Шо бе да се отвори темата, шо? 10 пати им нагласи Лилит, не прашувај, не оди офтопик, тие пак еј. Ко на ѕидови да кажуваш бе. Мислам и ретардирани деца ќе сфатеа до сега. И јас ја сакам темата, убава ми е за гледање, ама прво нека се свестат малку.
Искрено, мене не ми пречи тоа што покрај сликите има и коментари, не знам зашто ви пречи ако некој праша за некој лак или слично... Баш е олеснителна околност ако е еднаш одговорено, па не мора сите да и пишуваме ЛП на феминката и да прашуваме. Е сега, во тема за нокти ваљда нема за шминки да збориме па да идеме офф топик. И уште нешто. Во врска со менувањето на корисничко име, сигурна сум дека нема сите да се сполетаат да го менуваат, туку само оние што стварно имаат потреба.
Маја, тоа за лаковите во спојлер е океј, така и треба да е, ама прашуваат и друго. А ова како го направи?? А туторијал за ова има??? Како божем не гледаат дека Лилит пишала тоа, и цело време прашуваат. Girl.23, ако сакам ќе навредувам, моја работа е тоа.Ти слободно скролни ме.
Епа тогаш во спојлер нека се пишува се што е текст, а нека стојат само сликите. Ама па нов некој кога ке дојде на форумов може нема да го прочита првиот пост, така не гледам чаре за проблемот, освен да ни се дозволи што сакаме да си пишеме во постот. Во секој случај е поврзано со темата, се збори за ноктите на сликата Не ми смета бе, што има врска. Или ради естетика сакате слики да има само?
Да се исклучи опцијата Зачленет:, бидејќи некои од членовите ако видат дека си понов член одма те гледа со други очи,навредува,префрла...и слично. Јас од што неможев да го активирам стариот ник од 13.12.2009. кога прв пат се активирав,морав повторно да се зачленам, и сега доаѓа некој и ти вели ај ма ти од вчера си тука а си нашла да збориш и слично. Значи не треба да гледаме кој колку време е на форумов, туку треба да ги почитуваме членовите околу,да ги пoдржиме добрите мислења, па дури и ако некој се зачлени пред 2-3h или пред 2-3 години. Навистина мислам дека нема потреба од таа опција да стои. Многу поубаво би било неа да ја исклучите, а да ја активирата TOPIC, и секој да може да си пише нешто интересно.
Ако може да се зголеми бројот на пораки,што може да ги има во сандаче,секој ден треба да се замарам да бришам. Ако е можно, ништо друго не барам
Ако не на пораки, барем бројот на папки нека се зголеми, не сакам да си ги бришам пораките а и досадно е да се бришат нон стоп.
1 - Зошто во РЕЦЕПТИ, Пр. во темата Се` за компири, наместо рецепти, читам постови од типот: `Еј, обожавам компири, секакви ги јадам.` Нели категоријата е за рецепти? Во ХРАНА и ПИЈАЛОЦИ си кажуваме кој, што, колку, како сака да јаде или пие. Спојлер Да не станам досадна, Вашите нокти се затвори за безврска, од инает, за 3-4 оффтопици, а што со овие оффтопици и цели несредени теми? 2 - Јас повеќе немам потреба да гледам серии и филмови. Однапред сите си ги знам. Зошто некои форумџивки (иако 100% верувам дека знаат) пак и пак не ги ставаат идните дејствија во спојлер? Многу се јаки ако тие однапред се` знаат што ќе се случи? Зошто се жалиме, кога самиот неред самите ние зачленети си го правиме?
Таквите мислења беа оставани уште од почетокот на форумот, значи уште пред да станеме модератори, затоа се продолжи да се работи така, бидејќи не ни беше кажано поинаку. Навистина не разбирам, понекогаш се жалите дека било премногу строго, а некаде каде што е полабаво и тоа смета, многу било лабаво. А не е можно секаде да се модерира подеднакво, тоа зависи од темите, од воведот на темите, од модераторот итн.
Добро, не мислите дека пребарувате колку што не треба? Да се отклучеле ноктите, да се сменело корисничкото име, да се немало толку строгост, сега пак да има повеќе строгост. да не се гледало кој кога е зачленет и не знам ти што уште. Јест да сме жени и да сега едно сакаме после друго, ама што е многу многу е. Ако ви се свиѓа пишувајте, ако не основајте си вие форум со ваши правила и таму пишувајте. Има администрација која овде вовела некои правила, а модераторите се раководат според она што им е кажано. Не барајте преку леба погача и не жалете се за секоја ситница.
Темава се вика Предлози и идеи за сајтот Отворена е од страна на bilkata прв пост нејзин: Значи самата билка сакала да го чуе гласот на членот(членовите) Ние не бараме, ние даваме предлози и идеи, што би сакале доколку може.Ние не вршиме протести и хаос по форумот ако сме пишале.Темата е отворена за таа цел.Членовите го прават форумот, ако они не си го кажат своето мислење, и барем малку не се раководи раководниот кадар според нив...нема логика ништо тогаш.
Да не се повторувам, фала Сноу што наместо мене објасна, а Даничап, како и секогаш ме сфати. Зошто ако имаме предлог/замерка, што и да е, одма некој непотребно те критикува? Кој има предлог, нека повели, нека пишува. Предлог ми е на сите теми, во сите категории да биде исто. Исти принципи од сите модератори за сите членови.
Предлагам темите поврзани со астрологија(Како да излеземе на крај со шкорпии, кој мирис одговара во хороскоп и сл.) во форумот „Другата наука„ да се соберат во нов подфорум „Астрологија и хороскоп„, бидејќи вака имам впечаток дека го задушуваат форумот „Другата наука„ т.е. се намалува прегледноста. Истиот предлог го имам за форумот „Дом„ - има премногу теми околу милениците(не велам дека е лошо), па би било добро да се отвори подфорум „Животни„ или „Животинско царство„ и таму да се префрлат истите.
Овие две теми да се спојат во една, зошто не гледам логика да бидат две, а иста тема на муабет. Колкава е моќта на потсвеста? Моќта на потсвеста
Еден маааал предлог да се воведе анкета во темата Кармин вс. сјај за усни, како што има во други теми такви како на пр. Приватни вс. државни факултети и така. Зошто да не биде таа тема како останатите од типот или-или, всушност сите од тој тип кои немаат анкета да имаат