Подобро ќе беше да имаше Благодарам (за совет, одговор на прашање...). Ми се допаѓа = лајк = фб - и тука се крши филм. Баш природно си функциониравме и без тоа. Овде сме собрани да подискутираме, да изразиме чувства, фустрации, маки, и секако да се посмееме, утешиме... не ни се потребни лајк4иња
А јас мислам дека треба сите да знаеме кои се тие феминки. Добро е да знаеме со кој си имаме работа и какво чудовиште седи позади некој аватар. Не е фер вака, пазите се та пазите се, а некој, како јас на пример, врска нема што се дешава. А треба да се знае мислам, сите сме вклучени во овој форум и сите заслужуваме да дознаеме за кој се работи
Незнаев каде да пишам... има ли тема жалби и поплаки? Таман ќе ги научам аватарите кој чии е, ќе го сменат....епа нема смисла
за да се заштеди време можете да напраите да ни стига известување кога некој ке не цитира озбилно многу фали ова
Да биде забрането зборување за храна освен во соодветната категорија во која има многу теми наменети за тоа.За оние кои ќе ставаат слики од нивните специјалитети по останатите теми да бидат наградени со казна. Мислам нема смисла сите да испоцркаме пред монитор Фала, пријатно!
Дефинитивно треба да се тргне копчето „Ми се допаѓа“ бидејќи во сите расправии на форумов е замешано. И онака веќе скоро никој не ja знае неговата намена. Мало потсетување: И не се карајте за секоја ситница, ем им отворате работа на модераторите, ем го уништувате форумов. Поздрав.
Од модни критики (ако биде отклучена) обавезно да се тргне Ми се допаѓа. Затоа што под добра слика не се подразбира квалитетно мислење, A и се повеќе се ставаат лажни слики, постирани со цел да соберат лајкови и ако тоа продолжи ќе останеме без темава. П.С. Јас немам ставено моја слика, но редовно ја следам Модни критики и не би сакала да биде избришана.
Тие што ставаат лажни слики, се лажат себеси а не нас Спојлер до толку може да процениме дали се реални а тоа за собирање "ми се допаѓа" детски памет од нивна страна ако заради тоа си го губат времево на форумот
еден предлог до феминките: да не се користат темите за меѓусебно препукување, да избива кавга, од ништо да се прави нешто, како што беше случајот со темата модни критики.. поради една феминка за која незнаеме дали навистина ставала лажни слики или не, ние да ја губиме целата тема.. веднаш пресудивте, не оставивте ни да објасни.. не бранам никој, туку едноставно ги бранам правилата на форумот.. ако мислите дека некои слики се лажни, можете да ги пријавите кај одговорните за овој форум и готово.. не мора 10 страници да се полнат со кавги во врска со тоа.. и тука ја нема вината само еден, туку повеќе од нас.. кавгата во темата не ја направи ниту таа што ги постави фотографиите, ниту таа што прва ја обвини, туку сите останати.. да скратам, тоа што сакам да го кажам е да не правиме "гужви" низ темите за ништо, туку да ги користиме за тоа што се наменети.. ако сметаме дека некоја од нас ги прекршува правилата, можеме само да испратиме порака до некој од одговорните и тоа е тоа.. не мора да се создава кавга без причина.. или пак немора да се трупаат темите со цитирани мислења од некои трол профили, како што беше случај пред некој ден (не се сеќавам на името на лажниот профил), не мора постојано во секоја тема да се коментира за тоа.. затоа постојат модератори.. за да ги средат таквите работи.. ние не сме тие кои треба да судиме, ние едноставно можеме само да помогнеме, со тоа што ако забележиме некоја неправилност- ќе ја пријавиме кај модераторите.. и готово на форумот постојат многу поубави работи од неколкуте профили на луѓе кои едноставно не знаат што да прават со себе и со својот живот..
освен во модни критики како што спомнале погоре, копчево е злоупотребувано и во специјален поздрав до каде што се редат имиња на форумџики без врска знаеме со каква цел.
Ако не добиеш лајк во специјален поздрав до, каде на друго место? Навистина без врска па кога ќе прочитам долгометражни листи на поздравувања и знајни и незнајни т.е.прочитав неодамна кога се пребарував сама во случај на некој цитат, превртувам очи. Не дека навистина сакав да ве поздравам,ама редот е таков. Но, не сметаат лајковите пошо и онака нема никаква листа на квалитетни мислења по лајкови. Ако постоеше таква листа, "имав секс", "поздрав до 1..1001 *набројани членови*", "мачето ми умре" ќе беа најквалитетните мислења на форумов.
Има листа thankslist.php Мене не ми пречи некој да ме поздрави, и одамна уште додека бев модератор предложив таа тема во играчница да се префрли поради оваа злоупотреба, но ми пречи кога ќе видам копирано од кои се онлајн моментално и шлапнато во темата. Мислам, се знае со која цел е.
Не листа на членови , туку листа на најпопуларни мислења според копчето "ми се допаѓа". Значи највисоко рангирано мислење. И ако некој прочита дека е некое "Раскинав со дечкото што ме малтретираше", а гледаш на друга тема некој открива топла вода, ќе бара поп да го благослови и да си легни мирно во постела.
Исто. Ниту пак мене ми сметаат лајковите, ниту пак ги штедам, ниту пак ги злоупотребувам. И секако, сликата за феминката не ја градам врз основа на нив Само еден апел до драгите феминки. Ако постои некоја дебата со аргументи и цврсто стоење зад својот став, не значи дека постои препукнување и дека треба да се расфрлаат со пуканки одма. ( не мислам за караницата од модни критики ). Ова е форум и секој има право на свое мислење, а сите не можеме да размислуваме исто!
Каков ум треба да си за да направиш лажен, дупли прифил како сакате кажете го, само за да собираш повеќе лајкови??? Или тоа сеа што викате за поздравите до 10 реда со секој што е онлајн??? Баш сега заприметив, ретко ја отварам таа тема, и тотално сте во право. Јас сметам за себе дека имам бујна имагинација, ама што Стивен Спилберг уфилмани мозоци имало не сум знаеле Свака ви част и тоа не е лесно сигурно... Сеедно ми е дали имам 200, 300 или 1000 лајкови. Не сметам дека тие ме прават ништо појака!