^ако тебе не ти личат,незначи дека и на некој друг не му личат на слични. ти кога ќе пријавуваш теми , мислења или нешто слично пријавувај преку !(извичникот), а ова е мој начин,т.е. ова е предлог,а не пријава, така да сосема е соодветна темава за тоа се знае што се пријавува преку !, дупли теми,пишување на кирилица,реклами....итд
Јас сакам да предложам да се отвори тема во мода само незнам како би го ставиле насловот,комбинации за постари особи,повозрасни и покрупни некако да се состави во една тема но да се коментира и постира слики за такви особи дневни,свечени комбинации или така нешто слично ...
Па нема потреба за таква тема, веќе има една и е доволна. Кога ќе стигнеш до 100 мислења ќе ја видиш темата. И нема потреба да се делат членовите врз основа на изгледот.
Мислам дека Анушка не мисли на тема за лични комбинации, туку за постирање и коментирање на слики со идеи за покрупни и повозразни жени, што воопшто не е лоша идеја за тема, баш би била корисна, само може да си ја отвори без да прашува.
Еве идеа за темите...анушка твоја е идеата отвори ги темите,јас само давам предлог за име на темата. -Полнички а/и убави -Дами во години и тренд
Не е предлог нити пак критика, само неколку пати до сега по грешка наместо на ОДГОВОР стискам МИ СЕ ДОПАЃА и тоа веднаш се објавува на фб. И доста е незгодно веднаш го бришам ок, ама пак некој сигурно го гледа. На пример сега за малце ќе стиснев ми се допаѓа на темата - Анален секс Сепак е малце незгодно.. Не дека барам да се премести копчето за ми се допаѓа, али не ни гледам зошто е потребно да има таква опција и да е баш над одговор
Случајно ми текна на ова. „На 15ти Септември че воведеме промена“ кампања? Или само за моментално да не замолчите? Де нека се најде некој што почесто ќе известува за процесот...
Предлог кога модераторите ќе бришат тема од страна или најдолу да има како причини со стрелка зошто е избришана и да има пр. *веќе постои иста таква тема, *не развива дискусија, *постои слична тема каде што може истото да се дискутира итн. И тие опции ќе ги гледаме сите, истотака таму да стои и опција да се пријави таа тема и онака, визуелно поубаво ќе изгледа А и кога ќе им падне на памет на новите членови да отворат тема, разгледувајќи ги другите ќе видат дека може да им биде избришана ако е дупла, слична, ако не развие дискусија итн.
^Некои ги мрзи да побараат дали постои таква тема, па затоа веднаш отвараат нова, а не пак да гледа зошто биле некои теми избришани. П.С. сега ми налета Plavusa.17(значи немам ништо против тебе), ама имам една забелеш,истото го направи и Abeja. Немојте да напаѓате и да се браните со НЕ СИ ТИ МОДЕРАТОРКА,за ова што ќе ви го посочам Пред пола саат се отвори некоја тема без врска, прво почна Abeja со штанцање постови-кои си немаа смисла а со б,а потоа и ти искоментира еден два поста.Ако веќе гледате дека некоја тема не чини,не е прикладна,несоодветна...итд. Зошто просто и едноставно не притиснете на пријава и крај приче.Вие уште 5пати повеќе испостиравте.Тоа ли е според правилата на фемина?Тоа ли е пример за новите членови.....молим ви се немојте.Овдека бараме и ноѓаме замерки на нови членови,а ние први ги кршиме правилата. -да ве потсетам ова е само забелешка,ништо против вас,позз
Хахаха супер си беше темата за Кети, не е дупла, разви дискусија итн. ама некој беше љубоморен за прекрасните зборови , се шалам виножитке Сноу квин, абе олади малце, не биди толку сериозна, темата беше глупава јас се позезав, нормално дека ќе беше избришана,плавушка.17 не знам колку сериозно навлезе во сето тоа. Ништо страшно, темата не брои мислења па толкава секирација. Мојот предлог е дека треба да се коментираат и постарите теми, некако по автоматизам се отвараат нови мислења и коментарите се вртат во исти теми. А за сајтот, кажав и порано, потребни се разновидни содржини од разновидни области. p.s. Јас никогаш не сум наоѓала замерки на нови членови, супер се, срциња , Сноу квин ти цитираш некои членови што рекле но на погрешна адреса. И јас сум модератор на друг форум ама тоа не значи дека треба тоа да го пренесувам тука. Си има тука кој, што, како треба да прави. Уживај повеќе, не се нервозирај за било што
Jас мислам би било добро да имаме тема Препорачајте емисија,слична како Препорачајте серија што мислите или нема потреба?
Отвори зашто да не, кога отвараат тема за секоја божја турска/индиска серија, зашто да нема тема за предложете интересна Емисија :up: И би ви рекла, одморете ја темава, малку, имате идеи, океј тоа, ама цело време во круг се вртите со едни исти забелешки или пак ја користита за препуцавање а не е тоа поентата ни па гледам што е потребата на тоа а и темава не е за лични забелешки за членовите, дали нови или стари па и за затварање на теми, си има модератори си знаат они кој е дупла или непотребна. бидете креативни со постови и теми а не само предлози... А за сајтов, јас немам баш позитивна оцена, би рекла намалете со трачеви и глупи безпотребни истажувања, забрзајте со колумните и бидете покреативни со издржани постови не за трачеви, инаку стварно не ја заслужува воопшто наградата најдобар сајт на годината. Преку к** од Ким кардашијан и таквите како неа, не ние гајле за нејзини слики и животот. Ја направивте како да е кузнај каков доборотворец или научник.
Дали може да се стави некоја граница на постови па да може да се отвори тема... на пример над 100 или 500постови па после да може да отвори тема. Забележав дека тогаш зачленет член со 0 постови отвара тема која веќе постои... и баш на таа тема беше последно коментирано, само да ја разгледаше главната страна на форумот ќе ја видеше и ќе пишеше на соодветната тема, така и вие со други бои на корисничко име би имале помалку работа.
^тоа би било лошо, од причина што ако некој член се зачлени за некоја помош,а неможе да отвори тема (а истата не постои), автоматски ќе треба прашањето да го постави во несоодветна тема-што е повторно несоодветно. Така да веќе кога би имало неправилности,подобро е да се отвараат теми,и истите да бидат префрлувани,спојувани,бришени,отколку да се реметат теми со нетековни прашања. -А бидејќи верувам дека сите нови членови кои бараат помош,сигурно не им гори под нозе чим на нет седат,така да имаат време прво и основно да прочитаат правилник и да побараат тема па тогаш да отвараат ако нема.Али зошто да биде просто кога може сложено
Имам мал предлог и двоумење за едно нешто! Зашто во темата политика и настани да не се отвори како под категорија Право и Закони и таму да се премести и оваа покатегорија- правни проблеми, зашто некако гледам темиве од правен аспект се отвараат кај ќе им текне и ми се многу распрчкани. Нека биде Право, закони и правни проблеми и тамн ќе се знае сите правни праболеми и дебати таму да се развиваат. НЕка размислат администраторите, ама мислам дека ќе биде посредено ako се од областа на правото да биде на едно место. Само добронамерен совет, разгледајте го ве молам. Благодарам
Добра идеја, бидејќи правото како област не е баш за општи дискусии. Повеќе би одговарало категорија - право и политика (наместо сегашната политика и настани, бидејќи нормално дека политиката низ настани ја коментираме), бидејќи тие две области се неизбежно поврзани меѓусебно. Аааа да, ќе заборавев, денес дознав многу "интересни" работи од сајтов, Бијонсе објавила албум со лични фотографии, Ријана вели дека имало суша за мажи, Кејни Вест со некоја си таму бил во врска, Кети со плава коса, Вилијам Десни заведувал од насловна страна, маче се плаши од правосмукалка, па дајте бре, жени сме ние не сме амерички глупачи (со "извињење")
Многу од девојките се имаат бунето во врска со содржините на насловната. Мене искрено ме чуди како Фемина зеде титула сајт на годината 2011, кога не обработува ниту една подлабока содржина. Од плитко, поплитко е. Мајка му стара, не се сите жени дебили, па да им се допаѓаат и да ги интересираат само вакви работи. Затоа јас го отворам директно форумов, страната со месеци ја немам видено
Наместо тешкиот сарказам и артилерија јас предлагам да се воведе ова смајли што би ги објасниле чуствата на лугето без да тие мора да пишуваат и напаѓаат >>>