Nekako vo posledno vreme zaostanuvate so informacii...Prethodno koga i da go otvorev ovoj sajt sekogas imase nesto novo,nekoja nova statija...
Мој предлог е темата Последна прочитана книга да се преименува во Последна прочитана книга и кратка критика, како што се случи со темата за последен гледан филм. Бидејки некои членови таму само ќе го напишат името на книгата, а веќе ја прочитале па може да кажат и збор два за неа, за останатите да знаеме што е и како е... А само името на книгата може да се напише во Моментално читам... Откако темата за филмовите се преименува се придржуваме до тоа, па можеби и оваа ако се преименува ќе се придржуваат повеќето...
Мислам дека има некој спомнато за ова, и мој предлог е да има опција секој член да си ги скрие мислењата ако сака, бројката може и не мора да стои пр. и кога ќе се кликне на неа да нема пристап до мислењата на членката која ги скрила, секако ова да важи за сите зачленети освен модератори и администратори, се подразбира. Чисто онака, ми текна на ова па да го напишам.
Мој предлог е Скриеното катче да може да се отвора после 500 мислења...секако темата Анализа на членови е само за оние над 500 мислења,а во темите Модни критики и Мода за клинци и клинцези членовите ќе се чувствуваат посигурно кога ќе стават слика од себе,бидејќи сино цветче може да се добие за 3 саата и без некои си којзнае какви мислења,а за зелено цветче веќе е друга приказна...мислам дека така повеќе ќе се зачува приватноста.
Да се додадат барем уште 2-3 бои на цвеќенца (за да ни биде форумов поразнобоен Пример: 2500 Портокалово цвеќенце 7500 Виолетово цвеќенце
Пред самиот наслов на темата нели има топки со линии, розева е ако не ти е отворена а има ново мислење,а плаво ако си го прочитала,или пакнема ново мислење. Е сега,запримети во темите каде што ти си пишувала на топките во десниот ќош има ваква * Се надевам појаснив
forumski-igri/vasiot-ljuboven-zivot-vo-naredniot-mesec-t10181/#p903539 ах,дури сеа видов,имало ваква тема,слободно избришете ја мојата,слепец невиден сум
На новите членови што имаат помалку од 50 мислења да им се забрани да отвараат нови теми. Вака за секое прашање нови теми отвараат без предтоа да разгледаат низ форумот дека веке има иста или слична тема.
нема логика што ако не постои тема за некоја болест, а некоја членка што има помалку од 50 мислења сака да отвори таква тема за да се информира,да чуе искуство,совети.....Ќе треба да прави офф топик во друга слична тема.
Потполно се согласувам со оваа НО ако оваа не е можно тогаш барем оние новите кои немаат 100 мислења да не можат да ѓи читаат мислењата на другите.Бидејки овде скоро сите откриваме многу за нас а верувам дека некој што е заинтересиран не му е тешко да се логира бидејќи сето тоа не одзима ниту 1 минута.По тешко би му било да пишува 100 мислења и да губи време за такви глупи цели А и сите сме свесни дека има преголем број логирани корисници од кои ни 50 % не се активни.Како и да е барем 20% од неактивните сметам дека се зачленети од таа причина...Мора и ние да имаме некаква заштита
Иако сум член со под 100 мислења, ќе се согласам со ова. Мора некако да се роди опција да се скријат мислењата, инаку местово може да стане идеално за трачарење, поготово што даваме информации за себе и за луѓе и настани од нашите животи...
Па ако се плашите за приватноста онда не давајте информации за вас или поврзани со вашиот живот Јас сеуште немам сретнато форум каде бројот на мислења е скриен, и не гледам некаква којзнае колкава потреба од тоа.
Кога си долго на форум, колку и да се пазиш тук таму си оставаш трошки позади себе, а и ако се криеме тотално и не даваме никакви информации тогаш би биле неискрени... и како јас пример да пишувам во темите за брак или дете а да кажувам постојано дека не прашувам за мене туку за братучеда ми...тогаш лажам. Е сега само од тоа можеби нема да ме откријат но малку од овде малку од онде и ете ти некоја слика. Па и сама имам препознато девојка која за жал после тоа престана да пишува...Не знам како е на други форуми но ако се може тука нешто да се стори мислам дека не би било лошо...
Добро тоа да и се согласувам до некаде, ама кога си стапнал на форумов и си решил да бидеш активен самиот си виновен ако ти се наруши приватноста. Не е никој друг. Сепак мислам дека нема потреба
Јас да бидам искрено многу работи премолчувам и не влегувам во некои си дискуси од причина што не сакам да си ја издадам приватноста.Еве сега гледам дека сум дискутирала во темата "Денешната младина" и притоа сум дала многу информации за себе и сега имам повторно што да кажам но ќе се воздржам токму од оваа причина а не дека јас немам свои ставови и се плашам на некој да контрирам Се додека е оваа вака јас повеке ќе читам од колку што ќе пишувам а и верувам и многу други членки... Бидејки многу малку се тие што не си го кријат идентитето, да не речам на едната рака се бројат. Плус не гледам форумот и членките со откирен идентитет да изгубат нешто туку само може да се добие бидејки сигурно ќе се активираат многу форумџики.
^Па и 100 мислења да се, лесно се прават во теми од типот на: Што појадувавте денес, Бадникари кај кого се падна паричката, Вицови и сл. Има теми кои едноставно не развиваат дискусија, секој своето си го кажува и толку. Е во тие теми лесно се прават мислења. И да, може во другите форуми не се скриени мислењата на членките, ама знаеме дека ова е пред се ако не и најпознатиот женски форум и што да кажам повеќе од тоа? Сме имале многу случаи од типот една феминка повеќе акаунти, тролови колку сакаш, манијаци и така натаму, за друго не сме ни свесни...со самото зачленување на форумов се губи минимален дел од приватноста, не мора да покажеш дел од себе пр. стајлингот за вечер за да те примети некој што те знае по пишувањето кој би можел да бидеш...
Може ли кај членовите од фемина каде што се бараат да се направи Пребарувај членови? Затоа што онака е потешко за барање
Имаш опција „пронајди член“. Кликни на „членови“ горе, ќе видиш дека има таква можност пред азбуката, над табелата