Да прашам - дали постои дозволена големина на потпис? И ако нема, еве јас да предложам. Затоа што некои членови ставаат многу слики во потписите, па некако е непрегледно и се губам кога ги прелистувам темите
Би било многу подобро доколку од страна на членовите уште повеќе се активираат темите во кои има сериозна, обемна дискусија, како и отварање на теми кои можат да поттикнат обемна дискусија.Нешто што многу би помогнало за самиот форум.
Според мене темава треба да се вика предлози и идеи за форумот. Мислам дека подобро би било мислењата во некоите теми во категоријата Кафе муабети треба да се бројат.На пример во Сдк.Не ми е за повеке мислења да имам,туку има теми кои што повеке заслужуваат мислењата да не се бројат.На пример: Што денес за десерт? Што за ручек? Што носевте денес? Според мене има мн поквалитетни мислења во Сдк наместо во овие што ги набројав и неколку други такви. Спојлер Зарем коментарот Сладолед или пижами е поквалитетен од некои мислења во темата Сдк кои што има запишано мн прекрасни зборови?
Сигурно има предлог наназад, не ми текнува. Ете имаме тема моментално читам, последен филм што го гледав, најгледана серија.. Од сите тие може да се избере пример топ 3, за на почетната страна на фемина, најчитани книги, изгледани филмови, нешто во тој стил, сега има цитат и виц ама не знам дали се од форумот .
Да се отвори тема Галерија-Величествениот султан Суљо и Хуремка бидејќи во темата за серијата повеќе слики има отколку факти,спојлери енд слично
Добро е што е направено мислењата од Форумските игри да не се бројат, но сметам дека мислењата од Кафе муабети може да се бројат
Па постои правило каде што ја пишува дозволената големина, ама кој ќе го почитува тоа. Плус ретко кој се нафатил да ги прочита правилата, така што повеќето не ни знаат дека има такво правило.
Не знам што се дешавало порано ама сега од овие Алеси, онаа со блаблабла.баскетбол, пироманчето кремче и не знам веќе која друг долетан од темата за султанот, не можам СП да отворам. Дај отворете им ја темата, нека си пишуваат таму, да не ги реметат другите теми. Има ли пилот во овој авион?
Имам еден предлог. Во темата ТЕЛО,да се отвори под тема за НОКТИ,бидејќи има многу теми посветени за ноктите,па дај вака да ги собериме во едно Иначе што се однесува до поздравувачките....no comment,го затрпаа форумов.
Имам и јас еден предлог за актуелната тема, за Хурем султанка зашто мислам дека веќе се претера со неа. Идејата ми е од седмиот дел на Хари Потер инаку. Значи, пошо Волдеморд има ставено Табу на неговото име односно секогаш кога некој ќе го изговори се појавува неговата армија, така може и ние да ставеме Табу на Хурем, Величествениот и некои други тагс, Пребарувањето на форумот ќе користи, нели. Така ако бидеме сложни и истрајни во нашиот саклет најмалку што може е да се избрише мислењето, освен ако не се работи за веќе постоечката тема.
Да се направи граница на сликите на потпис.Лимит.Да бидат до таа и таа должина. Кога читам некоја тема треба да скролам,скролам
^ Eхееее Mимс, тебе додека те немаше на форумов некоја недела, секоја вечер ко зомби излегуваа тролчиња, де детективи со комплекс на земено презиме од мажот, несреќни, неиспразнети, побегуљи од кучи, Xурем султан е најубавата и најпаметната султанка моја еее, `ај ве молам пуштете го линкот подоле и кажете дали сум убава за да си напраам папка лето 2012` и останати фрикови. Hе знам како би се справила со тоа, не знам . . .
Еве и јас нешто да промрчам околу силувањето на СП . Претераа и ова ќе оди до недоглед зашто како што приметувам пак има долгометражни постови и се едни исти се поздравуваат па после секој посебно мора да цитира и се така у круг Сите сме биле некад нови членови ама не сфаќам како некој со 1 или 0 мислења цело време ги силува темите : Што ви се допаѓа кај форумџиката над вас или што ви пречи кај форумџиката над вас . Па побогу што може да ми се допаѓа или пречи кај некого кој нема ниту едно мислење , а е секогаш застапен во овие теми , после секое второ мислење пак си постира , па уште на крајот јас бев обвинета дека сум дискриминатор . Мислам алоо ! Нека се најде некој начин , со опомена или бан од недела - две зашто се уништува смислата на форумов.
Мислам дека треба да иди известување кога некој те цитира или ти става ми се допаѓа. Треба да има таква опција на форумов