Не се согласувам. И така сликите во потписите зафаќаат премногу, или оние заедно сме со мојата љубов толки и толку, па треба цела вечност да поминеш на друго мислење. Доста е и толку.
виножитке, не е проблемот до сајтот, стигнуваат пораките на мсн, но во папката Junk, провери си. јас кога го заборавив пасвордот, и сакав директно да го сменам, ми стигна пораката во Junk
за опцијата „Извести ме ако некој ми даде ѕвездичка“ и другите опции (за известувања што се), стигнуваат пораки на мсн, но во папката Junk Спојлер барем јас така знам
Не стигнуваат Бона. Работата е што во Контролниот панел не може да се намести опцијата за да. Зелената точка упорно на не си стои
Јас предлагам сите теми што се 'екстра' како дупликати и непотребни, да се избришат, бидејки само бунат и зафакаат место а гледам полно и воопшто не се посетуваат. Не зборам за оние кои се во канта, општо, во сите теми. исто и канта категоријата не ја гледам потребна, би можела да се избрише. би било супер доколку ова се реализира Благодарам
Name, потребна е категоријата „Канта“ од проста причина што сите тие дупли и непотребни теми се префрлаат таму, наместо да зафаќаат место во категоријата во која се отворени. Вака барем форумот е посреден, колку-толку.
Јас имам идеа да се направи оделен дел со повеке теми во која ке се постираат лични информации од нас, може и слики, како и темата за модна оцена на форумџиките и таа тема да биде невидлива за нерегистирани членови. Мислам дека така сепак повеќе форумџики би пишувале и постирале слики.
Bilke te molime napravi nesto za temata moda-hrabri feminki,imame 30gosti I bi Bilo ubavo da ostane temata pomegu nas,za da bideme opusteni da stavame sliki.(Izvinete za latinicava od mob pisam)
Имам видено на еден наш македонски форум "Private area" ( на пример отвара тема само администратор/ модератор и само со покана од неа можат да се видат информации во темата ) Може вака нека нешто да има...стварно посебно во темава Мода и критики....има преногу онлајн не онлајн гости, регистрирани и не Сепак сме мала држава каде што е лесно да се открие некој
^^ Ми се допаѓа идејата. Значи да се ограничи пристапот, не само за гостите туку и за оние со помалку од 100 мислења.
Се согласувам темава да биде скриена за тие што не се регистрирани,ај ние тука и да се познаеме друго е сите сме си кажале нешто интимно и слично,ама нема што да не гледаат од страна
и јас имам видено на други форуми, затоа ја дадов идејата. И досега се закачуваа *крипери* од сега па ептен ке се намножат. И убаво кажа некој погоре, и да се видиме ние, не е толку страшно, пак горе доле се знаеме бар виртуелно
Јас имам еден предлог. Читајќи ја темата Сакам да кажам и уште неколку тени од категоријата Кафе муабети, каде форумџиките можат слободно да пишуваат за секојдневието, заклучив дека има многу членки на форумов кои добро пишуваат постови налик на колумни, па би било убаво ако може да се направи посебно катче на форумов во кое форумџиките ќе можат да пишуваат и објавуваат свои колумни на најразлични теми. Знам дека кога се зачленив во правилата пишуваше дека на форумов нема да има чет и нема да има дел за пишување на колкумни (ако добро се сеќавам), ама ете за четот се направи исклучок, па се надевам дека и за ова ќе се направи На пример би можело секој член кој што смета дека може да пишува да се пријави кај администраторите, или пак администраторите да понудат на членови кои тие мислат дека можат да пишуваат квалитетни колумни или кратки раскази. Потоа да се стави една категорија на форумов или дирекно на почетната страна на сајтот некоја икона која би ги однесла читателите до делот со колумните. За да не се направи хаос во тој дел може најпрво напишаните текстови да се проверуваат од страна на некој администратор или модератот, па доколку се со задоволителна и привлечна содржина да се објават. Сето ова би значело дополнителна работа и ангажман од страна на оние кои го водат сајтов и форумов (знам дека и вака имаат многу работа), но се надевам дека барем ќе биде разгледан мојот предлог.
mozebi bi bilo dobro koga na sajtov i maskite bi imale moznost da gi kazat svoite problemi za koi sakaat da cujat odgovor odnosno mislenje od zenska strana za sto veruvam deka mnogu bi im pomognalo za bilo koja dilema ili pak na sajtot da se napravi grupa kade bi se uklucuvale i maski i zenski so sto polesno ke dojdat do nekoi odgovori pozzzzz
Се согласувам со сите погоренаведени мислења, во врска со заштита на приватноста во темата Модни критики за храбри феминки..... Има премногу гости