Јас сметам дека во одделот СЕМЕЈСТВО треба да има посебна категорија каде ќе се сместат темите како на пример Односот мајка-ќерка , Однос татко-ќерка, Односот брат-сестра, а вака едната е во категорија дете, другата во психологија, третата во општи дискусии... Потоа овде можат да се вклопат и теми од типот Семејно стебло, Семеен проблем... другите ќе ги ставам во следен пост бидејќи не ми дава да вметнувам повеќе од пет адреси. Овие теми се од семејство, ама не стојат таму бидејќи нема соодветна категорија за тоа (Бременост, Бебе и Дете се многу слични, Брак и Свадба исто) и затоа се раштракани по цел форум... еве јас лично имам потешкотија додека ги пронајдам.
Еве и овие: ПОделба на имотот помеѓу децата во семејството , Вашата фамилија, Семејно насилство, Вашите баба и дедо... Итн има и повеќе, сега само на овие ми текна.
Мислам дека во категоријата ТЕЛО треба да има поткатегорија за нокти како што има за парфеми бидејќи пола теми во ТЕЛО се за ноктите,за нивна нега,украсување,слики и сл. И темите за нокти да се префрлат во таа категорија бидејќи се многу. telo/lakovi-za-nokti-t7188/ telo/elektricna-turpija-za-nokti-t13361/ telo/mi-se-delat-noktite-t840/ telo/grickanje-na-nokti-t11746/ telo/noktite-na-nozete-t910/ ......
дефинитивно треба да се направи едно смајли што се крсти бидејќи многу често ќе биде искористувано во темите: *последната глупост што ја направив* *ве молам помагајте мислам дека сум бремена ама не мислам сигурна сум дека сум бремена ама 100 % сум си ја бремена си осеќам ја аа да си осеќам ама имам само 15 годинки мамичка и татичка ќе ме убијат јас не можавм вака што да правам вие што викате бремена сум а??? има чести вакви случаи во кои ќе биде употребувано ова смајли (а и верувам дека смајлито ќе се искорисува додека се опишува што прави комшијата и каква музика пушта до 3 после полноќ (турбо фолк тоа се разбира ) доколку се може поубо би било да се има вакво смајли мислам дека ми ја свативте поентата поздрав.
Стварно не знам што се дешава со мислењава. Едни препукувања или навреди се бришат а други стојат. Некогаш правите човек сам со себе да остане да си збори како нетокму или потполно го вадите од контекст. Подобро и сами да можевме да редактираме и после подолго време него ли вака.
3нам Pејнбоу дека не гледаш турски серии и сл., ама темана за Cулејман или Bеличествениот Bек не личи на тема за серија, па макар и узбекистанска да е. Фрчат мал милион офф топици, нити знае некој дека за личен вкус не се расправа, 600 страни се напраени во темана oд кои пола и повеќе се офф топици, стварно за деца не е форум. Па ми е гајле, кој сака нека се навреди, ама темана во прчварница ја претворивте. Hапрајте си посебна тема со слики и лупајте слики таму од тоа кој ви е убав, а кој го колнете (па и сами слики праат со натписи слични на `Tе мразам кучко, бегај од султанката моја` ), ако така се дискутира за тема - слободно. Aма тема за серија што брои повеќе слики отколку мислења - не треба да спаѓа во категорија `Филм и тв`.
Ete Piramitka ni e neli clen na godinata...zosto na primer nejziniot nik ne bide vo rozevata boja kako femina...ili pod cvetceto da pisuva clenka na godinata....barem nekoe malo simbolce da postoi,nanejziniot profil (koga postira)
Да се отвори категорија ФИЛОЗОФИЈА. Следејќи ја историјата можеме да констатираме дека жените речиси не се споменуваат во филозофијата, која како што знаеме сите е многу важна за правилно градење на една личност и составен дел од основното образование со кое се здобива една индивидуа во фазата на обликување на своето сопствено Јас. Зарем ние, жените размислуваме помалку од мажите за важните животни прашања кои со векови наназад ја мачат човечката раса?
Може ли да кога ќе се отвори линк од форумов да се појавува нормално, без таа лента Фемина горе? Јас мислам дека нема човек на форумов што не се нервира со тоа.
Мислам дека фемина треба да има радио.Интернет радио,но и радио кое би одело у нормален етер (не само на Интернет).Покрај музика,не е лошо на неделно ниво да има неколку емисии каде би се обработувале различни теми.На пр.една од тие емисии може да биде исклучиво за девојките,каде у емисија секоја недела ќе гостува по некој доктор/ка.Позитивно може да се влијае од едукативен аспект,затоа што иако на сајтов има одредени информации,често пати и не се читаат. Друг тип на емисија може да работи повеќе општествена проблематика,политички збиднувања, можности за граѓанско организирање и дејствување.Трет тип на емисија може да биде поврзана со машко-женски проблеми,врски,бракови,разводи итн.Ова се само предлози.Мислам дека генерално не треба да има многу емисии,затоа што може негативно да делува на форумот,онака никој да не се вклучува на форумот затоа што за се има емисија на радио,иако ефектот не е јасен и може баш напротив да го раздрма форумот. У емисиите некогаш ќе има гости,или водителите/ките сами ќе ги водат емисиите а паралелно ќе има можност за тел.јавувања како и земање на активно учество преку Интернет. И недостига жива димензија на фемина .
^ Се согласувам со Цаци, сакаме нови игри, овие веќе се здосадени. А бојата на цветчето не ми е ни битна
Предлагам кога се објавуваат статии на сајтот кои во целост се копирани, (или ајде да не биде толку груб изразот) се производ од тема од форумот- да има линк кој ќе води до таа тема, или да се напише што послужило како инспирација за текстот, нешто како користена литература. Ова го пишувам бидејќи прееска кога ја видов статијата за шеќерната паста многу се изнервирав, затоа што се`, буквално се` е преземено од истата тема која ние неколку години ја градиме со нашите искуства, и помина многу време додека ја усовршивме, многу погрешни рецепти, па моментот со капнувањето во вода, па лимонов сок место лимонтус и сл.- нешта кои придонеле рецептот да се усоврши, а кои сите нас кои сме учествувале во темата не чинеле многу загубено време и потрошено големо количество шеќер и сето тоа така фино е постирано на сајтот, а нема ниту една реченица каде што се спомнува дека членовите придонеле за ова “откритие“. Истото беше и со статијата за летни фризури и со многу други статии за кои основата е од форумот, а тоа никаде не се спомнува. Сметам дека заслужуваме барем толку
Уел дан Фемина. Уел дан! Ако не знаеш сам,укради. Приказната беше, Анат чула,Лилит прогуглала,истестирала,останати форумџики (Фемина90,Ливинг, Сесилија, Пирамид не знам уште која беше,меѓу *пионерчињата* ако смеам да ги наречам),ги додадоа финесите и финтите... Не е ничие патентно дело,ама да речеме дека форумов е одлична платформа за истражување на потребите на жените во Македонија. Затоа по некој месец никна магичната Александрија, па тек за 2-3 години магичната Клеопатра. Се со цел поблиску до потребите на жените,а за нечин профит (логично и сосем ок). Што значи,самиот тренд почна од една навидум наивна тема на женски форум... Мхм. Ете толку е несериозен... Заслужувме линк. Како и оној текст за одржување на орална хигиена кај новороденче,ни помалку,ни повеќе СТРУЧНО мислење на Анат... Премногу е за да се случајности. Со должна почит кон цела редакција... Но реално,вредноста сајтот ја добива покрај форумот,а форумот го правиме ние... Сите ние. Што правите вие за нас?! Парфеми и саати на крајот од годината, можам да кажам и дека се непотребни,колку ценењето на нашите мислења... ако зборувам од свое име. Некоректно и во целост не е во ред... А и пресметливоста и бизнис чувството отапено. Со ставањето на линкот ќе наведете на уште поголема читаност на форумот... А да... уала... За повеќе рецепти за шеќерна депилација, искуства и практични совети, посетете ја соодветната тема на нашиот форум: Депилација со шеќерна паста Мхм...е ај сега...ај фала!
И сега ќе испадне дека не сме го виделе линкот и дека уште од почетокот стоел. Зошто такви потези? Ќе се претвори Фемина во Гламстик ако се продолжи со ваквиот однос кон членовите и со не пишување постови на главните администратори веќе неколку месеци. Не е само да се правите блесави и да ја префрлате вината на нас демек не сме се разбрале како што осеќам дека ќе се случи кога ќе се појават постовите на Билката или Михајло, ама очигледно е дека нешто одамна чкрипи.