Мислам во темите од типот: Целулит,Маскара,Пудра и слично ,каде што има 200 -300 страни изпишано кои препарати се најдобри,дека треба да се избришат некои непотребни коментари како на пример: Имам масна кожа,не можам да си пронајдам соодветна пудра,помагајте Мислам дека нема потреба од жалби и поплаки по темите,треба кога отвораме некоја тема да е што попрегледна за да го пронајдиме соодветниот препарат,значи треба да се пишува само доколку си пробал нешто и да кажиш дали имало некаква ефикасност или не,за да знаеме дали да го користиме.
^ Не се сложувам. Конкретно за твојот пример, мислам дека таков коментар е на место. Девојката бара препораки од другите членки за тоа каква пудра би била најсоодветна за нејзиниот тип на кожа.
Со овој предлог не ми е работата да навредувам,туку само да си искажам мое мислење и ако ви се допага прифатете го. Читам повеке теми за серии и наидов на некои теми каде што членки за форумов пишуваат мислење за серијата и некој од страна се вмешува и пишува зборови кои не се потребни и потоа ке дојде до расправија и темата заклучена а со тоа според мене ништо не се прави така да мислам дека некои требаат да добијат опомена или бан на кратко за да ја сватат грешката,инаку вака се уништуваат темите,а и форумов ке биде за нигде..
Па доколку во темата има разни коментари и ако прочита неколку страни наназад сигурно ќе пронајде за нејзиниот тип.Затоа што кога кажуваме каква пудра користиме,каква е ефикасноста од неа,кажуваме и каков тип на кожа имаме. А вака попусто е ,јас да сакам да заклучам кој препарат за целулит е најдобар ,просто не можам.Само заради тоа што имапремногу непотребни страни .А да ги читам сите треба да изгубам часови.Времето е драгоцено зар не?
Незнам кој збореше за чет ама има право. Да постои групен чет ама да има и чет ти самата да одбереш со кој сакаш да збориш.
Мислам дека треба да има смена на модераторите,бидејки во последно време има многу тролови и неможе само еден да се справи со нив И едно прашање што стана со конкурсот за модератори?Од ноември мислам беше и сеуште нема ништо објавено
Јас не мислам дека треба смена туку си треба плус нови. Старите добро си завршуваат работа ама не може 24/7 некој да дежура на форумов и да се решава од тролчињата кои реално во последно време многу се накотија. Така да еден апел до Билката, Михајло и компанија да се ангажираат повеќе околу форумов и да го решат проблемот. Не е поентата само да отвориш форум и после да кренеш раце од него.
Да да, и јас тоа велам.Од ноември имаше конкурс за модератори и сеуште ништо нема објавено Мислам дека им треба малку помош на модераторите
Фала за помошта Да, имаше конкурс, кога ќе се одберат новите модератори ќе бидат назначени и ќе ни помагаат на нас старите. Значи не се секирајте, штом дојдат Билката или Михајло, за сите промени ќе бидете известени и сигурно ќе се назначат дополнителни нови модератори.
Модератори се членовите одговорни за уредување на форумот. Модераторите ја вршат оваа функција на доброволна основа, т.е. не се должни да бидат нон-стоп присутни на „Фемина“, ниту пак да ви одговорат на испратена лична порака до нив. Трол е некој којшто испраќа провокативни, нерелевантни или оф-топик пораки во онлајн заедница, како онлајн форум за дискусија, чет соба или блог, со основна цел да испровоцира силна емотивна реакција кај останатите корисници или да го наруши нормалниот тек на дискусијата.
...многу пати членовите на фемина побарале да има категорија СПОРТ во која би се објавувале некои убави актуелни вести, искрено се надевав дека тоа ќе се изреализира со стартот на ЛОИ 2012, ама гледам некако слабооо, не слабо туку ИЧ. Јес дека пола олимпијада замина, ама никад не е касно, има уште натпревари, дајте и по некоја статија за новостите во спортот, барем сега имавте 101,ма кави 101..... 1001 наслов за кој можевте да напишете и објавите. Па би можеле да размислите и да реализирате нешто од тоа
Предлози и за сајтот и за форумот. Администраторите да бидат малку поактивни. Да се вклучат во темите, така ќе знаеме дека сè е под контрола, дека не сме оставени сами. Кога ќе се зачлени некој да му стигне лична порака со правилата на форумот. Ќе ви ја копирам пораката што ми стигна мене кога се зачленив на еден друг форум. Спојлер Мака ми е да преведувам, се надевам дека ќе разберете. Само манекенки гледаме, дајте некоја статија со мажи очи да исплакнеме, па жени сме или што сме? Ќе ја повторам желбата на повеќе феминки, на сајтот да има категорија спорт. Модераторите да ги прочитаат правилата уште еднаш. Да не се пристрасни, бидејќи многу се забележува дека се. Еднаш до два пати месечно да има Spam Thread. Може модератор да ја отвара во Кафе-муабети или форумски игри, за да не се бројат мислењата. Да стои отворена ден-два, да се изнаправиме офтопик муабети. Така (најверојатно, се надевам) во другите теми ќе се намалат оф-топиците. Добро ќе е да може да се промени корисничкото име. На форумот кој е спомнат погоре^^ можеме сами да си го менуваме никот (еднаш годишно) значи не би требало да е нешто комплицирано.
Што се случи со конкурсот за колумните? Кога ќе почнат да се објавуваат на сајтот? И апел да има поинтересни теми обработени на сајтот, а не бизарни како до сега.
Сакам само да кажам, дека четот постои, но слабо се користи, а е токму наменет за тоа - муабет.Тука се и личните пораки, кои се со иста намена.Додека оф топици по темите, пак ќе ги има, дури и ако се направи тоа.Немам ништо против твојот предлог, само мислење кажувам
Темата да ни биде нешто како издувен вентил. На четот се собираме неколку, во ЛП може со неколку, а на темата ќе може цел форум. Таа тема нека биде за комплетни глупости, кој како ќе му дојде во моментот, тоа да си го напише.
Лов3 сметам дека модераторите се добро запознаени со правилата на форумов и ги знаат како оче наш. Реално модерираат и до сега не се случило да се прават за некој попусти или нереално да се постапува. Секогаш се постапува објективно од страна на модераторите. -За предлогот со спорт ќе има посебна категорија, а и уште многу други категории и подкатегории, само прашање е на време кога ќе биде реализирана истата. Не зависи тоа од модераторите, зависи од тежината на тоа што треба да го сработат луѓето кои работат на тие делови од форумот. Ќе има и нови измени и нова платформа на форумов. За се благовремено ќе бидеме сите известени од страна на администратор, верувам. -И тука важи истото од погоре. Се чека админите да ја објават информацијата, да се направи селекција веројатно и да се соопштат правилата и новите колумнисти. Се ќе бидете известени, само како што кажав, прашање на време е, да бидеме малку потрпеливи. Сигурна сум дека админите не следат и дека ќе не изенадат со некој одговор.
Има пропусти, и тоа многу. Оф-топици не се бришат, само бидејќи форумџиката која го напишала мислењето ѝ е драга на модераторката. Сè почесто и почесто се пишуваат мислења на кирилица, на никого не му е гајле.
А зошто доколку се забележани или се смета дека некое мислење е оф топик, истото не е пријавено? Може да се пријави мислење доколку истото е оф топик, несоодветно итн.