Значи АМАН... Ќутам, ќутам. Игнорирам, игнорирам. Ама коа нема што друго да се прочита, морав да си кажам што мислам. Прво, значи стварно претеравте со тие лајкови. Што побогу, толку ви сметаат? Нивната намена не е за да се види кој колку е популарен, туку да се избегнат постовите од типот на „Фала“, „И јас исто така“, „Браво“ итн. И што ако си ставаат лајкови после 1 минута? Или си разменуваат лајкови? Нема леб утре да јадете ако некој некому турил лајк? Реално гледано на ниеден форум не требаат такви мислења, ама па не требаат ни мислењата зашто овој на оној на онаа и стиснал лајк. Простете ми на израз, ама ко кокошки сте станале. Место кокода, лајк_лајк праите. Од моја гледна точка, стварно не гледам кој на кој лајк му стаил, па дури ни јас на некое мое мислење не гледам кои ми ставиле лајк. И да видам, заборавам. Стварно ли лајкот ви е најбитен на форумов? Ако е така, сите одете си. Второ, за немањето дискусија по темите делумно се криви и модераторите, не само ние обичните смртници. Јас колку што знам, од некое си мое скромно искуство, модераторите покрај тоа што бришат, преместуваат, средуваат теми, треба и во некои заборавени теми да поттикнат дискусија. Барем јас, еве ги отварам нови мислења, а не одам по темите конкретно, туку најново пишаните. Кога ќе видам стара тема, со ново мислење секако дека ќе ја отворам. Ете тоа нека биде некој предлог и до модераторите, а ете и до членовите. Трето, до модераторскиот тим, имајте предлог меѓу вас модераторите, секој модератор да отвара барем по 3 теми во месецот. И така сте поискусни и знаете како треба и какви треба да бидат темите. Отварајте теми. Така се гради форум според мене, ете уште еден предлог. Четврто, аман побогу, само мрчите мислењето избришано, преместено или не знам што. Значи КОЛКУ ПАТИ ви беше кажано, прашајте го модераторот ако ви нема некое мислење, верувам дека ќе ви одговорат во рок од 24 часа. Барем би требало. Значи темата е за идеи и предлози, а во лична порака се прашува за избришаните/преместените мислења. Чао!!!
Girl.23, отвори ја темата „Кога повторно би се зачленила на форумов...“ повеќе рекле дека би го смениле никот. Сеедно, не е битна бројката, еве пример една четвртина од членките да го сменат никот, пак настанува хаос. И нема за една недела да се научиме. Тоа ти е исто како некоја, да речеме, Марија се прекрсти во Ангела. Што мислиш, дали за една недела сите нејзини пријатели, познаници, роднини итн. ќе научат дека си го сменила името? Исто е и овде. Туку да не бараме влакно во јајцето, има поважни работи кои модераторите и администраторите треба да го решат. За никот е одамна решено дека нема да се променува.
Зошто бе си ги неќете корисничките имиња, мене па баш сите ми се срцкасти, ниту едно не ми упаднало во око да речам не чини. Вие сте тоа, ви ги читам вашите содржини, коментари, мислења, не вашето корисничко име. Ако не ви се допаѓа вашето вистинско име ќе идете одма да го смените?
За ова со менувањето на никовите, потпис на мислењето на Штрумфетка, да не се повторуваат само исти зборови! не дека има недостаток на теми, има и тоа многу разновидни теми, и постојано се отвараат нови, проблемот е со тоа КАКВИ теми се отвараат. Често се повторуваат, се исти или многу слични на некои стари. Не се целта само да се трупаат, теми и мислења, туку да се има поквалитетни мислења и поквалитетни теми! Па макар и да користиме инспирација, од други форуми, битно е да се збори за нешто асално и тоа да биде квалитетно.
Да, ама многу теми се отворени од членови со не повеќе од 10 мислења. Доколку модераторот ја обликува или среди темата сето тоа ќе добие друг правец и ќе се избегнат постовите од типот - разгледај по форумов, прочитај ги правилата итн итн. Затоа подобро модераторите нека отвараат. А теми секогаш има.
Теди, убава ти е идеата, модераторите почесто да отвараат теми и тоа да ги будат, веќе заспаните, имаш :up: од мене! Само би алудирала на тоа да се внимава малку со темите, полека стануваме трачарски форум, сите ние имаме потреба да се испукаме, насмееме и да истрачариме понекогаш, ама ако не сте приметиле, темите за македонскиве "фаци" хороскоп, гатање, сонови итн се меѓу најпосетуваните, или само мене ептен многу ми паѓаат во око. Жени сме, имаме потреба да си го задоволиме егото со малку трач партии,модни критики, пофалби, ама не е лошо да им се даде акцент и на темите за духовно надградување, и како што викаш ти да се обновуват и моделираат од модераторите. Мене ми е патетична тема од типот значење на бемките на вашето тело , толкување на сонови и налик нив, но сепак тоа е само мое мислење.
Околу промената на корисничкото име, што ја имаше посочено СноуКвин, еве и јас ќе говорам од искуство на друг форум, каде еднаш годишно е дозволена промената на корисничкото име, при цитирање конкретно на форумџијата/ката излегува стариот ник во цитатот, па за кратко време, ако членот е активен форумски, останатите се навикнуваат на новиот ник. Има луѓе што и по повеќе од 3 пати менувале никови, па не е проблем околу препознавањето, дури таму и во самите профили има опција каде можеш да ги видиш сите кориснички имиња, мислам дека како историја е именувана на профилот. Инаку околу отворањето на одреден број теми од страна на модераторите, мислам дека не е баш фер да чекаме само на модераторите, сепак сите членови подеднакво го збогатуваат форумот, тоа е мое мислење. Нема толку недостаток на теми, колку што има недостаток на дискусии. Она што мене лично ме интересира е дали може да се знае отприлика за колку време би се добил одговор за даден предлог, конкретно мислам на мојот предлог за зголемувањето на заштитата на профилите, ме интересира дали воопшто ќе стане предмет на дискусија, не би сакала да се изгуби само низ овие страници.
Епа има некои како мене што се зезнале и си го пишале името, па сега мора да се воздржуваме од пишување во некои теми, затоа што страв ни е да не не препознае некој.
Како што гледате и сами многумина би сакале да го сменат, а и немора којзнае колку брзо да се сменат,може и еден месец да помине. А одоздола да се постави опцијата потпис,во која би стоел претходниот ник еден период, а верувам дека брзо ќе се навикнеме сите после едно 2-3 недели. Би било навистина убаво...
Oва знаете како му доаѓа, ко Б.Ц што е крив за се во Македонија, така модераторите се криви за се на форумов. Чувај Боже да се активираат другите за отворање на теми, место разглабање на долго и на широко кој на кој му ставал лајкови, кај најмногу има лајкови, зошто треба, а зошто не треба да се ставаат лајкови, кој колку и зошто мрчи и сл., многу длабоки и обработливи теми. Не, модераторите се криви. Него, сакав да кажам, чисто од гледна точка на членка со многу мислења, дека се согласувам со предлогот на Теодора, редно е да се направи нешто за приватноста, се надевам администраторите ќе размислат на таа тема. А за корисничките имиња не би сакала да има опција да се менуваат. Сепак, цитираните мислења си остануваат со старото корисничко име, па кој бил, па како бил, мешаница ќе настане. Мое мислење.
Јас го поддржувам предлогот за промена на корисничките имиња, но на подолг период, а не секој ден да се менуваат. Инаку што се оденсува до темата Општи прашања, Мислењата што се сметаат за офтопици, наместо да се бришат, да се префрлаат во посоодветни теми?
Па да се надеваме дека администраторите ќе ја разгледаат понудата, па нека дадат одреден рок од 48-72h ново отворена тема Промена/нов на ник, каде што секоја членка која ќе сака да изврши измена на својот ник ќе постира пост како ќе сака тој да изгледа.И тоа еднаш за цел период.(секој во животот треба да добие втора шанса ) Со тоа што сум по многу други форуми, а на некои модератор и админ, колку што знам кога се менува корисничко име се менува на сите места,дури и на цитираните, но може сум и грешка не велам не.
Не, не се менува, си стојат старите. Еве на пример, Офспринг беше Дарки, па можеш да најдеш Дарки во некои цитирани мислења.
Која е разликата ако пример се смени корисничкото име? Мислам дека воопшто нема разлика, освен што може да дојде до забуна.
Јас сум за да не се смени корисничкото име. Кога би го сменила јас од Перлаа на пр во Доринда кој би знаел дека јас сум била Перлаа. Можеби на некој ќе му притребам и ќе ме бара во Перлаа ама пошто сум си го сменила името нема да може да ме најде. И мислам дека тоа ако се прифате би настанало само хаус ништо друго. Поздрав
И јас сум за промена на корисничкото име.. Еве мене на пример, многу ми е гајле дали овде ќе ми се обраќаат со мисс666 или некој друг ник.. Јас сакам промена бидејќи неколку души несакајќи ми го дознаа корисничкото име и сега со доза на резерва јас пазам што пишувам и дремам само по безвезни теми, не можејќи да кажам или прашам тоа што сакам.. Второ, би било добро и да се направи нешто да се заштити приватноста на форумџиите..Јас повторно ќе се земам како пример и на почетокот пишував мислења по кои луѓе што ме познаваат бар малку ќе ме дознаат која сум.. А не би сакала да се случи тоа.. Сепак, мислам дека може мислењата што сме ги пишале да си ги сокриеме или пак да се даде опција да можеш да си избришеш мислење во кое сметаш дека си открил нешто што не би требало... Оваа опцција може да трае неколку дена, додека сите си извршат промени и ок ќе биде.. Ем ќе бидеме помирни, ем ќе се сочува приватноста и ќе бидеме далеку поактивни( барем по мене знам). Толку од мене, поздрав
Додуша ако на некој толку му смета корисничкото име нека си направи нов профил. Само не можам да сфатам што толку внимание се обрнува на никовите.Колку може да ти е лош никот па толку да сакаш да го промениш .Еве и овој мојот не ми е баш по ќеф,така набрзина го напишав не мислев дека толку ќе бидам активна на форумот но сепак не би сакала да го променам. Ако се дозволи да се менат никовите,некој секој ден ќе ги мени како аватарите што ги менеме и нема да се знае повеќе кој што е.Големо не за таа идеа.
Па да се надеваме дека администраторите ќе ја разгледаат понудата, па нека дадат одреден рок од 48-72h ново отворена тема Промена/нов на ник, каде што секоја членка која ќе сака да изврши измена на својот ник ќе постира пост како ќе сака тој да изгледа.И тоа еднаш за цел период.(секој во животот треба да добие втора шанса ) А ако неколку форумџики се пријават за исто корисничко име или пак веќе постоечко од старите?
Па ако се дозволи промена на кориснички имиња, пола форум ќе сакаат да ги променат и форумот нема да биде тој што бил до сега, изменети имиња, хаос во мислењата а плус па и да се дозволи да се бришат мислења кај што има некои инкриминирачки работи за некој член, ќе се преполоват мислењата. Не сфатливо и не прифатливо според мене. Ако некој мисли дека е откриен нека го деактивира профилот и нека почне со друг.