Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    И јас се сложувам :!: ;)
     
  2. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Мислам дека тоа ограничување за четот не е правилно :^) мислам дека не треба да има такво нешто малце е глупо и сите заради тоа мислам дека би се откажале :yawn: сепак администраторите треба да направат нешто или да го стават на 20 барем незнам како сакате :$ инаку поздрав до фемина :hai: нека живее сајтот! :angel: :P :*
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    На новите членови да им се ограничи бројот на оставање мислења, најмногу на 5-10 дневно, се додека не направат 100 мислења.

    Вака ќе се појави некоја нова членка и седнува , ги отвара безвезалните теми и пишува по збор-два само колку да направи повеќе мислења.

    Мислам дека крајно му е непотребно на форумот да се пишува само ради-реда за да се добие цвет.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^ништо конкретно против тебе, ама а што ако некоја членка е дојдена за помош, во некоја тема за здравје си дискутираат?
    и ако биде ограничена не ќе може да побара помош така?

    зошто бре мора за се животот да се ограничуваме, зарем сме ние кучиња па администраториве колку ќе ни го пуштат јажето толку широко да шетаме?
    не зборам за правила на форумот,тоа си е друго...нормално дека админ има глас
    ама за ова...па ваљда до толку имаме во глава кој како да се понаша на форумов...а за хх такви случаеви постојат модератори ќе си ги средат темите. вие имате копчиња пријави-со тоа им помагате и посочувате.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ако на некој му треба помош ќе праша и ќе добие одговор,па во ЛП мозе да прашува и пепрашува колку сака, нема да му требаат повеќе од 10 мислења, сигурна сум.
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Мој предлог за сајтот е да се зголемат модераторите.
    И да, знам дека имаше конкурси, ама од пред повеќе од пола година и повеќе?!
    Искрено, очигледно е дека итно се потребни повеќе модератори, па мој предлог е ако може малку да се убрза тој процес.
    Благодарам.
     
  7. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Џабе е. Ти имаш над 1000 мислења па пак пишуваш безврска мислења и отвараш глупи/дупли теми.
     
    На sweet-star, babybelle, La.Reina.Del.Sur и 9 други им се допаѓа ова.
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Може ли да се среди категоријата Прашај гинеколог зошто некако почна да излегува од контрола.
    Мислам штом гинеколозите не одговараат повеќе треба да се запре со отварање на нови теми за безвезе.
    Така ќе биде полесно да се има увид во мислењата на докторите.
     
  9. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Јас мислам дека би било добро да можеш директно да одиш на која страница сакаш во темите .. Би било полесно за снаоѓање во темите како СДК, кои имаат огромен број страници.
     
  10. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    Веќе има таква опција. Пример на темава, горе кај што се страниците имаш:
    1389 мислења • Страна 1 од 139 •

    Стегни на болдираното и впиши ја страната која сакаш да ја отвориш. :)
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.270
    Модераторките да го избишат профилот на Ивана. Мислам дека треба.
     
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не треба.
    Зошто да се избрише ?
    Па тоа беше нејзина приватност, никој нема да го чита тоа од домашните, а и не пречи... некогаш ќе отвориш во нејзините мислења и кога ти е најтешко ќе сфатиш колку била силна и колкава желба имала за живот, како се борела со болеста, па и тебе ќе ти даде мотивација.
    Здрав, прав, а се жали од животот, а таа ниту во еден миг не се жалеше дека и е грдо, беше благодарна што уште живее иако нејзиното постоење на земјата беше кратко, сега...
    Сега е меѓу ангелите, на такви луѓе местото им е таму.
    Не треба да се избрише профилот, ама на профилот да се има напишано дека е почината, или бришете, ако сакате, ако мислите дека така е најправилно.
    Ама мислењата кажуваат колку била јака и не се предаде ниту во еден момент, ама животот понекогаш е таков = неправеден, а и таа болест непобедлива.
    Уште еднаш,
    Почивај во мир, Ивана. :(
     
    На Anna-Banana, La.Reina.Del.Sur, Snow-Queen и 2 други им се допаѓа ова.
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Ми текна сега една идеја дур те читав Глоси.
    И јас сум за профилот да си остане но на него да не пишува дека е почината туку цветчето кое што стои да биде црно.

    Во секој случај, останува на модераторките да одлучат. Ние можеме само идеи да даваме. :)
     
    На Miss.Ricci и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Било кој профил на форумот не мозе да се избрише.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Убава идеа Џингер за цветчето, ама не знам колку е изводливо.
    Не зависи тоа од нас, туку од админите. Ние не можеме да направиме ништо во врска со бојата на цветчињата. Да имаше таква опција, ако се согласуваа сите, јас ќе бев прва таа која ќе го промени.
    А, профилот како што кажа Горде, не може да биде избришан.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Добро луѓе што ви е на вас??? Какво црно цветче какви глупости, дај престанете, доволно беше во секоја тема да се пишува за случајов, на сите ни е жал навистина, едноставно оставете ја да почива во мир, само најблиските знаат колку е тешко, а не тука се изначитав секакви глупости, од тоа да се напраи книга со нејзините мислења до ова со црниве цветчиња и бришења на профилот! :x
    Јас ги замолувам модераторите да поведат сметка околу ова прашање, секој втор пост е поврзан со овој несреќен случај, не е во ред навистина затоа што е навистина болна тема и не верувам дека на некого не му е жал за овој трагичен случај, но мислам дека нема потреба веќе да се пишува и секој да напише RIP, доволно е да почуствувате во себе и да посакате да почива во мир.
     
    На Elenuskaa, Cacy, MoonChild и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Мимс морам да ти возвратам на ова.

    Прво не знам што е со нас, ама знам дека една форумџика даде идеја и другите се согласија со тоа а ти напиша на еден начин навредувачки пост за тие што го предложиле тоа, ние не реализираме идеи, ние само кажуваме, а администраторите одлучуваат.
    Второ сакам да кажам дека со тоа цветчето не мислевме ништо лошо, туку дека и даваме еден вид почит и новите/старите членови што не се известени со случајот по нешто да препознаваат. Впрочем тоа е најмалото нешто што можеме да го направиме, после сето она што го направи таа за некои членки и за да опстане во живот.
    Трето знаеме дека ова е темата која ги одбележа изминативе неколку денови, но што имаш ти против ако ние напишеме пост за тоа, знаеме дека навистина е жално и дека може само да ја оставиме да почине на мира без да напишеме пост, ама ако тој пост е напишан поради почит и корисен совет, не знам зошто толку пречи.
    Ако ти си почувствувала во себе и така си посакала да почива во мир, некој сака поинаку да даде почит, и еден пост значи многу ако е од срце даден за читателите.
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Јас се согласувам со Мимс. Тажно е што направи технологијата денес, тажни ми се и овие идеи. Озбилно дечки, каква реализација, какви идеи? Покажете си ја вашата креативност на други теми, или уште подобро, во животот. И уште не ми е јасно, како ќе ја искажете почита вие?
    Глупаво е искрено и да има дискусија на оваа тема :(
     
  19. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Малку настрана од дискусијата..

    ^
     
    На Sara123, Elennaa и Danilela им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Па ако толку саката да искажете почит одтидете запалете свеќа. Навистина е жално и болно да се читаат вакви работи. Како и вие што си кажавте мислења и јас си кажав. Потресни работи се пишуваат и јас искрено неможам да издржам да ги читам, а верувам и другите членки. Ако едно RIP напишано тука изразува повеќе почит од една запалена свеќа тогаш пишувајте си што да ви кажам :x
     
    На Monna.Monna и anamariia.x3 им се допаѓа ова.