Не е дозволено да се прават дупли профили ако не ви се допаѓа корисничкото име, тие членови веднаш се банираат. Инаку, навистина ќе настане хаос ако секој посака да го менува името. Како и да е, и јас сум од тие што си го смениле корисничкото име, ама тоа беше уште на самиот почеток, кога на форумов имаше многу малку членови. И знам дека чекав многу долго време, што дури и заборавив дека сум пратила барање за промена на корисничкото име. Ако не ги знаете правилата на форумот, пак ќе нагласам:
Предлог, во категоријата живот, да се направи под категорија -моето детство или -кога бев дете Во оваа категорија ќе може да се отворат многу теми и многу интересни случки да пишуваме.
Билката за промена на корисничкото име има пишано дека е многу тешко да се изведе, тоа го прават администратори од технички одел, значи не го прави Билката, а процедурата е долга и одзема време. Затоа воведоа правило за неменување на корисничките имиња. Оваа платформа не може да поддржи опција корисниците сами да си го менуваат никот, така што не очекувајте тоа воопшто некогаш да се случи.
Не знам кај да се обратам, па ќе си пишам овде. Не би требало мислењана од „Македонска ракометна репрезентација“ за Миркуловски и за женска му да се префрлат во „Македонските јавни фаци“? Само за тоа има испишано 2-3 страници. Девојкиве ептен оф-топик забегаа.
Бидејќи не може да се смени ништо, јас ќе треба да правам дупли профили нели? Па после форумов ќе брои 30.000 членови со ни половина од нив активни токму заради овој проблем.. Невермајнд...
Ерм...не знам што им била поентата на админите да ве лажат. Барем спрема персоналот нека се искрени. Бидејќи имам искуство, слободно можам да кажам дека процедурата е само 2-3 клика и нема потреба од никакви технички познавања. Го отвараш корисничкиот профил, во полето кај што е корисничкото име го пишуваш новото, кликаш ок, et voila - старото заминува во историјата. Да, толку е едноставно. И 1000 кориснички имиња да има за промена, со администрација посветена на форумот, истите може да се сменат во рок од еден ден. Не дека сум за или против промена, сеедно ми е, само барем нека се кажува вистинската причина. Now please don't delete this
Па добро е, можам да се носам и со тоа, барем ќе ми се избришат мислењата и ќе си ја заштитам приватноста.. Поздрав
На еден друг форум што си бев во 3 години 3 пати си го сменав името. Значи лесна е процедурата. Но, да напоменам, таму имаше мнооогу помалку членови од тука. За активни зборувам.
^Потпис на постов И јас од искуство знам точно колку клика се потребни, поготово што е phpbb2 ако не се лажам, значи со влегување во администрациониот панел, со влегување во членскиот профил се пишува новото корисничко име и се стиска send/save. А кога се гледа заинтересираност кај членовите за такво нешто, верувам дека за овие три години од постоењето на фемина може за толку да излезе во пресрет max.20-30-40 кои ќе се пријават.
На крајот на краиштата, под новото име може да стои старото некое време, со помал фонт, за ете да нема голема збрка кој е што е.
Јас се извинувам, ама не се должни модераторите да дремат специјално за вас и да ви пишуваат нови кориснички имиња само зошто вие не сте мислеле кога сте се зачленувале. Имаат и сега работа, ама тек тогаш кога пола членки од форумот ќе сакаат да сменат корисничко име ехеее... Ако би се вовело, нека можат членките сами да си го сменат во контролен панел, ама само еднаш секако.
Убаво кажано нека биде активирана опцијата 48h и потоа пак нека биде деактивирана.Така да секоја членка самата ќе си го смени во рокот од 48 саати, така што тимот нема да се замара со работа. ^ :up: овој принцип го имам сретнато на друг форум
нешто малку поинакво и пофторување од горе(страниии и страниии назад) Ја сакам да ја отворите пак ВАШИТЕ НОКТИ!!! МИ фалат сите убави ноктиња кои ги гледав таму !!!! И сега со оние модераторите кои се за секоја тема посебно ... Може ли да ставиме една тема со правила како да се пишува и што се бара од темата или на делот горе-каде што се ставаат анкети или објаснувањата да стои правилото за самата тема!? Така ке може да се гледа постојано и да се прават помалку не намерни грешки.... - верувајте дека ако некој нов пишува ретко кога гледа што е пишано 1вите 10 страни него чита последно мислење и коментира? Спојлер посмодернизам за собирање на постови за нова боја на цветот Ако се само слики - да се слики ... ако е дискусија -да има само дискусија ако е видео - само видео ... мнн ми се допаѓа онаа идеа за мала заштите на некои теми- особено на оние кои се со слики или со интимните прашања !!!! - постојат како гледам мнн мнн форуми во кои не логираните-не регистрираните може да читаат само мнн мнн малку теми кои се со општи карактер, нели би можеле и ние да имаме некоја таква ЗАШТИТА? Спојлер сепак е само мислење кои може да вроди со некои промени , се надевам за наше добро
Фиги форумов заштитува доволно идентитет(читај-email адреса) Има теми што се во скриено катче и тие се на некој начин заштитени. Но,ако сите теми се заштитат зошто на некој му текнало кај што ќе стигне да зборува за својот живот и форумот ќе го изгуби своето значење. Сепак ова е јавно место и штом си решил да пишуваш на форум знај дека имаат и со право те чита пола Македонија. Ако сакате нешто повеќе, имате фејсбук крај краева.
мислев на оние типови на теми за интимата- и секако секс ситуации !! На многу места имам сретнато некои како користат инфо од форум за исмеванје...
Добро бе луѓе, имајте усул, 100 пати ви се кажа дека корисничките имиња не можат да се сменат! Значи стварно напнавте. Ако го има на други форуми - го има. Тоа не значи дека секоја опција што ја има еден форум, мора по некое ваше размислување да го има и овде. Значи правилата се такви - корисничките имиња не можат да се сменат, и не настојувајте! Не знам зошто толку сте запнале. Не дека мојот впечаток или нечиј друг впечаток ќе се смени за некоја личност ако корисничкото име биде пофенси или не знам какво. Вашите мислења го формираат впечатокот кај личноста, а не корисничкото име! Дај олабавете, не туку ја трупајте темава со секоја прва идеја што ви дојде на памет за форумов. Некои од работите кои ги набројувате едноставно се неизводливи и точка.
Па и зачленет форумџија може да исмева. Или не давајте материјал за ремет и никој нема да ве ремети. На форум даваш информации онолку колку што ти сметаш дека е потребно и треба да си спремен на тоа дека тие информации можат да бидат злоупотребени,а за тоа ти имаш дадено дозвола. Jaс предложувам да се воведат ВИП форум картици. Не секој да има пристап до секоја тема,затоа што секоја тема не е за секого. За тие картици да се плаќа по 500 денари месечно и истите пари да одат во здружението за заштита на делфините. Со тоа ем не секој ќе може да дискутира на подирливи теми, ем сите меѓусебно ќе се знаеме. Да го направиме форумов поубаво катче за сите. Мало,слатко семејство