Кога ја затворија темата мислам дека сите се согласивме кога ќе ја отворат оваа опција да се исклучи. Секој може колку сака да биде активен на било која тема. Ако не ве интересира темата не ја отварајте. Ни јас не отварам спорт зошто не се разбирам од тоа и мислам дека било кој пост таму или било каде за спортот би било безвеза. Форум е не се замарајте за глупости. Никој тука не е популарен и никој тука не се бори за водство. Секој е дојден да си пишува каде сака и за што сака. Малку се оние што си го пикаат носот каде што не треба.
Јас предлагам да не се укине модни критики, бидејќи има многу манија.... гмгм модни гледачи кој ја ценат и уживаат во новите и прекрасни модни комбинации, кој можат феминките да ги понудат , плус сега полека доаѓа ЛЕТО и темата ќе се исполни со прекрасни комбинации за многумината манијач....гмгмгмг модни гледачи
Еве мое мислење во врска со темата Модни критики за не толку храбри феминки. На форумов сум скоро 2 години и редовно следам се, не сум толку активна со пишување мислење, ама тука сум Додека беше затворена темата, јас не се најавував толку често, ќе видев што има ново и ако нешто ме заинтересираше да напишам ќе се уклучев (но поретко), значи јас се најавувам само заради скриено катче, многу ми е интересна гореспоменатата тема (ми се допаѓа како комбинираат феминките и добивам и јас некои идеи како да искомбинирам, неколку пати имам ставено и јас слики) така да не сакам да ја затворат темата
Мимс,се е јасно али ајде на Тошо ќе се праиме Ете ако тебе и на Артемишн и на уште неколку поединци не им се битни лајковите,на некого му се битни очигледно,за понатака да може да се пуваат со его по остали теми,ако не си приметила Темата е на место,постовите често не се,се доаѓа до недоразбирања меѓу членови,автоматски после се полнат Испукај се,Сакам да кажам и Анализа на членови со постови со сублиминарна омраза од член до член,драматизирања и такви глупости. Артемишн,да,ќе мрчам,зошто коа нешто не ми се сфиѓа валда имам право да кажам,така?
Неможам да оценам дали си во право за тоа што го кажуваш или не, затоа што мене на памет не ми паднало да бројам нечиј рејтинг или да го оценам по неговите ѕвездички. Не обрнувам внимание на нечие дигање его ниту пак ме занима ни ми значи нешто, на форум секој може да се издига до небеса, а да е помал и од мравка. Така да колку помалку внимание се обраќа на тие рејтинзи и ѕвездички толку подобро за нас, а полошо за колекционерите за златни ѕвездички
Праќам вчера мислење во Смешни мислења- осудено е за исмејувачко и понижувачко, не соодветствувало на темата, не е смешно и е избришано. Денес истото е закачено и си стои. Може ли светите модератори да се изјаснат кои се правилата на темата? Законот не ист за сите? Зошто тогаш стојат мислења со потполно иста содржина без никој ништо да превземе. А во меѓувреме некои теми се ко подрум со прашина и пајажини. Требаат уште модератори!!!
Towelie да се разбереме, во секое правило има исклучок и не може сите по дифолт да сме исти Дека има омраза на форумов се чувствува и тоа бајаги, дел од вината можеби (ќе признаам) е од "спорнава" тема, но има уште еден куп теми кои случајно сум ги отворила и сум прочитала така ружни коментари на етничка и верска основа за кои верувам дека се уште пострашни и вистински причинител на сите препукувања. А за политика и да не почнам да зборувам, војна се водеше едно време таму. И да се вратам на првата реченица, кога сакам да кажам дека нешто не ми се допаѓа го кажувам тоа без никакво генерализирање, директно оној кому е наменето или ќутам. Општото искажување барем според мене е само мрчење зошто "писателот" има желба нешто да каже, ама нејќе да се отвори во целост. Во секој случај во право си, можеш да си кажеш што сакаш и да искажуваш секакво незадоволство. Мојот став околу мрчењето не го сфаќај толку лично, ипак тоа е само мое мислење, имам право на глас и јас нели?
Мене уште не ми се разјасна зошто толку се замарате? Ова прашање го имам поставено многу пати и ми изгледа дека допрва ќе го поставувам,а и во моментов сум контрадикторна сама на себе зошто јас се замарам заради тоа што некој друг се замарал. Ако на некој тука му се зголемува егото од лајкови, топло му препорачувам да си ја суши косата додека лежи во када и да го брцне тоа фенот во водичката за повисок ефект. А, за модни критики јас предлагам да се направи "компилација" од најдобро облечените феминки на месецот на пример и да одат директива на главна, нормално со пресечени глави и дозвола од форумџивката. Интересно ќе биде, затоа што на крајот на краиштата жени сме и еден дел од животот сме поминале листајќи модни списанија или интернет страни со модни комбинации, па зошто да не видиме и меѓу себе Македонките и креативноста?
Во Слободно време има тема Обложување и спортска прогноза, и тема која гласи само Спортска прогноза и не е баш активна, ете така си стои. Давам предлог да се избрише вторава, мислам дека е непотребна зошто се состои во првата тема и на некој начин доаѓа дупла
Имам еден предлог, од темите во Хуманитарни акции нека се прават статии на страната, па така и пошироката јавност ќе може да види на кој се‘ му треба помош, а не само ние тука на форумот.
Кога се влага во нечиви мислња, ако тој член цитирал нечиво мислење, не се покажува дека е цитирану,туку оди цел текст како да е негов...дајте направете опцијата да се види дека е цитирано кога ќе се влезе во нечиви мислења
Знам дека кога ќе кликнеш убаво ги покажува, ама човек треба ли да нагаѓа дали е цитирано или не. И на секо е да кликам оди на мислењето. Мислам дека воопшто не е тешко да се среди тоа, а треба да се среди,зошто е една од основнитеопции, и не изгледа убаво така.
Snow-Queen многу пати е тоа предложувано,ама нема ништо кажано од администраторите Сега за сега само може преку Пребарувај го форумот да го напишеш своето корисничко име и ќе ти излезат резултати ако некој те цитирал или те спомнал во некој пост
^Не ни останува ништо друго освен да се надеваме дека администраторите ќе ја средат таа опција, зошто еве прост пример влагам во сопствени мислења, и на пола се покажува цитираното на пола не. Очигледно има некој проблем што не ги покажува сите а е една од основните опции и мислам дека треба да се среди. Некогаш може да се дојде до погрешно сваќање: Пример: Некој член влегува во мои мислења, и чита нешто што јас сум го цитирала(а бидејќи не се покажува дека е цитирано), членот ќе помисли дека јас сум го пишала тоа.
Кога коментирам на некоја од статиите на форумот, добивам известување дека коментарот треба да биде одобрен од администратор. Е сега гледам дека коментирале и други после мене, како нивните се одобрени, а моите не?
Предлагам да се отвори тема: Нашите сопствени чанти. Значи да се става слики од нашите чанти. Има веќе тема Чанти ама таму се стават слики од некои сосем други чанти а не од нашите. Мислам дека е добра идеа. Поздрав