Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Има таква опција. Горе каде што пишува „Членови“, откако ќе влезеш таму има: Пронајди член memberlist.php?mode=searchuser или пак уште полесен начин да најдеш некого, отвораш било кој профил и горе кај адресата го бришиш неговото име, па го пишуваш името на членот што го бараш :)
     
    На Hiii и HeelsLover им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден спомнав нешто во СДК, еве сега да дадам овде предлог за сајтот.

    Бидејќи сега се пишуваат подолги впечатоци во темите Последна прочитана книга, Предизвикот за читателите и Последен гледан филм, направете две рубрики на сајтот во кој жените препорачуваат филм и книга.
    Може да се пишува на пример еднаш или два пати неделно, со тоа што ќе ставате некои поопширни постови од овие теми.
    Мислам дека убаво би ја збогатиле содржината на сајтот на тој начин.
     
    На WhiteAngel, Buttterfly, Marilyn-Monroe и 18 други им се допаѓа ова.
  3. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Па би можела да се обрати во темата општи здравствени проблеми.
    Вака гледам многу често некои девојки се зачленуваат и одма отвараат теми дали се бремени и сл без предтоа да ги разгледаат другите теми во кои има по неколку илајади мислења дадено за истото прашање.
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не е лошо да имате некоја статија и за спортот, барем овој во Македонија... Досадно е едно исто бе, овој се сликал, оној се сликал, острови гледам сега,сигнали си некои, глупости...

    Дајте малку новитети, сега бар за ракометов нешто...
     
    На WhiteAngel, Buttterfly, dancing.queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    И јас сум ЗА да има статии и за спорт, немора којзнае колку ама барем за некој поактуелни вести и барем за наште репрезентативци во сите спортови што настапуваат на поголеми натпревари надвор од Македонија
    + во пресрет е и Олипијадата :inlove:
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Епа и јас сум за тоа да има статии за спортот.За првенството во ракомет а и воопшто за фудбал,кошарка,тенис...
    Се докажавме ние женските како големи обожаватели на спортот па мислам дека повеќето овде би сакале да читаат такви статии а не само за Ким Кардашијан да се пишува.

    Друго.Мислам дека се неопходни нови подкатегории.За животни,за актери,за спортисти поединечно,се надевам дека скоро ќе има.
    Некој спомна за темата Модни критики.И јас се согласувам дека доколку ја отклучите темата,таа да биде достапна само за членови со 500 мислења.Затоа што да не се повторувам но лесно може да се направат 100 мислења и да се гледа кој става слики и да се загрози приватноста на форумаџиките.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Форумот, а и општо сајтот ми се баш мили, секој ден сум тука и кога веќе се спомна од одредени членки, морам и јас да се приклучам.

    Дневните статии се навистина (со сета почит) за никаде. Не знам кога последен пат ме заинтересирал некој наслов и сум го прочитала- 3 месеци имала врска со таткото на свршеникот?! :^) Епа аман :D Ако ова ме интересира шпански серии ќе гледам, има еден куп.
    Мене лично исто ми смета што во насловите ви стојат бројки, како на пример-7 нешта што сингл девојките не сакаат да ги слушаат. Речиси сите статии се со ваков почеток.

    Време е да се размисли за содржините, зашто верувам најголемиот дел го мислат истото.
     
    На Buttterfly, figgiMK, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    во темата Последен филм што го гледав да не се пишува : го фатив 5 минути на Сител ама интересен ми се виде, или Не е последен гледан ама ептен ме бендисува.
    има и постови со наредени 10 филма без врска, само наслови.
    и мислам дека не треба да го пишуваме буквално секој гледан филм колку мислења да се бројат. поголема вредност ќе има темата доколку ги споделуваме оние што ни оставиле некаков впечаток.
    знам дека има посебни теми за предложување филм по жанр, ама оваа е најпосетена и најчесто од тука и се добиваат идеи за гледање филм, а во 90% случаи сум се заебала. :)
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    И јас го мислев истото, ама не сакав да пишам да не ме нападнат одма. Ама кога ти веќе почна да се надоврзам. Навистина глупави вести/статии има понекогаш, освен таа што ја спомна, која каков фустан носела на оскар, некоја пејачка си таму вака направила, онаа раскинала со оној, оваа со овој,некое видео со бебе како се смее, слепо маче како го малтретираат и злоупотребуваат за популарност на јутјуб итн. Па ние навистина сме девојки, но има и машки кои не следат, а и ако сме девојки не значи дека треба да дознаваме само за некои трачарски работи, треба малку и научни откритија да се ставаат, повеќе да се ангажираат во смисла на следење нови настани, собирање материјал, преведување, класифицирање... :$
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас пак многу ретко го отварам сајтот, ни хороскоп не читам веќе. Ако се продолжи овака комотно може да премине од Фемина.мк во КимКардашиан.мк |(

    И мој предлог, да не се отвара модни критики.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Ја мислам дека редно време е да добиеме верзија за мобилен телефон, за на читателите како мене да ни биде поедноставно и побрзо :|
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Со ова не се согласувам. На многумина од нас ни беше океј темата. За тоа што не се превзема ништо против членките што постираат лажни слики треба да се среди, но темата би требало да се отвори. Не знам колку забележавте, но после затворањето на темата, форумов е некако мртов. Можеби е таков периодот кај сите, но мислам дека на многу им фали темата.
    Расправии имало на многу теми, па се бришеле оф-топиците и се отклучувала темата. Не гледам причина зошто да не се направи истото и со темава?
     
    На Chocolate.me, tinkerbelll, maca99 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ се согласувам со марама.
    Како прво убаво дојде паузава од темата.
    Но од друга страна јас сметам дека воопшто не се ригорозни казните за оние што не ги почитуваат правилата. Си постои на воведната тема кои се правила, а што се добива ако не се почитуваат? Само се брише сликата.
    Мислам постои и опција бан, вие таа ја користите на тие теми премногу ретко.
    КОга некој би знаел дека Марама да речеме постирала лажна слика и добила 1 месец бан може ќе размисли, а вака ќе си напука лајкови и ако случајно се дознае ќе и биде избришана сликата и готово.
    Јас кажав не е лошо и тие лајкови ако воопшто постои таа опција да се избришат. Ако некој сака да добие критика или пофалба нека ја добие на збор, а не некоја позната членка ставила слика ќе добие 75 лајкови, а ниедна критика ил пофалба, си и качуваат рејтинг на миленичката.
    Ако се планираат некои измени во темата таа подобро ќе функционира.

    А друго мене лично темата за мода за клинци и клинцези ме нервира кога ќе стават слики од на братучетка/тетка/комшика дете и оп ајмо лајк лајк. Дали мајката знае дека нејзиното дете е оценувано и се ставани слики на форум? Сте размислиле за тоа?
    Јас да имам дете не би сакала некој од него без моја дозвола да става слики на форум.
    Ок за мајките што ставаат од дечиња слики или од братчињата/сестрички, но тие што ставаат од туѓи деца исто ми е за санкција.

    Воедно прочитав на неколку наврати, нема да спомнам никови, дека ова им се втори јузери. Првиот не им се допаѓал, една потенцираше имала неубав прв ник. И тоа јавно го кажуваат а вие толерирате?
    Значи ако не ми се свиѓа нешто оп ајде нов јузер ќе си отворам.
    Безвезе!

    Премногу сте млаки со тие казни. Затоа и ќе има караници и затварање на теми.
    Ок тоа е политиката на форумот, но размислете бројот на членови се зголемува, не е исто да се води форум со 2000 членови а не и со 30 илјади. Премал е бројот и на модератори.
    Со развојот промените се секогаш добродојдени.
     
    На kate21, Chocolate.me, tinkerbelll и 5 други им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Марама и Роси.
    Темата треба да си постои и не гледам причина зошто не би постоела. На многу странски форуми има вакви теми и истите успешно просперираат, на истите се испишани по илјадници страници, се отвараат продолженија итн. А ако толку многу пречат лајковите нека се тргнат од оваа тема и крај на приказната.

    Друго, стварно се претерува со заклучување на темите. Наместо привремено да се банираат форумџиите кои не ги почитуваат правилата, овде веднаш се оди на заклучување на темата. Ова не се однесува само на Модни критики, туку општо за секоја тема која се заклучува. Многупати во некоја тема ќе се развие дискусија и оп истата ќе биде заклучена. Заради тоа веќе и нема квалитетни дискусии на форумот.
     
    На kate21, Chocolate.me, maca99 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.460
    Јас имам забелешка за темата Последен филм што го гледав...и кратка рецензија.
    Ај што се ставаат секакви филмови, тоа сепак е ок, за вкусови не се дискутира, но проблемот е во рецензиите.
    Премногу се открива од содржината на филмот, детали, и потоа како некој да го гледа филмот, ако знае што е поентата и каков е крајот.
    Мора да се преземе нешто во врска со ова.
    Нека се опоменуваат членовите кои нема да се придржуваат до правилото, ако сакаат да откриват детали од филмот, нека стават во спојлер.
    Истото се однесува и за сериите.
     
    На Mayyya, anabel-a, glamour-lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Како знаете ставајте смајли што се крсти, и тоа не само со една рака.
     
    На Chocolate.me, anabel-a, x.Daisy.x и 3 други им се допаѓа ова.
  17. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    И со нога што се крсти е потребно. :D
     
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Би било убаво ако пребарувачот работи и ако не сме вклучени.
    Колку пати се вклучувам без најава и немам пребарувач.
    Освен ако е за заштита, е тоа е друго...
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    А зошто уште не ја отварате Модни критики? Мене ми е многу досадно без неа.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Не прашувајте во темите зошто ви било избришано одредено мислење, заклучена одредена тема и сл. Најверојатно не сте ги почитувале правилата. Ако сметате дека некое ваше мислење било неправедно избришано, испратете лична порака до некој од модераторите.