Забрането е рекламирање на други сајтови, тоа јасно си стои во правилата. Калиопе не ни било избришано воопшто мислењето, јас баш барав и се мислев за кое мислење збориш. А за бришењето на корисничките имиња не е возможно да се спроведе бидејќи има многу што коментираат на сајтот, а не на форумот.
Да бе, затоа има теми за еден куп брендови и нивни производи, а јас никаде не ставив линк од сајтот, само спомнав за конкуренцијата, што секако е ок, не сме Северна Кореја па да немаме конкуренција, не? И нејќам да ми пишеш лп
А изгледа се' ова го прават модераторите не адмнистраторите.Тие повеќе раководат со форумов него администраторите.Ама што корист така да се однесуваат кога и тие се обични членови како останатите.Замислете да не беа модератори,дали ќе им се допаднеше форумот ваков?
Ако мислите на постот на Сесилија во СДК го видов и воопшто не беше реклама! Значи прв пат пишувам во темава, од причина што никогаш не сум се возбудувала околу тоа дали нешто има или нема на фемина. Дали нешто фали или е вишок! А не сум се возбудувала затоа што единствено што ми е важно се луѓето околу мене во реалниот свет. А да имам работа или нешто друго со што би се занимавала не знам ни дали воопшто би се вклучила тука. И да... не го сфаќајте ова како навреда. Ама сега гледам и не ми се верува. Има форумџики што му се посветени на форумот, најдобронамерно ви кажуваат што би можеле да смените за да биде фемина уште поубава од ова што е! Отворено ви кажуваат што сакаат, што им фали, што очекуваат а вие ништо не преземате околу тоа. Па што мислите бе вие кој ви го прави форумот? Сте се запрашале ли некогаш зошто избегаа повеќе квалитетни феминки? И јас стварно се прашувам како успеа фемина да биде најдобар сајт?! Па уште ви отвараат теми "да и помогнеме на фемина"! Добив впечаток дека не ги ни рецкате оние кои оделиле време да ви пишат во темава, за доброто на фемина не за друго. Да е лично за нив мало важно, има и други форуми нели? Гледам дека има девојки што сакаат да пишуваат колумни, што сакаат да бидат модератори(за да придонесат за редот на форумот), ама од ова што читам гледам дека тоа било пред памти век и дека ни на тоа не сте обрнале внимание. Вие одговорните зборувате за правила, а и самите не ги почитувате! Не бришете мислења кои прекршиле некое правило, туку го бришете она кое ќе ви се кефне! Околу тоа самите да си ги бришеме мислењата и профилите, ноу комент, ако продолжам до утре ќе си пишувам...... Не е фер ова, стварно криво ми падна, кога видов дека на Сесилија која е една од најдобрите тука за безвезе и е избришано мислењето! Не знам до кај ќе стигнете вака! И ајде сега кажете дека мрчам и соберете се десетина души да ме нападнете. Таков е обичајот тука...
Се почувствував мошне непријатно читајќи вакво нешто, па решив да го пронајдам избришаното мислење на Сесилија. Еве го: Да, мислењето е избришано од страна на модераторките и можам да претпоставам зошто. Сега, би сакал детално да одговорам на сите делови од мислењето: Беше планирано промената да се случи во средината на март, но за жал работите се одложија (shit happens). Тоа ниту значи дека сме се „откажале“ од форумот, ниту дека сме го „запоставиле“, ниту дека ни недостига мотивација. Едноставно сум направил погрешна проценка. Што се однесува до „конкуренцијата“, првпат слушам за страна Лејди, па по малку пребарување на Гугл стигнав до ова: http://lady.mk/zenski-forum/ Сесилија, дали искрено сметаш дека „конкурентски“ форум на кој последното мислење било испратено пред 59 дена би ни дал поголема мотивација отколку над 1 милион напишани мислења и над 33.000 членови регистрирани на Фемина досега? И дали навистина сметаш дека по сè што сите заедно сме сториле и постигнале досега, нам одненадеж ни снема мотивација и ненадејно решивме да се откажеме од Фемина? Воопшто не се согласувам дека на Фемина има само вести поврзани со Кардашијанови. Напротив. Фемина е меѓу ретките македонски сајтови кои произведуваат голем број оригинални, корисни и поучни содржини, при што континуирано се трудиме да го покачуваме квалитетот, кој сметам дека веќе е на прилично високо ниво и сме особено горди на тоа. Меѓу другото, еден куп медиуми (весници, списанија, радија, телевизии, веб сајтови, меѓу кои и Википедија) често „позајмувале“ текстови од Фемина (без дозвола и без да наведат извор, но тоа е друга тема). Во овие 2 и пол години постоење, за Ким Кардашијан сме напишале вкупно 32 текста во секцијата „Новости“ и 1 текст во секцијата „Диети и фитнес“ (значи отприлика еднаш месечно) и јас не гледам апсолутно ништо лошо во тоа. Нормално е да има содржини за сечиј вкус и ќе продолжиме така. Еве како: Фемина моментално е најпосетуваниот македонски веб сајт (Извор: AGB Nielsen). Фемина е сајтот со најмногу фанови на Facebook (скоро 130.000). Фемина е сајтот со најголем раст на популарноста во изминатава година. Фемина е сајтот со најбрзо растечка онлајн заедница (над 33.000 членови на форумот). Ѕирни го првото мислење и ќе забележиш дека всушност bilkata ја отворила темава. Воопшто не би ја отворале темата ако не сме планирале да „рецкаме“ никого. Го читаме апсолутно секој предлог, идеја и сугестија, но тоа не значи дека сме во можност веднаш да ги реализираме или да пишуваме образложенија зошто, како, кога и дали би требало да се реализираат. Како може да не сме обрнале внимание, кога ние го распишавме и конкурсот за колумнистки и конкурсот за модераторки? Колумнистки – кандидираа над 350 (!) потенцијални колумнистки (и неколку колумнисти). Секоја колумна (вкупно над 1000) е прочитана по неколку пати. Од една страна, интересот беше навистина голем, а од друга - ние сакаме да го направиме најправилниот избор. Верувам ќе се согласиш дека е потребно време. Модератори – новите модератори ќе бидат назначени по пуштањето на „новиот“ форум. Непланирано се одложи преминувањето на новата платформа, па поради тоа го одложивме и поставувањето на новите модератори. Начинот на модерирање ќе биде сосема различен и не би било паметно модераторките да се учат да уредуваат на старата платформа кога се планира истата да биде заменета со нова. Не би повторувал дека работиме со максимална посветеност на форумот (но и на нови делови од сајтот), бидејќи оној што не сака да поверува, и онака нема да успеам да го убедам.
Михајло Тоа се бараше, искрен и опширен одговор за тоа што се случува со Фемина. Знаеш, јас тоа повеќе го напишав во духовита конотација, демек имаме конкуренција па треба малку да се свестиме и да не мислиме дека сме најнај, и ептен се изиритирав што постот експресно ми беше избришан. Ова не ми е прв пат да се соочам со ароганцијата на Реинбоу, ама тоа е наш проблем, едноставно не сум и симпатична изгледа (Oооо why God, why ), ама сметав дека постот не е никаква реклама туку само една добронамерна критика, и објаснувањето кое го добив дека било реклама, воопшто не држеше вода, од причина што на сајтот има еден куп теми каде што се дискутира за одредени брендови. За Кардашијанови, па, тоа е заедничко мислење на повеќето членки, што се гледа од неколку објавени постови каде што пишувавме дека не сакаме новости за нив, не не интересираат, па изгледа тие 32 постови ни се виделе 320 За вашите оригинални и поучни статии се согласувам дека се такви, ама некако во последно време се ептен малку, порано колку ми помагаа текстовите од кариера на пример, при изработката на семинарски работи, а таму одамна нема нова статија- на тоа сакав да скренам внимание кога спомнав за Кардашијанови. Но, мило ми е што вака отворено и искрено сподели што се случува со сајтот, со колумните и конкурсот за модератори, бидејќи ако забележа, тоа е предмет на дискусија веќе подолго време во темата, и сите се чувствувавме изигнорирано и како сами да си збориме, без да добиеме одговор. Сега, после твојот долг пост со објаснувања, можам само да кажам дека со нетрпение ќе го очекувам новиот изглед на сајтот и форумот, а до тогаш ќе ја имате целата моја поддршка. И не заборавајте на членовите, одвреме навреме шарнете по некој пост, чисто да знаеме што се случува и дека сте тука . Поздрав
Мислев, ама да не почнувам за тоа играње пиши-бриши со мислењата. Друго, подфорумот политика да се затвори. Остави тоа што на секоја една тема се присутни лични навреди, таму сите се стручњаци кои комотно можат да држат предавања од внатрешно-надворешни збиднувања до разглабање чудни теории за светски заговори и не знам какви други сценарија о.О А политиката да ја оставевте на ВИСТИНСКИ политичари кога веќе нив ги повикувате за се? Реално, дечки, да бевте такви експерти, нели не би виселе на форум?
Овие две теми да се спојат во едно: moda-i-stil/vratovrski-t7909/10.html#p1086848 moda-i-stil/vratovrski-i-leptir-masni-t5362/10.html#p1087004
Откако ве прогласија за сајт на годината престанавте да го обновувате сајтот со нови информации. Можеби би требало да го корегирирате тоа.
Не знам дали е веќе предложено ама мислам дека треба скриеното катче да биде дозоволено само на членови до барем 300 мислења. Затоа што 100 може лесно да се направат и може било кој да гледа. А со оглед на тоа што таму се ставаат доста приватни слики, како и слики од дечиња мислам дека би требало да се заштити колку-толку приватноста на форумаџиките.
Cе согласувам со Blackswan,секој може да направи 100 мислења за 2-3 дена,мој предлог е да се направи до 500 мислења?
Предлагам да има малце креативност кога ќе се затвори некоја тема, не само ладнокрвно затварање и толку еве нешто во овој стил Спојлер И кога ќе се банува некој член исто може да има мала креативност Забавен е форумот , ама зашто да не го направите уште позабавен
Аман средете ја темата Дали сум бремена , нешто да се појавуваат совети пред да се испрати мислење како на пр. Доколку ејакулирал партнерот во вас , шансите за бременост се непостоечки итн, итн одприлка знаете што сакам да кажам . Темата е преполна со дебилни постови од типот , пред 2 дена имав односи со дечкото , ама не ејакулираше во мене , ми касни трудна ли сум ? Однапред благодарам
Овде немате ни мерки за приватност, секој може да се зачлени само за да чепка по нечиј профил Тоа средете си го да нема после злоупотреби ово-оно.
-Кога ќе се влезе на нечив Профил, да има повеќе опции,пример: -топик: -разсположение: (кое ќе биде со сликички-да има неколку опции на смајлиња) -прегледи на профил: -ако има освоено трофејчиња на игрите да му ги пишува: -така некои информации, како на пример,интереси,образование,музика... така да се направат поинтересни профилите
Јас би ви предложила доколку можете секако да овозможите тагирање на членови ( споменување) пример @Fleur-De-Lis - значи да можеме да спомнеме некој член, и при тоа на истиот член да му дојде иѕвестување дека е спомнат во некој пост! Исто така, приватноста е многу важна, гледам дека има многу тролчиња, па секој може да ги чита мислењата!
Воведете некои правила за насилни или вознемирувачки содржини на форумов. Знам дека е СДК и дека некоја членка сакаше да каже колку може да биде суров светот ама пола саат се тресев и плачев. Или барем нека предупреди кога ќе ставе дека сликата е 18+ или е насилна.
Многу бе вие, ова не е фејзбук. Ако не исто како тоа да го направат. Со тагнувањето е глупост, нели со цитирање можеш, тоа е слично некако .. А за профилот, мене ми е глупава идејата. Да имаш слики, да гледаш ово и оно .. Не се лутите само мислење кажувам. Поддршка да се направи со 500 или 300 мислења темата Модни Критики.