Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Па, ако се малку модератори, зголемете го бројот. :) И онака, не им плаќате пари за тоа. ;)
    И нека се заострат критериумите = модераторите да мора да се редовни на форумот и да го средуваат, ;) а не и самите да прават оффтопици. :lol:

    И зошто на сечиј коментар, ако не ни се допаѓа одма мора иронично да враќаме, да се зајадуваме, да дебатираме напнато? Секој си има свое мислење и треба да се почитува. Нека има дебата, ама не одма зајадување и исмејување. ;)

    И треба да им помогнуваме на новите членови полесно да се снајдат на форумов, да ги прифаќаме, а не да се однесуваме препотентно со нив. :x
     
    На LoVeR, Snow-Queen, DeMelo и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.444
    Мислењето го редактирав бидејќи ми објасни модераторот зошто сум избришана, и дека постои таква тема.

    Друго, ми беше избришано мислење во темата Фудбалски натпревари, а притоа мислењето не содржеше ниедна навреда, ниту беше офф топик. Во истата таа тема, во меѓувреме летаа постови во кои девојките жестоко се напаѓаа, според мене не се навредуваа, бидејќи се коментираше за натпревар, ама ако гледаш од страна ќе сфатеш дека партал се направија, и јас бев избришана, која сум неутрална, бидејќи не навивам за Барса, ни за Реал, а во мислењето пишав за Меси, и му го чиститав роденденот на Мурињо. Пишав и дека, ќе обидам да го напишам точно: Дека или не се разбираш во фудбал, или си толку голем фан на Реал, што неможеш да признаеш дека Барса игра тимски и добро. Тоа се однесуваше за Меси, бидејќи девојкиве се препираа дека Меси без Чави и Иниеста не го бидува, а јас тврдев дека играат тимски.
    И кажете што има навредливо овде, играта на Меси, роденденот на Мурињо?
     
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Џули тоа мислење мислам дека ти е по грешка избришано,мислам дека сега е повторно во темата.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.444
    Не ми е вратено, проверив. Не ми е толку до мислењто, туку до тоа што бев без причина избришана.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.115
    Допаѓања:
    67.097
    Пол:
    Женски
    Никој нема бришено мислења во темата Фудбалски натпревари, сега проверив.
    И затоа се праќа лп до модератор, да се праша што и како се случило, а не веднаш тука да се жалите дека некое мислење ви било избришано.
    И уште еднаш ве замолувам доколку имате прашање во врска со мислењата да прашате по лп.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.444
    Тогаш каде ми е мислењето?
    Прв пат се жалам, иако не секогаш сум бришана поради офф, ама сега непостоеше никаква причина.
    Многу мислења се бришат иако нема потреба за тоа.
    И за прашањето во Општи прашања, за библиотеката, проверив во темата, ама нема таков одговор, можеше само да биде преместено.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.115
    Допаѓања:
    67.097
    Пол:
    Женски
    Провери си ги мислењата да не си го пратила во некоја друга тема.
    Прво, на слободно време модератор е Ангелче, која ретко модерира, а јас не сум бришела во темата.
    Второ имаме опција види ги логовите на секоја тема што значи секоја акција што е направена може да се види, а во темата воопшто не се ни бришени мислења.
    А за тоа зошто не се преместуваат мислењата можеш да прочиташ поназад, исто така е одговорено едно мал милион пати. :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јас слики не постирам, ама имаме една интересна тема за Нокти- сликаме на одредена тема, која би можела да се направи уште поинтересна и натпреварувачка, со тоа што на пример, за победникот на неделата Фемина би можела до безбеди некоја награда, некои лакови за нокти, нешто козметика на пример, или слично.
    Тоа ќе биде мотиватор плус за поголемо учество. Вака ми е игра без цел :D
     
    На Cence, figgiMK, Snow-Queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Оваа идеја знам дека е возможна,доколку дозволи уредувачкиот тим,бидејќи ја имам сретнато на доста форуми кои опстојуваат подолг период (од 2009/10),па го дале ова како шанса за своите членови:

    Многумина од членовите веќе долго време се на форумов,некои и од самиот почеток.Многумина од нас кога се активирале, не ни размислиле,па си ставиле име како ник, или некој ник за кој не ни размислиле многу па не им се допаѓа.
    Дозволете рок од 48-72h ново отворена тема Промена/нов на ник, каде што секоја членка која ќе сака да изврши измена на својот ник ќе постира пост како ќе сака тој да изгледа.
    Пример:
    ....и сите така ќе постираат што сакаат.
    По истекот на рокот, темата се заклучува и потоа останува до тимот на фемина да ги смени никовите.
    Мислам дека феминките заслужуваат една ваква шанса, после толкава дружба и доверба кон Фемина.

    *Оваа идеа не значи дека сега треба нон стоп да се прави, еве сега па после 2-3 години пак може.Но верувам дека многу од феминките ќе бидат среќни и благодарни на оваа шанса.
    Hipster and girl.23 ги земав како пример знам дека нема да се наљутат ;)
     
    На x.Daisy.x, DeMelo, girl.23 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    ^
    Или пак може да има опција по зачленувањето само еднаш да се смени корисничкото име и никогаш повеќе. :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не треба да се менуваат корисничките имиња, зошто ќе стане каша попара форумот.
     
    На dancing.queen, Justice, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.797
    Пол:
    Женски
    Технички не е изводливо толку брзо да се променат корисничките имиња, потребен е подолг период. Затоа се донесе правило да не се менуваат корисничките имиња :)
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Корисничкото име не може да се смени.
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Изгледа ти здосади зимското име. :lol:
    И јас за ова се молев, бидејќи мојот ник го треснав онака од ракав во моментот и навистина не ме бендисува. :worried: :tmi:
    Знам дека може да настане хаос, ама барем еднаш да имаш право да го смениш името, би било супер.

    Воедно, да имаш право да го избришеш профилот, како и старите профили кои не се користат да се бришат, за да биде посредено и попрегледно на форумов.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас мислам не треба да се менува никот на никого зашто така нема да се знае кој е кој.
    Пример јас од WhiteAngel да станам LittleShopaholic, кој би знаел која сум?!
    Сите би се избуниле, па после ќе треба пак да се кажуваме кои сме што сме.
    Мнозинството сакаат да си го сменат никот бидејки не им се допаѓал и сл. и кога тоа би се дозволило би настанал хаос на форумов. Затоа подобро е вака. Кој како си се крстил, така нека си се вика. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ама БелоАнгелче, не мисли ти дека па сите ќе го сменат никот. Сепак се работи за помал број на феминки. :)
    Може како варијанта, првиот ник да стои во заграда една недела (додека те научат), онака формално само.

    Предлог+ за форумов, во серии, да се тргнат Кога паѓаат лисјата (и не знам кои други) од `важни`. Исто и со старата `СДК`. ИТН. Најновите, актуелни да се ставаат на прво место, во `важни`. ;)
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.324
    Ова сепак е форум, кој е (или барем треба да е анонимен).
    Оној кој сака да остане препознаен.....па не би морал, сепак постои категорија на феминки на кои тоа не им е приоритет и ако тоа е барање на дел од членството зошто да не.
    (или е толку важно да се препознаваат сите феминки :^) )


    опцијата би требала да постои, со услов да е ограничена на еднаш, за да се одбегне злоупотреба и дупла работа.
    Не мора брзо ;)
    не мора ниту сите наеднаш, постепено како ќе си се обработуваат податоците така ;)

    Јас сметам дека поради одбегнување на '' вишок работа '' сите молби едноставно се ставаат на игнор.
    Немало промена на ник.
    Немало бришење мислење.
    Немало бришење профил.
    Немало отварање на некои теми.
    Нема зајакнување на приватноста.
    нема нема нема
    :!: ги нема и многу членки веќе одамна
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Не се ставени на игнор, неколку пати е зборувано за ова во темава.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.324
    Извинување тогаш.
    одбиени бил соодветниот збор
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Времето сега е најдобро и најпогогодно, форум станува, тивко, бојно поле а не поле за културен натпревар меѓу народите :D
    Не стварно, ама се поретко се дискутира во темиве, и се почесто се пишува во што последно јадевте, или што си купивте итн...
    Не дека ми сметаат тие теми, но фрекфенцијата на ниваната посетеност е се повеќе зголемена, отколку темите во образование, култура, музика, филм.
    Подобро пишувајте помалку издржани одговори, околку 1000 на ден ама по два збора.
    И незнам кој напиша, некаде дека и два збора се мислења, не би се согласила.
     
    На Cacy и marama им се допаѓа ова.