Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Ако може некако да се изведе, при изборот на аватар да се отворат сликите (класифицирани во одредени потгрупи) прикачени во темата Аватар. Знам дека станува збор за огромен број на слики и дека е тешко изводливо, но е интересно и темата би добила поголемо значење.

    А, вака, ретко кој ги прегледува претходните страници, се прикачуваат најразлични слики и во различни големини. Не знам дали веќе има дефинирано со колкава точно големина треба да се прикачуваат конкретно во таа тема, но добро би било доколку не постои такво нешто, да се конкретизира, за да не само се преблокирува. И онака, нема доволна прегледност.

    Со еден збор, да се поработи на малку на таа тема. И не само да се прикачуваат сликички, туку водењето дискусии околу одредени фотографии или барање/давање предлози да не се смета за оф-топик.

    Just saying... ;)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Мислам дека е добро за очувување поголемо ниво на анонимноста, кога веќе не постои опција за целосна недостапност до било кој профил, барем да нема достапност до сите мислења на форумџиите. Пр. кај форумџии/ки со неколку илјадници мислења има неколку стотици страни, така да направете барем да се видливи САМО последните 10 страни, бидејќи и онака најчесто кога некој се зачленува заради барање помош или решение на конкретен проблем, го соопштува истото на самиот почеток, воглавно тоа се оние информации кои се компромитирачки. Вака во голема мера ќе се очува анонимноста, бидејќи доколку некој дошол со мисија да открива или злоупотребува нечиј идентитет, му се утежнува до краен максимум ,,активноста,, бидејќи мала веројатност дека ќе се зафати со листање на сите теми, од кои многу имаат по стотици страни со одговори, за да налета на конкретните мислења на следениот ник.

    Со оглед на тоа што не е веќе ни тајна дека озборувањата на форумов се присутни, дури настанати се и некои ,,истекувања,, на инфо во реалниот, надвор од виртуелниот свет, сметам дека во интерес на сите е да бидеме позаштитени. А оваа постапка воедно би дала и поголем кредибилитет и доверба кон самиот форум.
     
    На dancing.queen, kate21, JoxyTheFreak и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Извини, ама прашање дали шлагот може да се измати со вода или не, не е општо прашање. Фала Богу дека ќе ми го избришат! :D

    Па и јас па, требаше во како да искомбинирам да си прашам... дека со палачинки го комбинирав, не за друго.
    |(
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.103
    Пол:
    Женски
    Па и не е општо прашање. Има тема за шлаг пена, а и за палачинки, нема потреба да прашуваш во општи прашања, па таму да се разврзува муабет дали и како се прави шлаг пената, кој како ја прави и сл. :)
     
    На Gordana10 и k.i.m им се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Плус има општа тема за Кулинарски прашања. Не сфаќајте го тоа „Општи прашања“ толку буквално, читајте го воведот :)
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Стварно претерувате со бришење во општи прашања.
    Никому не му пречат, никој не ја прегледува темата од почеток до крај!
     
    На Neytiri, x.Daisy.x, BoaVista и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    И мене ме интересира по кој критериум некое прашање го класифицирате како ОПШТО?

    Имам 2-3 пати прашано и толку пати ми е избришано мислењето без да добијам одговор. Зошто факт е дека подфорумот кафе муабети е еден од најчитаните и логично е таму побрзо некој да го прочита моето прашање отколку на некој друг подфорум.

    Ова јас го нарекувам неефективна строгост. Буквално ништо не постигнувате.
    Или сменете го името или дадете некој критериум за да знаеме какво прашање да поставиме.

    Втора работа, предлагам да се отворат темите модни критики.
    Зошто и тие беа одреден процент од вкупниот рејтинг на форумов.

    Трета работа немам.
     
    На Juicy03, Neytiri, dancing.queen и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Мислам дека прашање во „Општи прашања“ е офтопик ако има веќе тема која би била соодветна за прашањето.
    Модераторките нека објаснат поубаво.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.103
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека едно сто пати имаме кажано дека во воведот е објаснето. :)
    Еве за тој што не прочитал, пак кажуваме дека таму може да се прочита.
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Kaко што реков, ако некој сака побрз одговор на некое прашање од лични причини нормално дека ќе го постави во подфорум кој е поактивен.

    Темата е од типот прашање-одговор. Нема апсолутно никаква дискусија,па да има офтопици и темата да отиде во погрешен правец, па да се бришат мислења.
    Едноставно прашуваш нешто што моментално те интересира и за тоа кога ќе добиеш одговор, среќен и задоволен ја затвораш темата и никому не му пречиш.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    ^ Да, се слагам, а плус и ова бришењево многу деспотски ми делува. Кога веќе има други теми правилно би било да ги преместите мислењата за тие одговори да послужат и друг пат.
    Исто и постојаното цитирање на правилата, штом упорно добивате забелешки за иста работа значи дека треба да ги земете предвид.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.103
    Пол:
    Женски
    На 65та до 70та страна негде на темава за истото е дискутирано и објаснувано кога се заклучи сдп. Се разјасни дека е потребна тема за кратки прашања, па затоа и се отвори. Ама не е кратко прашање овој производ дали е добар или не, а има триста теми за тоа. Не е кратко прашање дали ваква или онаква пудра, каде да се најде, а има веќе толку теми за пудра.
    Кратко прашање е дали денес работи нешто, дали...
    За префрлање на мислењата не е можно да се прави бидејќи модераторите не можат да преместуваат од една во друга категорија, па затоа се и такви правилата на темата.
    Друга работа е што многу има незачленети кои го читаа форумов барајќи одговор во соодветната тема, а таму нема одговор бидејќи дискусијата завршила во општи прашања, за по некое време повторно некој да го праша истото и се така во круг.
    И тоа е тоа на темата, не знам што уште би можеле да имате нејасно.
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Уште ова нејасно и готово:
    Незачленетите уште помалку ќе најдат одговор ако дискусијата која била во општи прашања е избришана.
    Ем соодветната тема празна, ем нема информација на форумот. Вака ќе си напише клучен збор во пребарување, па и на гугл и ќе излезе нешто.

    А има ли подобрување на активноста во соодветните теми поради ваквите мерки во општи прашања?
     
    На Trendafilka и Ashling им се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не дека ставав слики во модни критики или сум многу потресена што сега е заклучена, ама е крајно безврска што не ја отварате и тоа само затоа што се ставале лажни слики-а реално тие лажни слики ги ставаат некои скоро зачленети, а не членки со стаж на форумов.
    Истото се случувало и со многу други теми кога ќе дошло до караници, а ефектот на сето тоа, барем јас, не го гледам.
    Освен тоа, кога е јасно дека сите сакаме да се врати СДП, не ја разбирам поентата тоа да не се направи.

    И така ние вергламе овде, вака онака, ама нас никој како да не не ферма.
    Патем Реинбоу не мислам на тебе, знам дека главните одлуки не ги носиш ти :)
     
    На BoaVista и marama им се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мислам дека токму поради тоа ограничување и заклучување на одредени теми е намалена посетеноста на форумот.Место да се опоменет оние кои ставаат лажни слики се заклучува една од поактивните теми.
    Сепак ваше си е,колку и јас и некои други членови да пишуваме овде критики и забелешки тоа нема да придонесе ништо.Само форумот губи на квалитет поради тоа и не знам дали приметувате но во последно време е многу монотоно.Многу членови не пишуваат повеќе а искрено и не ги обвинувам.
     
    На BoaVista, Doozy, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Секое прашање опфаќа одредена тема.
    Сега баш ја разгледувам темата и изобилува со прашања што можат да се постават на други теми,а се поставуваат таму.
    Значи различно го разбираме поимот "општо"
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Можат да најдат одговор, ако прашањето е поставено во соодветната тема и на истото одговорено.Што значи соодветната тема нема да биде празна и ќе има информација на форумот.
     
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Од страниците поназад може да се заклучи кои работи ги сакаме:
    1.Отклучете ја СДП,многу добра и корисна тема беше!
    2.Отклучете ја Модни критики.
    3.Направете нешто за да се зачува повеќе приватноста,имате неколку предлози наназад кои мислам дека треба да се разгледаат.
     
    На dancing.queen, figgiMK, Adi888 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    4.Отклучете ја вашите нокти.

    Најубавите страни за забава се заклучени :)
     
    На dancing.queen, figgiMK, Meggy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Бришете бе пилиња ако сакате, бришете, нема проблем. :D Кога си прашав, пржев три палачинки истовремено и искрено немав време да пребарувам низ форумот. (многу се гордеам со палачинките, ако сакате и слика ќе доставам во соодветната тема, а дали ќе биде офтопик ако ставам иста слика и во палачинки и во шлаг пена, зошто на сликата има и палачинки и шлаг? Од друга страна, има и чоколаден прелив, па ќе се потрудам да најдам и таква тема, Чоколаден прелив. Затоа што сакам да им УКАЖАМ на наредните генерации дека да, шлаг пена може да се прави со вода, само треба да и ставиш малку шеќерче. :wasntme: ) Јас си ги направив и си ги изедов палачинките, фала на прашање, па сега.... :D

    п.с. Јас се извинувам за грубоста и иронијата, обично не ја користам во секојдневието и ме нервира нејзината употреба, ама ме нервира и кога некој упорно ме тупи за нешто за кое единствениот нормален одговор е следниот -->
    [​IMG]

    п.п.с Не е општо прашањево, да се разбереме. :!:
     
    На dancing.queen, enca.69, SexyLady и 6 други им се допаѓа ова.