Иако има предлог за нотификација при цитирање или добивање ѕвездичка,исто може нотификација да стига и ако некое мислење ти е преместено во друга тема или избришано а не мора објаснување зошто-после може да си праша кој сака,чисто за да можеш полесно да најдеш некое мислење ако ти затреба подоцна.
Јас би додала како предлог да се бришат теми на коишто нема одоговор после одреден период, да речеме после еден месец... мислам дека само се натрупуваат без потреба
Темата -калиопи ќе не претставува на евровизија и темата -евровизија 2012 спој те ги во една тема Евровизија 2012 - со Калиопи (пример) зошто за исти работи се збори во двете теми.
имам еден предлог Зошто не отворите пофорум за фотошоп па потоа да отворите галерии и членовите ке си отвараат свои теми за галерии и ке си порачуваме од некој слики на пр .аватери пописи анимации и други работи галерија ке отвори тој што знае да работи на фотошоп, пикник и на други страници. Па ваше мислење за предлогов?
Мислам дека при пишувањето на хороскопот треа да биде дадено и упатство за успешно надминување на негативните влијанија на планетите во некој домен од животот, бидејќи негативното може да влезе во потсвеста и сами да си направиме безпотрени проблеми. Значи давајте надеж и советувајте. Инаку хороскопот е повеќе од феноменален и зачудувачки вистинит. Имам предлог да правите натален хороскоп,со барани совети од нас,така на многумина навистина ќе им помогнете, нормално со наплатаза трудот. имам многу предлози но да не ве замарам повеќе, искрени поздрави. ЛУВЕНА
А зошто да нема известување ако на некоја и се допаѓа мислењето... Или ако некоја друга го цитирала твоето мислење... Слично на фејсбук, но корисно е =]
Убавоби било да пишувате: - редовно за животот на кралските семејства во светот -освен толкување на соништа да ја објасните постапката и на програмирање сонови за добивање помош и одговор во сон,според Силва-метод, затоа што неверојатно како помага -нека има навистина големистручни лица од различни области кои би се менувале еднаш неделно од разни области пр. гинеколог, психотерапеут, и нека кажат другите што им е потребно Останува да добијам одговор од вас дали ќе правите натални карти И уште нешто, бидејќи сум нова регистрирана кај вас незнам како на сината лента над овој текст, а и на другите да го вметнам розевиот знак со жолта ѕвезда-ми се допаѓа.Сторете го тоа вие или одговорете ми на меил, поздрав
Сакам да предложам да се воведе опција во конторолен панел, да имаме избор дали сакаме другите членови да ги гледаат останатите наши мислења, со што делумно би се решил проблемот доколку се разоткрие нечиј профил. Бидејќи мислам дека сите од немарност имаме напишано мислења кои повеќе или помалку не разоткриваат како личност, а од друга страна и мислења кои се екстра интимни и не би сакале да бидат јавно изложени. Мислам дека на овој начин ќе се зачува приватноста и анонимноста на форумов, и сите ќе бидат поотворени за споделување мислења на поинтимни теми, како и да побараат совет. Исто така нема да има потреба да се бришат постари мислења, ќе си останат во темите и сеуште ќе им бидат од корист на корисниците кои се нашле во слична ситуација. Со оваа опција дури и да дојде до разоткривање на идентитетот, љупобитните нема да бидат во можност со само еден клик да ги разгледаат сите мислења и да се ситат, туку да го превртат цел форум и да ги разлистаат сите теми, за што сметам дека ретко кој би бил спремен да поминува низ цела таа мака само за сеир.
Ова најмногу се однесува до членките, видов сега една тема авон фарби,зошто се отвараат толку слични теми, има тема за авон козметика-нека се пишува во неа, ај сега да испоотвараме, авон парфеми,авон креми,авон шминка,авон накит...итд. Дајте малце внимание,да ни биде попрегледен форумов.
Подобро е да си стои засебно темата. Нема што да се меша фарба за коса во козметика во подфорум лице. Дивајн, ако гледаме од тој агол, воопшто не треба да има теми за марки засебно. На пример зошто да има тема Производите на Орифлејм, кога за нив исто се пишува и во Маскара, Пудра за лице и сл. Подобро е да има посебни теми, јас сигурно ако ме интересира за фарба нема да барам во козметика, нели? Затоа имаме подфоруми, затоа и отвораме теми, се да биде подостапно и попрегледно.
Абе ок,јас затоа реков да пишат во тие теми за фарби што се,баш има веќе неколку специјално за тоа.А ете и за Авон има тема,штом се производи на Авон,можело во една од тие теми да пишат,тоа имав предвид.Ама ок,ајде,вие си решавате.
Убаво би било доколку дел од темите во категоријата Слики би биле преместени во темата Скриено катче. Пожелно е бидејки тука се поставуваат лични фотографии од нашата козметика,чанти,чевли...
[СДК] Сакам да кажам... Сакам да кажам дека предлагам да се отвори пак Критики и забелешки. Се бришат постови каде што луѓе се жалат поради нешта што им сметаат на форумот,темата која што е наменета за тоа е под катанец,администрација е ова или власт е? х) И предлог да се затвори Модни Критики за не толку храбри феминки,или барем да се тргне опцијата Ми се допаѓа,бидејќи сметам дека е безпотребно лижење задници,его бустови и билдање репутација на облека. Дури има и членови што буквално целата репутација си ја имаат изградено на таа тема. Ако овој пост биде избришан,верувам дека ќе бидам и опоменат,зошто сличниот ваков пост во гореспоменатата тема беше избришан од администрацијата ДАЈТЕ НИ ПРАВО НА ГЛАС!! :анонимусмаска:
Многу ми е чудно што вакво мислење за темата модни критики доаѓа од машки член. Точно, до некаде темата е и билдање на его, ама незнам на кого не би му годело да неговиот стил им се допаѓа на повеќе девојки. Лижење задници по кој повод? Зошто некој некому би лижел задник, да не ќе има некаков ќар од виртуелното лајкче? Градење репутација? Каква репутација, нели разглабавме дека бројот на лајкчиња не е битен, или репутација на модна икона се обидуваме да создадеме? Што се однесува до мене лајкчиња може слободно да си снема од темата, мене, а верувам и на други членови не ни играат значајна улога во животот, јас едноставно уживам да гледам како се облекуваат девојките, и не само на форумот туку и тие девојки што случајно ги сретнувам низ секојдневието, ме интересира како се облекуваат членките, сакам да ги искритикувам, да им дадам мое мислење и совет или да „украдам„ некоја идеја за комбинирање на облека. Темата е сосема на место и нема потреба од заклучување, членовите на кои не им се допаѓа не се обврзани да ја посетуваат
^ Сосема ќе се согласам со тебе. Опцијата да се тргне МИ СЕ ДОПАЃА е и повеќе од одлична, а така би се затнале многу усти на форумов за тоа дека некои се тука само за прибирање лајкови (ко да се некое мерило за вируелна и форумска успешност, УАУ). Мене баш ми е гајле дали некој/а има 500000 ѕвездички или 50 се додека тоа што го читам/гледам ми се допаѓа тој лик за мене е ОК. Конкретно во Модни Критики имам сретнато преубави комбинации кои редовно ги лајкнувам, а да речеме форумскиот личноста не ми е меѓу најомилените и обратно. Темата како и многу други (Направи сам гардероба и накит, украси за на ѕид, Каде да купам...) ги отварам за да добијам некоја идеа и да споредлам своја за друг да ја искористи, а не со намера да лајкувам и да ме лајкуваат. Постојат многу теми на форумов кои во кои не се пронаоѓам и мене лично не ми се допаѓаат ама затоа и не ги отварам. Игнорирам, не ме интересира кој што кажал и што е најважно НЕ МРЧАМ. Крај краева ова е само виртуелно место каде што секој го открива за себе оној дел што сака, а не она што мора.