Дали Срцекршачка го пишува дневниот хороскоп? Бидејќи последниве 3 дена требаше да влетам во 3 различни врски со човекот на мојот живот, подалечен но авантуристичен пријател, близок пријател на кој му се допаѓам подолго време, шефот и слично.
Имам една забелешка за статиите што ги објавувате, а се преведени (најчесто тоа од англиски претпоставувам): задолжете некој СТРУЧЕН што ќе ги преведе, или некој бар нека ги средува откако ќе бидат преведени, за да имаат смисла. Сите знаеме Гугл Тренслејт.
profil/Miryam/posts/ Извинете за оф-топик ама овој профил ми оди на жици.Само постира некои букви,секоја минута Ги пријавив мислењата ама ништо...Има веќе 40 такви мислења
Очигледно некој сака да влезе во скриеното катче- 70 мислења за 40 минути направи, ако има некој администратор онлајн, нека среди, јас ги пријавував мислењата.
После ова се виде дека и Скриеното катче си има свои слабости и недостатоци и дека не е целосно скриено(затоа и не објавувам слики од мене).Еве го најновиот пример на трол Miryam кој за 1 час набилда 100 мислења и си влезе внатре.Затоа мој предлог до модераторите е да се ограничи бројот на мислења кои може да се пишуваат во еден час 10 или 20.Барем тоа до некаде дава одредена заштита .
Не е за тука мислењето. Ама нема каде на друго место да го пишам. Сакав да зборам за вчера. Една феминка, постави прашање за математика, во темата Општи прашања. Да, требаше да праша во темата Математички проблеми, ама ете, и се брзало, и пишала во општи. И потоа, јас и Лов мислам, и одговоривме. Нормално дека ќе и одговориме во општи, а не во математички, затоа што она нема да види. И после, наместо да се преместат мислењата, тие се избришаа. Знам дека беа оф-топик во темата. Но, сметам дека требаше да се преместат. Искрено мене и не ми оди многу математика, ама навистина се помачив, и да ја решам, и да ја скенирам, и да ја прикачам сликата. За после некој да ми ја избрише. Ако не, и ова мислење избришете го, затоа што не е соодветно за темава.
Изинете заа офф топиков. Зошто сеуште ништо не преземате со случајот околу Miryam.Навлезе и во скриено катче а вие ништо не превземате...
Девојката од вчера не е влезена на форумот, што значи е банирана, уште 3 коментари има. И немаше постирано ништо во модни, ако не се лажам
Мое мислење е дека се е супер,го разгледав сајтот и навистина ми се допаѓа како функционира. Можеби само да со „усовршите“ другото се си е на место. Не верувам дека ќе треба копче „не ми се допаѓа“ бидејки може да биде злоупотребувано затоа подобро вака да си остане се.
yeah,...даа веднаш,Вие само посакајте ние одма ќе ви ја исполниме желбата,бидејќи таа е за нас заповед цццц...ова ли е предлог за предлог за сајтот/форумот
^ Сноу, може мисли да бидат поактивни во ажурирање на прилози на почетната страна, а не ти, Петко, Станко да пишуваш повеќе на форумов. Нема потреба од превртување очи на секое мислење.
^ Предлогот на девојката се однесува на сајтот, не на форумот. За што се согласувам - навистина треба почесто да се објавуваат (корисни) статии.
Мислам дека во прегледот на темите, во опцијата “подреди по“, покрај постоечките варијанти автор, време на мислењето и наслов, треба да се додаде опција корисност на мислењето. Доколку некој сака да добие квалитетна информација во врска со некоја тема, навигацијата и пребарувањето би биле значително олеснети. Сепак, доколку се пристапи кон оваа варијанта, не би било можно тргањето на опцијата “ми се допаѓа“, но во тој сличај, истата би се користела порационално. Не разгледав дали некој го има предложено ова претходно