Можно ли е да се воведе опција кога ќе се доближиме со покажувачот до одредена тема, да се појават првите неколку реченици од неа?
дали ќе множе да не се дозволува да се ставаат истите аватари,значи некако после искористениот аватар да се стави на пример во една темa .еве јас ке ја направам каде сите ќе знаат за искористените аватари да не се користат истите,зошто се прават забуни?
Леле докторке ама се замараш. Еве и хепигрл го имаше мојот аватар, ама девојката незнаела за тоа дека беше нова на форумов- и кажав и готово. Зошто да комплицираме непотребно ?
^ Се согласувам дека нема потреба од дополнително комплицирање. На пример еве, јас ги немам сите мои аватари што сум ги користела во компјутер, а и кој нов член ќе се нафати да ја разгледува темата и да види кои аватари се веќе користени? Новиве членови едвај правилата за пишување ги читаат (чест на исклучоците), камоли нешто друго.
Ова е толку непотребно.Ако некој случајно ти го превземе претходниот твој аватар(бидејќи е нов член), ќе му кажеш да си го смени.Ако се согласи ОК,ако не ништо и готово.Како што рече и Хипи,новите членови не ги читаат ниту правилата за пишување што е основно,а не пак да разгледуваат кои се веќе искористени аватари.
Идејата може да се примени за сегашните аватари за да нема две исти слики. Инаку не се согласувам со тоа да неможе ниеден од искористените аватари да се користи.
Дали ќе може да се воведе функција членовите да бираат кој пост ќе биде видлив за оние кои не се зачленети, а кој ќе биде видлив? Затоа што јас навистина не сакам сите мои постови да бидат читани од тие што не се зачленети, бидјеќи имам една другарка која знае дека сум зачленета и ми го знае и никот, и за неа нема проблем, ама има и други кои знаат дека сум на форумот, ама не знаат која сум, а не сакам да се открие.
Сепак друго е кога сите незачленети ти ги читаат мислењата, а и не ми беше само тоа поентата. Јас само прашав и дадов предлог, администраторите слободно можат да го одбијат мојот предлог!
Не сум за чат на форумот (зборувам за чат сличен како чатот на фејсбук). Ова е форум. Проблемите си ги пишуваш во соодветни теми, а доколку сакаш бош муабает имаш лични пораки Имам друг предлог. Да можеме да блокираме корисници... не мислам за комлетен блок доволно е да не ги чита моите мислења,а да бидам во контакт преку лп
Бидејќи нели Фемина ќе има роденден, би можело да се промени нешто во изгледот на форумов, на пример да се смени бојата, или незнам што... да биде малку поразличен дизајнот. Не дека вака нешто му фали, ама секоја промена е добра
Сајтот е стварно супер развиен, и да нема промени не е страшно. Ако веќе се менува дизајнот, почнете од хедерот, да не е бел како целата страна. А и сметам дека SMF е у секој поглед подобро од phpBB, ама тоа е личен избор . (за "почетна" немате ставено keywors и description, знам дека се ситници, ама нема ништо лошо у трупање keywors ) Ииии офтопик, мислам дека на оваа посетеност треба веќе да имате повеќе реклами.. ај се надевам у скоро време
Леле од постов на тамара ама баш ништо не разбрав овен САЈТ, ДИЗАЈН и РЕКЛАМИ... За рекламите стварно не ми паднало во очи дека ги нема, ама ако се одлучите за реклама контактирајте ме да ви дадам предлог
Ја сакам да предложам да нема броење на мислења ( мислам тие цветчиња да нема, да си има како кај сите други форуми ) и да нема лајк ( ќе се потепаат за тој лајк, и кој колку има..и дали ги добил во Сп или не )...ја не знам кој колку сака нека си има...и кој сака нека си стиска кој не не...и готово !!
Абе луѓе зошто нема категорија Филозофија? Мислам дека треба да се отвори и едн таква категорија, а гледам и многу теми кои што стојат на пример во општи дискусии, а вистинското место им е во Филозофија. Инаку сите други категории си се на место Поздрав