Јас не ја гледам поентата во организирање на Нај Феминки почесто. Сигурно омилената феминка нема да се смени за еден месец. Потребно е време да се запознае некоја личност, да се развие позитивно мислења за неа и за нејзините мислења.
Добро,изгледа бев погрешно сфатена. Не велам секој месец да се избира и да нема потреба од награди.Не ми беше поентата да добијам награда.Незнам зошто бев погрешно сфатена кога само мислење кажав.
Ми текна една идеја, да се направи категоријаа `Тинејџерско катче`. И во таа категорија да се пишуваат совети, проблемите итн. поебно за девојчињата од 13/16 години. И онака веќе без потреба се отвараат многу непотребни теми, па тие теми што се поврзани со Тинејџерството да се стават во таква категорија. Тоа е мое мислење.
Предлог - да се тргне опцијата за поставување на слики и апликации во потпис. Иритира и болат очи од нечии потписи, а некои се толго големи што треба да се заборавам од скролање.
^ Поддршка за предлогов. Сфаќам дека сакате некои глумци, ама ајде едно да ставите, ами 5 .. Предлог од мене, кога имаат постирано линк, да не носи дирекно на линкот - а не горе тоа логото од фемина да стои. Кога зачувувам за букмарк, одвај се снаоѓам.
Ќе може јас да дадам еден предлог? Да се зголеми бројот на лични пораки кои што можеме да ги складираме во поштата.
Можеш да си направиш папки. Во секоја папка собира по сто, не знам колку папки можат да се направат. Спојлер Мислам дека се 3 или 5, ама не сум сигурна.
Не знам дали претходно е дадено како идеја, ме мрзеше да сролам по страниците назад , ама пример дали може да се направи да ти стиза некоја нотификација кога ќе биде цитирано твоето мислење
Eве ќе ти кажам дека многу пати е даден овој предлог и истиот одговорен. Не може да стигнува нотификација кога некој те цитира. Со новата платформа можеби(ама не сигурно) ќе има некои измени. Ако сакаш да провериш дали некој те цитирал постои друг начин. Во Пребарај го форумот -> search.php ќе го пишеш твоето корисничко име и ќе ти излезе секој пост каде што твоето име е спомнато.
Ми текна еден предлог, еве може да се искористи за новата платформа... Не сум прочитала многу наназад, се надевам не се повторувам со некого. Секое отварање на нова тема да биде on request се додека модератор не одлучи дека има потреба од таква тема и ја одобри (како што имаат некои веб страни одобрување за коментари на статии). Со ова скроз би се решил проблемот со отварање глупави и дупли теми, а и голем дел од непотребните коментари и тролање по форумов.
Тоа е супер идеја Артемишн, НО знаеш ли колку итни теми има кои бараат итен одговор како на пример „Фризу4е„ , „Ми сврши на стомак можно ли е да сум бремена„ , „Хелп!! ((„ и додека да одобри модератор треба време, а одговорите се навистина хитнииии.
Слика На еден форум видов опција која ја нема на овој,а би било интересно да се воведе. Веднаш над мислењето има нели опции „ми се допаѓа,цитирај....итн.“ , освен овие имаше и опција/копче „благодарам“. Зошто би служело? Пример:Побарам да ми дадат епизода од __серија ,потоа кога некоја ке стави линк ,наместо да цитирам и да пишувам „фала,фала....“ ќе кликнам „благодарам“ и крај! Не би било добро?!
Намената на копчето - ми се допаѓа- е со цел да се заблагодари некому, а и да истакне квалитетно мислење.Намената НЕ е за да се допадне нечие мислење.
Еве еден предлог, сигурно имате тим кои работи за статиите на форумот. Можеби се тоа и некои членки....па имам еден предлог: Под секоја статија да стои име и презиме на авторот. Или никот од форумот. Така членовите ќе можат да изразуваат ставови и мислења кој од тимот на фемина изработува најдобри статии.Кој треба да се поправи,каде има забелешки.....и слично.
Кога се цитираат мислења кои содржат слики или видеа да се цитираат како линкови, бидејќи вака ем многу место зафаќаат ем побавно се уклучува страната.