Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Вашите нокти е заклучена многу пати досега, и на секое отклучување Лилит повторува да се следат правилата, да не се развива дискусија, само да се ставаат слики од ноктите. Се почитува правилото за кратко време и повторно се започнува дискусија.
     
  2. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Па добро во право е што ја заклучи имаше неколку страни дискусија, но веќе помина долго време од како темата е заклучена.И што сега зарем темата никогаш нема да биде откучена?

    А за оние кои ги прекршуваат правилата нив нека им биде доделена казна а не вака цел форум да го казнуваат.Без разлика за која тема се работи.
     
    На dancing.queen, figgiMK, Sanniii и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ммм да да,а и можат тие да се опоменат тие феминки по ЛП да си се прашуваат како се правеле ноктите и.тн. Не мора да стои толку долго време затворена.А и ете уште една идеја,кога некој ќе стави нокти,ако има некоја посебна техника нека ја напиши за да се знае како се правени,па да не се отвараат толкави дискусии,исто како и за вашата шминка.

    (Абе нели се бараа дискусии во форумот,а сега кај што има дискусии се затвараат темите :^) )
     
    На LilBaby, CIA, Hiii и 2 други им се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сите оффтопици може да се избришат за 10 мин., ама ајде де... |(

    И верувам дека пак ќе има оффтопици. Ако ништо друго, секогаш ќе се најде некоја нова феминка која ќе прашува. Па и нека се прашува. Не е страшно. Нокти се во прашање, а не истражување од Наса. :lol:
     
    На SexyLady, Hiii и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  5. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Незнам дали ќе се важи ова за предлог за форумот но ми текна да направиме некое списание Фемина.
    Ама спонзори треба,ова она.
    Прво мислев во електронска форма али ај ...
    само кажав а вие кажете дали би имале можности и слично.
    позз :*
     
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Има веќе предложено фемина списание.Ама мислам дека нема да се реализира :?:
     
  7. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    се извинувам,незнаев.
    сепак добро би дошло едно списание :D
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    Очигледно луѓево мислат дека дискусии се ствараат само во Политика, и Скопје 2014 и за премиерот. |(
    Или пак `Гратиси за ЕП`, можда.
    И `Модни критики` и `Вашите нокти` ми се допаѓаа како теми, не дека не се може без нив, али беа плакнење за очи, и дефинитвно што се однесува до ноктите конкретно многу ми се допаѓаше тоа што гледав разни техники за правење на нокти, многу новини, дополнував колекција од лакови со некои што ги гледав таму, и за да не се бунат - прашував по ЛП.
    Ама ајде, се што ќе се затвори од чистење офф-топици, веќе не се ни отвора.
     
    На Meggy, BlackSwan5, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски

    Но, од друга страна зошто да прашувам по ЛП и да и досадувам на некоја форумџика со која немам разменето ни збор, за тоа како се прават ноктите. Темата е за нокти па нормално е таму да има дискусија. И во модни критики некогаш кога ми се допаѓало некое парче 100 пати ќе размислам дали е океј да и пишам на девојката од каде е.
     
    На figgiMK, SexyLady, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека сосема непотребно се тренира стогост по форумот.
    Да не се пишувало и да не се прашувало во темите за нокти, во модни критики, да се поставувале само општи прашања во темата за прашања, а никој не знае да каже што точно се подразбира по општо прашање. Се заклучуваат теми во кои се развива дискусија за да се чистат офтопици и не се откллучуваат со месеци. Банирање на одредено време или од одредена тема не постои, ама затоа директно се оди со најстрогата мерка - заклучување на тема. Во СДК се бришат или преместуваат мислења зошто биле оф топик :o ?!? Па што може да биде оф топик во СДК?!? Што треба да се напише во СДК за да не биде оф топик? Раскази за првиот снег или за убавата есен?!? Мада и тоа е оф топик, зошто сигурно постои некоја тема за годишни времиња. Ова го пишувам затоа што мене ми беше преместено мислење од СДК во темата Бадник зошто во мислењето спомнав нешто за паричката.

    Ок е тоа што модераторите се трудат(го почитувам нивниот труд) да воспостават некој ред, ама бре ваков ред ни во војска нема. Се ваквите работи се повеќе и повеќе ни се ограничува слободата на дискутирање и многу форумџики се откажуваат и не сакаат да влезат во дискусија, затоа што ако се опуштиш и дебатираш со некого, темата се заклучува ради препукување, а нема везе дека е препукување.
     
    На dancing.queen, BeYourself, figgiMK и 10 други им се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    А, ако јас ставам слика од нокти, треба на 10 форумџивки (ако ме прашаат) по ЛП посебно да им објаснувам како ми се направени ноктите (зависно на која што не и` е јасно)? |(

    Затоа најдобро е, таа која постира слики во споилер да ја опише целата техника и за сите да е јасно. Не сите пишуваат и постираат, но многумина само читаат и ги интересира. Така е убаво и за нас, ама и за незачленетите читатели.

    И, ајде некој абер да добиеме кога (и дали) се отвараат темите. :)
     
    На dancing.queen и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Кафе-муабети
    Кажете сè што ви лежи на душа. Оф-топик разговори, дружење.


    А после кажуваат оф топици имало :^)
    Па нели така пишува,дека овде можат да се водат оф-топик разговори :^)
     
    На Buttterfly, eli25, Meggy и 8 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.104
    Пол:
    Женски
    Да де, затоа нема дискусии, зашто премногу е строго тука. :)
    Не, бидејќи ретко кој знае како да води дискусија, а да не има вклучено навреди еден куп. Потоа сите ќе ги пријавите мислењата, се што сметате дека е навредливо, па зашто моето беше редактирано, нејзиното не, или зошто тоа зборче стои таму, па ќе барате да се заклучи темата. Е затоа нема дискусии.
    Се измеша реалното со виртуелното како почнаа запознавањата, секакви муабети по лп за оваа или онаа, како што веќе се дозна, па се испооткажаа после од форумот.
    Дискусија само каде што не треба, во тема за слики може да се развие, тешко на друго место. Тоа е тоа.

    А Вашите нокти ќе биде отклучена деновиве секако, а за Модни критики веќе кажав дека администраторите се чекаат.
     
    На Chocolate.me и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Во кафе-муабети одамна е веќе полабаво, во СДК се ставаат и вицови, и поучни текстови, и инспиративни слики, и смешни видеа и слики итн. За сите овие работи си има тема, и порано се бришеа/преместуваа, а сега остануваат во СДК (барем поголемиот дел). А мислењата за Бадник и паричката беа сите преместени затоа што имаше премногу мислења од типот на: „Ми се падна паричкатааааааааааааааааааааааааа“ и најмногу поради прегледност беа преместени во соодветната тема.
    Општи прашања е за кратки прашања за кои нема тема, имавме дилеми за насловот и тој ни се виде како најсоодветен, намерно не сакавме да се вика: Сакам да прашам...? бидејќи во темата се прашуваше се и сешто, а во оваа е веќе потенцирано дека е за кратки прашања.
    Имајте предвид дека форумот веќе достигна 30 000 членови, а сме само 11 модератори.
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.324
    Модераторите се малку, тоа да.
    Ама да не заборавиме дека не можеме да си ги бришеме профилите па тие си се бројат како бројка иако можеби не се чепнати со месеци, не е дозволено менување на никот па многумина се одлучуваат на втор поради зачувување приватност...

    И стварно не ја сваќам целава магла околу модни критики, осеќам целосна игнорантност од целиот тим кон мене барем лично како дел од ова фемина катче. Се гледа т.с чита дека постои интерес, а ние и понатаму чекаме и чекаме на фамозната одлука за судбината |(
     
    На Snow-Queen, girl.23, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Целата активност е концентирана само во Кафе-муабети, а верувам дека може истата да се пренасочи и кон другите категории.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Во право си girl.23
    Затоа и дадов предлог:

     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    А мислам дека и покрај се фалат повеќе модератори, конкретно категоријата Филм и Тв, врие од оффтопици, непотребни теми, т.е има две или три слични теми, мислења кои се сосотјат од 2-3 збора!
    За темата последен гледан филм и кратка рецензија имам многу забелешки, мислења кои мислам дека се вишок или напишани само колку да се пополни број на мислења.
    2-3збора не е рецензија, но ајде, подобро и тоа него само една слика лупната.
    Мислам дека нема потреба од толку време да се чека некој тема да се отклучи, која очигледно е една од најкоментираните, самите викате само 11 модератори се малку, па изберете повеќе за една катергорија и решен проблем ем поефикасно ќе работат ем ќе има помалку офф топици ем ние ќе бидеме позадоволни :)
    Сметам дека скоро за секоја категорија треба да има барем по еден различен модератор, а не еден да уредува 5 категории, потешко е и за него и за нас а и поефикасно :)
     
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547

    Па имаше конкурс за модератори :!:
    Кога ќе ги објават резултатите ќе биде почист форумот од дупли теми и спамови :)
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Поентата ми беше дека се повеќе се зголемува бројот на членовите, секако дека сите 30 000 не се активни...
    Доколку забележите дупла тема или офф-топик, пријавете на извичникот, ние можеби не сме забележале.
    За болдираното, ние не можеме сами тоа да го сториме, кога ќе се назначат нови модератори, верувам дека ќе биде поорганизирано.
    Додека пак за кратките мислења секогаш ќе има, не можеме нив да ги избришеме се додека се во врска со темата и не се офф-топик.