Бидејќи не добив одговор на овој предлог да прашам дали повеќето теми(идеи во главава) во врска со нашите детства може да ги отварам во Општи дискусии, или пак во Дете...навистина незнам каде највеќе би прилегале да ги отворам. За да не биде после, не се за тука, за ваму се....и слично Благодарам однапред
Мислам дека треба во Општи дискусии зашто тоа е: Живот, секојдневие и меѓучвечки односи. А темата дете е: Совети за растењето, воспитувањето и школувањето на вашето дете.
Дај отворете ја темата за модни критики! Многу време стои заклучена, и тоа не едната туку и двете теми, не е фер, тоа што ставаат туѓи слики не сме ние криви па да мора да е заклучена темава, најдете начин да ги казните таквите, или едноставно банирајте ги. А што се однесува на лајковите, најдобро отстранете ја таквата опција доколку мислите дека е тоа причината за лажните слики. И дај она темите од мода и стил за стилот на секоја актерка пејачка и нез што уште ставете ги во една, само без потреба стојат отворени 100 теми а немаат ни по две страни некои од нив
Администраторите ја гледаат темава или поретко? Убави предлози има, штета да не се остварат. Жити се‘, од кај ја знаеш втората кога немаш ни бело цветче?!
Се согласувам со постот, само малку се збунив, нели модни критики може да биде посетувана само од форумџики со над 100 мислења?!? ЕДИТ - Лов ме претркала
И јас мислам дека има многу дупли профили на Фемина веќе и треба да се проверуваат.Се гледа,кога поставуваат слични прашања за да добијат повеќе одговори или еве вака кога ќе си кажат Исто така и по стилот на пишување.А и доста е веќе тролање од лажги! Уште и полнат цела тема со таквите што кажале некоја глупост.
И јас апелирам да се отвори „Модни критики за не толку храбри феминки“ Лично јас не постирав таму за да соберам лајкови, туку за пофалби и критики кои ги добивав од другите феминки и од кои доста научив. Ако е до опцијата ми се допаѓа, едноставно укинетеја. А тие што ставаат лажни слики, банирање и крај. Мислам и дека други сакаат да се отвори оваа тема
Странава е Фемина, самото име кажува дека е за женски, ама и јас мислам дека може да се збогати со една категорија со целосно машки теми, каде нормално прсти ќе вмешуваме и ние женските. И воопшто да се раздвижи повеќе форумов. Навистина, за мене е единствен најсреден и најорганизиран форум (иако може и повеќе! ) и би било супер кога би имало повеќе машки членови.
Ми недостигаше соновникот. ама сега има соновник...и се е во ред. Немам никакви предлози,едноставно... Спојлер СЕ Е СУПЕР
Деновиве дремејки на нет забележав дека сите машки сајтови (или и машки и женски) изобилуваат со слики од убави жени. Моја идеја (додуша звучи малку манијачки) е на Фемина да има слики од згодни мажи. Навистина на ниту еден сајт досега не сум видела слика од некој маж кој не е дел од џет сетот а изгледа убаво. Па не е фер само мажите да гледаат разбацени Украинки и Русинки, и ние сакаме да исплакнеме очи понекогаш
Може да се прават некои статии како Биографија на некои УБАВЦИ ако не да видиме дали имаат нешто плус и меѓу ушите...
Јас имам едно ОГРОМНО ОПШТО ПРАШАЊЕ, на кое сакам да добијам одговор-ве замолувам. Овдека гледам премногу идеи и предлози, навистина убави и креативни работи, како и барања на членови. За што ги пишуваме ние нашите предлози и идеи?Допираат ли овие идеи до претпоставените на раководниот тим на фемина? Освен што добиваме мислења од модератори на кои им е дадено тоа и тоа за работа и така мора да се каже и да се придржуваат до тоа(со искренапочит,така и треба да работите). Но ни на еден предлог не се добива одговор, ниту пак гледам некој од тие предлози да е земен во предвид. ......а да sorry се развива дебата помеѓу членовите дали чини дали е добар предлогот и негово доусовршување. Сметам дека секој одвоен предлог од членот и идеа, (доколку истата е на место,а повеќто се во ред),заслужуваат барем одговор.Сепак челеновите со позитивност го предложиле тоа,навистина заслужуваат одговор.