прочиташ правилата на форумов. Цветчето се менува со менување на бројот на мислења т.е колку повеќе мислења повеќе менување на цветчето. Од 50 е бело, па натака 500 плаво, зелено, жолто итн.
Токму така, мислам дека тоа копче-ми се допаѓа е сосема непотребно, не-особено што веќе одамна ја изгубило функционалноста одн.намената. Мислам дека одамна некој предложи да се укине истото во кафе муабети, зашто смешно делува неговата употреба таму и тоа ми се допаѓа-не е ниту приближно меродавно за квалитет на нечиј пост бидејќи се употребува во непотребни ситуации.