^И мене ме интересира. А за модни критики исто така администраторите се чекаат да одлучат за судбината на темата.
Сакате да се смири ситуацијата со темата Модни Критики ? ! ? Блокирајте ја опцијата ЛАЈК на споменатава тема . Јас ви гарантирам ќе се полнат 5 страни за недела и пол . Лајковите си го прават своето уствари ко наслов статија ЛАЈКОВИТЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ . Ќе видите штама на темата ако не е вака јас се откажувам од форумов не можам да речам сечам глава не можам да докажам :geek: . Ај да не се лажеме уште фали некоја и со пижами да се избаци јас и мојата комбинација . И немојте одма со камења по мене сите знаеме дека е вака .
Izvinete za latinicava. Nie ja sakame temata, ne lajkovite. Isto kako vo igri neka se iskluci taa opcija. Ne veruvam deka site stavaat sliki za lajk. Jas si stavam slika za da procitam komentari i tie poveke mi znacat nego lajkovite pod slikata.
Во тој случај можеби си една од оние што се бројат на една рака , можам слободно да кажам да не и се битни лајковите ... Немој да ми кажете дека немате забележано дека некои тотални анонимуси што ги има само во кафе муабетот ќе се избацат со комбинација де дека на нив им е битно вашето мислење ? ! Стварно ? ако е така им треба совет тогаш има тема КАКО ДА ИСКОМБИНИРАМ ако била за совет работава.Факт е дека Модни Критики стана ко банка . Ти притребале лајкови трк до темата . А да не праиме муабет што ќе се избаци некоја феминка со облека што СТВАРНО е за own: и гледаш 5485454544589 лајкови . Се лајкува корисничкото име или комбинацијата ??? А да и ова малку е комотно да кажам не фер спрема други феминки да билдаш рејтинг со постирање на комбинации . Секоја чест на тие што не ја ЗЛОУПОТРЕБУВААТ темата , ама ретки се од да да . Не може тој член бар за мене да има иста вредност како некој што го има секаде макар имал и 50 лајка .
Имам еден предлог за Фемина. Водена од примерот на други форуми (повеќето странски), сакам да предложам да се воведе некој вид на нотификација за челеновите кога нивното мислење ќе биде цитирано и кога нивното мислење ќе биде лајкнато. Мислам дека многу ќе ни олесни на нас членовите затоа што ќе бидеме во тек со она што не интересира и со темите што ги следиме, инаку, вака е многу непрегледно и одзема време и нерви додека ја рефреширам страната, па да прелистувам за да видам дали некој одговорил на прашањето или не... Сериозно, земете го ова во предвид.
Еве брз одговор. Даниелла не се секирај, земено е во предвид сигурно, а и башка е многу дискутирано и прашувано за ова истово. А ако сакаш да видиш кој те цитирал имаш друга опција во http://forum.femina.mk/search.php напредното побарување да си го пишеш корисничкото име и ќе ти излезе се кај што имаш ти пишувано.
Да бидам искрена,мене дури и лајковите во Модни критики не ми сметаат.Иако ретко ставам комбинации,речиси никогаш. Не ми пречи ако под сликата на некоја феминка има безброј лајкови,затоа што ако комбинацијата е добра не гледам зошто да не кликнам ми се допаѓа,ако веќе не ми се остава коментар или немам никакви забелешки.Ако е затоа во сите теми треба да се забранат лајкови затоа што реално има многу теми во кои се пишуваат мислења со јасна цел да се добие лајк.Еве,која е поентата во Смешни мислења да има опција за лајк? Ќе си прочитаме,ќе се насмееме и толку.А вака приметувам дека има некои членови кои само ќе го пренесат мислењето на некоја форумаџика и се трупаат со лајкови.Овде барем на модна комбинација се клика ми се допаѓа.
Да, Лукс, знам за ова. Ама сепак не е исто како да ти стигне нотификација, нели? Ајде, се надевам дека наскоро ќе бидеме подновени Се извинувам ако се повторувам, ама не ја прегледав цела тема па затоа само директно прашав.
Не сите се замараат за тоталните анонимуси или за девојките кои добиваат лајкови поради име, а не креација, само некои За што може на некого да му притребаат лајкови? Може јас не сум у тек, ај некој нека ме просветли Каков рејтинг какво кревање.... Ако некој решил да биде активен во тоа катче и го нема насекаде низ форумов каква врска има тоа со фер плеј? Очигледно не му е битно колкава е неговата вредност во туѓите очи, не се ни труди, си има афинитети кон таа тема и ништо више. Јас добивам впечаток дека затворањето на темата нема врска со офф топиците или евентуалните крадени слики, туку оти премногу членови се замараат со темата или со тие кои активно ја посетуваат.
Еден мал предлог мислам дека темата Гинеколошки преглед треба од категоријата Секс да се префли во категоријата Здравје. Пишав во друга тема , ама тука е местото на ова.
Зошто толку строго се држи темата Општи прашања, кога е општа тема? Колку убаво беше со СДП, што ти текнеше на умот си прашуваше без проблем и одма си добиваше одговори. Сите среќни и задоволни. Сега со Општи прашања, ми е страв да прашам нешто. Спојлер Се согласувам да се почитуваат правилата прашањата да се поставуваат во дадената тема, ама во СДП се` одеше многу побрзо. И зошто да е средена? Не верувам дека некој од прва страница си ја чита па бара одговори. Сите конкретно кога бараме нешто одиме на темите. Така да, дајте ни малку слобода, немојте и овде на форумов да не` држите стегнато.
Не прашувајте во темите зошто ви било избришано одредено мислење, заклучена одредена тема и сл. Најверојатно не сте ги почитувале правилата. Ако сметате дека некое ваше мислење било неправедно избришано, испратете лична порака до некој од модераторите.
Точно, мислам темата Општи Прашања, е многу почитана од соодветната тема за прашање. Се сложувам дека се држи многу строго. Ако прашаш, ти бришат мислење. Темата Модни критики (за не толку храбри феминки) да се отвори. Мене ми значеа коментарите, учам од нив.
Па мислам дека низ странициве наназад се согласивме дека е потребна една тема за општи, кратки прашања за кои нема никаква тема, дека сдп се искористуваше до максимум, па затоа и таква тема е отворена. Јасно си стои во воведот и тоа е тоа.
Да,ама планирате ли СДП да ја отклучите...којзнае колку месеци е заклучена,уште ли се бришат оф-топици