Ја сакам Билката,многу! И ја посветувам оваа песничка што оди на антена 5 во моментов!(http://www.youtube.com/watch?v=rDA33hGFNgQ) И Лилит ќе јаде бан сега,ама дај малце нека се опуштат админките,вчера се израдував кога и пукна филм на темата Нема правда и пиша е веќе претеравте!!!Сериозна сум! Си газите,што би рекле шемаџиите.СВе пет!
Како што одговорив претходно, проблемот ќе се реши со проширувањето на модераторскиот тим. Можат да се подредуваат членовите по бројот на мислења. Ако пак сакате да го отворите профилот на одреден член, едноставно напишете ја директно следната адреса во вашиот интернет прелистувач: http://forum.femina.mk/profil/korisnicko-ime/ Прочитајте го ова. Форумот не поддржува ваква опција, па не верувам дека некогаш ќе воведеме нешто слично. Опцијата воопшто не ја отстранивме. Како што напиша kate21, едноставно кликнете на малото црвено иконче со стрелка, лево од насловот на темата. Можно е, но сметаме дека 10 се доволно. Супер е ваквата идеја, но за жал платформата што ја користиме не поддржува ваква опција . Сепак, како што напишав претходно, ќе се обидеме да најдеме решение. Сè уште не сме завршиле со реорганизацијата на форумот, па ќе бидат отворени нови категории и подкатегории во наредните неколку дена. Бидете трпеливи. Веќе папките берат по 100 пораки. Меѓу другото, советот на baguf4e за отворање на нова папка е одличен. Со новиот дизајн на форумот, променет е и начинот на којшто изгледаат известувањата за нови и непрочитани пораки: Број различен од нула (пример: „3“) во црвен круг - имате 3 нови пораки, т.е. пораки што пристигнале по вашето последно отворање на поштата. Број различен од нула (пример: „1“) - имате 1 непрочитана порака, т.е. порака што сте ја виделе, но не сте ја отвориле да ја прочитате. Ваквите пораки ќе ги познаете по тоа што сличето десно од пораката е розово наместо сино.
Постои ли можност да се воведе опција секој член да си има преглед на темите што сам ги отворил. Значи како што има активни теми, непрочитани мислења на пример, така да има и опција ваши теми. На тој начин би можеле редовно да ги следиме најновите одговори на темите кои сме ги поставиле. Чекам одговор.
јас имам предлог да неможе нашите гости да ни ги читаат мислењата дали ќе може,зошто некој може се да чита а никогаш да не сподели со нас ништ6о епа не е фер тогаш.....
Мислам дека не може, затоа што сепак ова е форум и зошто некој да не може да ги прочита советите кои овде се даваат. И како некој ќе се излаже да се зачлени на форумот ако не може пред тоа да го разгледа. Затоа сме анонимни овде па не знам зошто некој би се грижел дали го читаат или не, кога и така никој не те знае
е како не та знаат анфејтфул кога кажуваш од каде си,колкава си,се опишуваш се си кажуваш и што студираш и се значи некој лесно може да те дознае.....
Тоа во ред, ама не сум морала да ги напишам овие податоци за мене. Кога се зачленуваме на некој форум свесни сме дека сите го читаат тоа, па не мораме да напишеме некои работи како иемто, возраста и местото од каде што доаѓаме. Значи ова е форум а форумот претставува апликација во која пораките можат да ги читаат сите нерегистрирани и анонимни посетители.
^^ Ако не сакате да ви го откријат идентитетот зошто тогаш станувате пријатели на фејсбук едни со други?
Сесилија не знам зошто посочи накај мене, јас немам некој голем проблем со откривање на идентитетот, затоа имам напишано и колкава сум и од каде сум, и каде учам.Значи некој од мојот град ако се заинтересира може лесно да ме пронајде. Ама јас не сум морала да ги пишам овие работи, затоа ако дојде до откривање на мојот идентитет, јас сама ќе сум си крива. И да-многу од форумџиките ги имам за пријатели на фејсбук.
Предлагам темата САКАМ ДА ПРАШАМ да се прогласи за важна и да стои нај горе во кафе муабети, бидејќи многумина ги мрзи да ја побараат, па затоа се отвараат милион банални теми.
Избришав дел од мислењата во темата. Ве молам да не ги полните овие теми со оф-топик мислења (а впрочем и сите други). Воздржувајте се од меѓусебни расправии! Исто така, ќе ве замолам да не ги повторувате предлозите коишто веќе биле дискутирани. Уште еднаш да појаснам: форумот е од јавен карактер и ќе остане таков. Ако откривањето на вашиот идентитет ви претставува толку голем проблем, тогаш внимавајте да не издавате премногу лични податоци додека дискутирате по темите. Ние ќе реагираме ако некој без ваша дозвола го открие вашиот идентитет во некоја од темите. Но, нема да одговараме на лични пораки од типот „Избришете ја оваа тема, дознав сè што ми требаше“ или „Избришете ми ги сите мислења што сум ги напишала за моите љубовни проблеми“. Така се нарушува текот на дискусијата и се упропастуваат темите, а и не е фер кон сите членови што реплицирале и се обиделе да помогнат. Unfaithful18, можеш да го направиш ова со помош на напредното пребарување. Kaj „Пребарувај по автор:“ напиши Unfaithful18. Кај „Пребарувај во:“ одбери Само првите мислења од темите. Кликни „Барај“ и ќе го добиеш посакуваниот список на теми отворени од тебе. Друга алтернатива (веројатно подобра) е да го користиш овој линк: profil/Unfaithful18/topics/?sf=firstpost Освен тоа, можеш да се запишеш да добиваш известувања на e-mail за темите што си ги отворила или да си ги ставиш во „омилени теми“ (овие опции ги има на сивата лента, најдолу).
Докторке само сакам мое мислење тука да дадам. Ако не ги читаат нашите мислења, тогаш според мене ќе има многу, премногу, регистрирани членови, кои само така ќе седат и ќе читаат. Јас па и не се замарам за тоа дека другите ме читаат. Поздрав.
Јас имам еден предлог во врска со темиве: Име за женско куче. Име за женско маче. Предложете ми имиња за моите желчиња. Убаво би било, доколку овие три теми се спојат во една која што ќе гласи ''Имиња за домашни миленичиња'' или ''Предлози за име на домашно милениче'' или било како, така што ќе нема потреба од отворање на теми од типот ''Име за папагалче/змија/гуштер'' и слично. Поздрав
Сајтот е супер,но сепак имам една забелешка,поточно еден предлог...дали би можеле да добиваме ЛП кога некој ќе цитира наше мислење...Поздрав
Мислам дека еднаш беше спомнато ова, но пак да нагласам, убаво би било да имаме една категорија за Спорт и Спортисти па таму да си отвораме теми за нашите омилени спортови и спортисти, да развиваме дискуссии и да постираме слики... поздрав!
Билке,дали е возможно да се изведе некако при толкувањето на соништата да не ми се бројат мислењата.Толкувам нон стоп,некако не ми е фер тие мислења да ми се бројат... Дали е изводливо ова?
Јас кога ставам лајк во темата Специјален поздрав до... е за да не трупам постови со благодарност. Сега колку е тоа правилно или не-незнам А според мене има доста квалитетни мислења во сакам да кажам, според мене Билке- мора да најдете некое друго решение Поздрав