Предлагам да се заклучат темите во prasaj-ginekolog-f68/ со оглед на тоа дека акцијата е завршена и нема корист од поставувања прашања кога никој од д-рите нема на истите да одговори.
Jac предлагам во филм да има посебна тема и за Aктери да си отвориме теми за нашите омилени актери, да споделуваме мислења за нивните филмови, препораки дали да се гледа итн
па со Pеин се договоривме преку лп Eдит- сега видов за што мислиш Hе поентата не ми е кој ви е омилен актер само со слики, туку друго, ајде ја отворив темата нема врска
Убава идеа, и мислам дека и било подобро ако Серии си биде како посебна тема, а посебна Емисии и Телевизии, зашто има милион теми само посебно за серии и посебно за емисии се межаат кога се во една тема, нема прегледност. И темите од типот препорачај серија, филм, инт се злоупотребуваат, не се користат за дискусија туку за редење слики или серии во колона. Предложувам темата Препорачај серија да се додаде и кратка рецензција, затоа што ретко кој се труди да образложи нешто, само се редаат слики неповрзано небаре ова сликовница е
За 2-3 дена? Знаеш ли дека 70% од новите форумџики ги прават тие 100 мислења за 5 минути? Ја на пример ги праам за 3-4 месеци И ја предлагам значи нека биде над 300-400 мислења. Што се 100 мислења, ништо.
Знам за што мислеше ја пишав темата, дека може и во неа да се збори, иако е само за слики. А чим сте се договориле, ок
Јас предлагам на новите феминки кои се зачленети овде да не им биде дозволено да започнуваат нова тема додека не дојдат до 50 мислења (односно она белото цветче).Со тоа мислма дека и модераторите ќе имаат помалку работа односно бришење на нови теми направени од оние кои само што се зачлениле и воопшто не се заинтересирале дали има таква тема како што направле....
^јас сметам дека тоа не е добар предлог, што ако се работи за нешто навистина потребно, некој болест....зошто да се нарушува друга тема. и тука е почнат и со прашања, а како да отворам тема ќе им речеш неможе треба да имаш 50 мислења е после ќе биде а зошто??????? па па треба да им одговориш..... а на некого може навистина му треба итно совет и мислење. А и,... што ќе правеа модераторите тогаш ако нема такви случаеви
Да, јас Не ми замерувајте, ама од толку што сум тажна, бесна и не знам уште што, пробувам да гледам од по смешната страна.
Јас предлагам темата во скриено катече да биде само за тие што имаат над 250-300 мислења!Лесно е да направиш сто мислења!
Идеја да ако некој член/членка предложи да биде самиот/самата баниран/банирана таа желба да му се исполни.
Се сложувам.Статиите се мнгоу површни и плитки. Нема што да се прочита.Не незнам зошто толку многу се форсираат новостите за познатите личности !? И јас отварам директно на форум. Некоја форумџика погоре предложи да се отвори и за спорт категорија. Убава идеја. Сепак спортот не е само за мажи.
Искрено и јас мислам дека темата во скриено катче треба да биде со 400-500 мислења лесно е да се направат 100 мислења а и таму ставаме слики од нас, некој ставаат од нивните деца па....
Не сте веќе интересни со идејава, ја исфорсиравте до максимум! Ко злато да има во тоа скриено катче, бре. Поентата е да не може да биде отворено од странци, а не да биде цел некој да си ги зголемува мислењата со брзина на светлината и да спамира.
Се согласувам, се претера со тоа да се зголемат мислењата за да може да се гледа скриено катче ко којзнае што да има таму, па секој на своја одговорност поставува слики со ризик да му биде откриен идентитетот, секој нека си биде одговорен за сопствените постапки, ако некој се плаши да не биде откриен нека не поставува слики и готово, што има сеа да се дискутира за тоа. Сосема е доволно 100 мислења, како и да е тие што се зачленуваат секој ден не ни знаат дека постои темата
Еден предлог за темата Направи сам (Гардероба, накит...) Ми беше омилена, но во последно време е окупирана со видеа, слики и сајтови од интернет, па предлагам да се подели темата во две теми, едната - Идеи за 'Направи сам' и посебна тема каде ќе се ставаат само лични изработки.