Дали би можело да се направи историја на аватари и потписи во контролниот панел, каде што ќе ни стојат сите аватари кои сме ги користеле откако сме се зачлениле на форумов, по хронолошки редослед, од првиот па до последниот? Фала.
Малку смешно звучи, ама би можело да се направи ако немаш сино цветче да не можеш да го вклучиш четот (ако воопшто може да се воведе ваква опција). Мислам дека стварно ја претеруваат дежурнине со четон.
^^^ Да , у параво си Wild. Има некои што се регистрирани на форумов само за чет, а немаат ни едно мислење , или некој со едвај некое мислење во "форумџиски игри" или во "што носевте денес" и утепуваат на чет, дури и многу перверзии таму паѓаат.
^ Овој предлог е напишан едно 1 000 000 пати, а одговорено е само малку поназад. (и тоа не еднаш мислам).
Веќе постои ваква можност, но е исклучена по подразбирање. Се наоѓа во контролниот панел, во Прилагодувања. Опцијата е: „Извести ме ако некој ми даде ѕвездичка“. Се работи на проширена верзија на профилите која меѓу другото ќе вклучува и коментари . Сепак, има доста време до следната надградба на форумот.
^ Билке, може ли, за барем 50-100 букви да се зголеми потписот?! Зашто сликите зафаќаат многу, и нема место за тескт, па често не ми собира. а верувам дека и на другите исто така. Те молам(ме) ако може да ни го зголемиш малце.