Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Зошто некој предложува да се бришат темите кои не развиваат дискусија? :^) Можеби не развиваат определен момент, ама кога-тогаш на некој ќе му притребаат и ќе постира, а не да отвора нова тема. :)

    За сајтот, и јас се сложувам дека ми се здосади од Ријана, Ким Кардашиан и од познати брендови на чевли кои никогаш нема да можам да ги купам. |(
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Се согласувам со другите содржините на сајтот да бидат поквалитени...Секако има многу добри содржина.Сакам да прочитам,видам кои се најнови трендови на облека,обувки па и делот од музиката.Ама со сестрите Кадершн претеравте...Со кој биле видени,што направиле бла,бла,бла |(


    П.С.Нели се бираше нешто како ,,Кери Брешо" или како беше :?: Да пишува некој нешто интересно...Што бидна со тоа?
    На пример еве нека се испраќат текстови,незнам поезија или некои интересни текстови на админите на фемина и да се избира пример најдобар текст за овој месец :) Да се прочита барем нешто убаво,корисно,инспиративно :)
     
  3. lookb

    lookb Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Imam predlog da stavite nekoja statija za FSW Skopje 2012 koj se odrzuva vo izminative nekolku denovi. Milslam deka zasluzuva toj nastan da go ima na ovaa strana.
    Pozdrav
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    предлог, статии со рецепти....па може да учествуваат и членки со нивни рецепти.Не велам секој ден да има нов рецепт, но на сите добро ќе ни дојде некоја убава идеа за во кујна.
     
    На girl.23 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дефинитивно треба да се воведе на сајтот категорија СПОРТ затоа што стварно има жени што го пратат спортот, под спорт не се подразбира под дифолт машка работа или фудбал, па стварно.
    Од секој спорт најважното, не мора да ставате содржини како да сте спортски сајт, ама најважните случувања треба да ги има пр. во 2 подкатегории: актуелности од спортот (овде новостите од секој спорт) и натпревари (овде таа само резултатите и ништо повеќе од тоа).

    Искрено мислам дека не се толку активни администраторите на овој сајт за разлика од други сајтови кај што тимот администратори координирано дремат буквално скоро целовреме и објавуваат по нешто. Затоа е можеби тешко изводлива категоријата СПОРТ зошто целовреме нешто се случува и целовреме треба да се пишува.
     
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    И јас мислам дека е потребна подкатегорија НАТПРЕВАРИ. [​IMG]
     
  7. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Моја идеја е темите од канта или да се избришат или да се заклучат да не можеме ние членовите да ги гледаме..
     
  8. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    А зошто да не ги гледаме?
     
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    А зашто да ги глеаме?
    За сеир?
    Само затоа и се отвара Кантата.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Дали темава постои само за да си ги испишиме желбите, идеите и предлозите? Дали само меѓусебно си се читаме или има некој/а што ги применува споменатите идеи? Сте нафатиле да правите сајт за жени - па дали знаете дека ние, женскиот род, сме неуморни за нови статии и теми на разговор? Мислевте дека со Ким ќе не залажувавте за цела недела? Не разбирам. :^) Ем ви кажуваме што сакаме, што е добро, каде може да влијаете, ем од вас абер немам прочитано.
     
    На calliope, Hipster, Breezy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ова да биде објавено на почетната страна на Фемина
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Тотално истото се запрашав пред некој ден, но ете си ме претркала со милсењето!
    Билке и остала компанија, ако се отвориле ваква тема, очекуваме некаков feedback, па макар и негативен.
    Вака излегува дека сте тотално неангажирани околу форумов!
    Јас уште чекам на било каков одоговор по моето прашање, а верувам и другите исто сакаат да им биде одговорено.
    Ако ништо друго,барем толку заслужуваме!
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^јас уште поодамна пишав за ова и добив ваков одговор
    Одговорот:

     
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Прибидејќи тука ни самите модератори веќе не знаат што бришат , оф топиците се релативна работа . Разбирам да се брише препукувања , а имаше и навреди точно . Ама да се брише пост кој е културна реплика ? !
    Всушност нели тоа е смислата на еден ФОРУМ да се споделат различни ставови , да се продискутира а притоа да не се навредува. Јас колку што знам никого не навредив , си одржав ниво и се се задржав на темава . Последниот пост зошто ми беше избришан . Единствено модераторот знае .
    И да ја уништивте темата ...

    Многу ме занима пошто ми се избришаа добри постови зошто јас никако да добијам опомена или забелешка ? Кое правило го прекршив? !
    Темата била отворена за споделување информации |( што сме ние МВР , Точка , Курир ? ! :^) Значи онака мртва тема само информации никако дискусија , напротив непожелна е . :!:
    Ваков критерум и некој систем уште не е виден во форумската историја .
    Само тука и никаде на друго место ...

    И да дека не сум оф топик . Имам предлог мислењата пред да бидат објавени да одат на проверка кај модераторот :wasntme: :tmi:
     
  15. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Ми паднаа на ум неколку предлози.Не се совршени,ама јас го пишувам мислењево со цел да помогнам. :)

    1.Зошто да нема некој како „туторијал“ , за кога ќе се зачлени некој да се појавува ова и да објаснува за мислења,за како да се постираат слики,видеа,дека мора да се прочитаат правилата на форумот и сл. Може да биде во вид на кратко видео,кое се пушта откако ќе се зачлени членот.Ова со цел за помош да се снајдат полесно новите членови,да има по оригинални и корисни,а не повторувања и некои несоодветни мислења.
    2.Има некои членови кои се зачленуваат за да прашаат нешто,а веднаш потоа го оставаат форумот и акаунтот како никогаш да не се зачлениле.Да не почнам да набројувам ги има премногу,во „членови“ ретко да видиш со цветче,сите се со околу 10 мислења. :envy: (Не велам дека нема редовни членови,има,многу :) ) Мојот предлог е да се воведе некоја опција кога членот нема да се најави одредено време да му стига порака на e-mail,во која ќе има пр. „доколку не се најавите за (пр.) 2 недели,вашиот акаунт ќе биде избришан“ .Секако ова да биде пооригинално изработено,а не како оние пораките едно време што ги праќаа на фејсбук.Како и да е,мислам дека со ова многу члена кој не го користат форумот ќе бидат избришани и со тоа ќе се расчистат темите.
    3.Мислам дека категоријата „Секс“ би требало да биде за членови кои се 16+ .Имаше една слична тема,дали би требалоо форумов да биде над 18,но не би се сложила цел форум да биде,туку само делот со секс на пример.Има некои работи кои 11 годишни девојчиња(кои ги има на форумов) не би требало да ги читаат.Слично како што е скриено катче
    со 100 мислења
    ова нека биде со 16 години.


    Уште нешто:
    Многу,многу се сложувам.Немам видено никој ни од администраторите,па ни од модераторите да напише забелешка или мислење или барем доказ дека некој ги гледа сите овие мислења,предлози...Никој,ама баш никој не пишува ништо и најискрено мислам дека треба повеќе да се вложува во форумов. :!:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Еее, таман одам наназад да си го цитирам мислењето од пред еден месец кога прашав што бидна со наводната нова платформа на форумот која требаше да стапи на сила на средината на Март, ко да видиш, мислењето избришано. :clap:
    Барем еднаш нека ми се јави тој што брише и нека образложи зошто?
    Навредив некого? Или се нема одговор на прашањето па ај ќе бришеме?
    Знам дека ќе бидам пак избришана пред било кој да прочита, и ќе добијам порака „Пожали се на администраторот“, ама не фала, ваша работа е кога бришете да кажете зошто, а не ние да се маваме од модератор на модератор и да бараме на кои категории која е и без врска да дебатираме со нив. А мало морген админите што ќе вратат на порака. (Post will be deleted in 3...2...1...)
    А знам дека само 3 членови (едит: 5 се де, ама Дијана и Емилија ретко и кој знае дека постојат) можат од оваа подкатегорија да бришат мислења, од кои 2 не се ни замараат. Мене прогресот ме интересира, не кој колку направил за форумов, па да величам или плукам или којзнае што.
    Ама ајде, ќе се правам и јас наудрена, и пак ќе прашам.
    До кај со новитетите? Напредок, или залажување?

    И да, да не биде ептен „непродуктивно“ мислење добар е предлогот да се бришат членови што од памтивек не се логирале и имаат под 10 мислења (најчесто 0), ќе се ослободат многу кориснички имиња, оти за некое време сите нови ќе треба да се xxxNickname12345.
     
    На ceca-1, sesilija и sanjalica им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Е не ми се верува значи колку експресно ме избришаа, ццц бетер од комунизам, да не смее човек да каже нешто за сајтов што не го вклучува зборот најдобар :x .
     
    На MacaLove, ceca-1, calliope и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Не гледам ништо лошо во мислењето, кога тоа ги засега сите членови тука.
    Ова што се случи со мислењето на Сесилија е срамота.
    Не знам што планирате вака, ама ич нема да е на арно :shake:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Јас пак за тоа што се побунив го вратиле.
    И сега ќе испаднам слепа, сенилна будала што не го видела, па јаде оловни на празно. :D
    Ај аполоџајз фор зе оф-топик. Ноу хард филингс.
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Затоа и ќе си останат само со некои членки како Наташа што беше.