И треба, ама за жал, таа категорија нема модератор. Излишно е да се префрлаат во Здравствени проблеми темите кои веќе ги има, така што, останува на билката дали ќе се затвори категоријата или ќе функционира и понатаму.
Jac сакав да предложам например да неможе некој да има слично корисничко име со друг член.Како на пример еве нели Сноу-Квин,па сега има нова Сноу.Квин,има и свит-стар и свит.стар....
Ајде само сатавете компетентно лице во категоријата Прашај гинеколог. Не сега заболекар или архитект да биде модератор на Прашај гинеколог. Јас мислам дека треба компетентен..
Бидејќи темата критики и забелешки е затворена, ќе напишам тука, се надевам некој од аминистраорите ќе види и да и пренесе на билката и михајло да го исправат тоа. Најдоле на форумов,го пишува ова- Не постојат авторски права, туку е едно авторско право, зборот никогаш не е во множина, само во еднина. Направилно е вака напишано. Ако не ви е тешко исправете го, знам дека ќе ми се изнасмеете, ама ви кажувам затоа што знам со сигурност дека е неправилно.
Па предлог за форумот. Еве на пример, кликам во „Активни теми“, ја гледам темата „Зини земјо, голтни ме!“, и го гледам знакчето-ѕвездичка, што значи дека веќе имам коментирано таму. Ама моментално ме мрзи да барам низ тие 40-50 страници, за да си го најдам мислењето. Па мислам дека би било убаво, доколку би постоела опција „прикажи ги моите мислења во темата“. Колку е изводливо незнам, можеби и јас барам преку леб-погача.
Може да се помести границата за можни смајлиња во едно мислење? Нели сега максимален број е 10 смајлиња,ама би сакала да бидат повеќе,на пример 15 или 20.
Да дополнам:Би било добро во категоријата другата наука да се отвори нова под-категорија за хороскоп и сите теми поврзани со хороскоп таму да се префрлат.Мислам дека вака е најдобро,бидејќи има многу такви теми во "другата наука" и е малку непрегледно.
Да имаме додатни смајлиња, кои ќе се активираат сезонски.Едните да се Есен/Зима, вторите Пролет/Лето. Пример: Пролет/Лето: велигден,сонце,плажа... Есен/Зима исто според сезоната. п.с. еве смајлиња за периодов...може на некого ќе му користат во постовите.
Како што гледам изгледа ке треба да има и смајли што се крсти хаха,иначе сноу фала за смајлињава, од тука исто можеме да ги земаме , ќе ни требаат
Еднаш пишав ко идеа, еве сега ЗАМОЛУВАМ некој од модераторите да го среди катчето Серии. Не личи на ништо, а мене ми е омилено Прво мислам дека би било добро да се поделат некако американски, турски, индиски серии....вака се губиш кога бараш нешто. Ама незнам колку е ова изводливо. Второ (и изводиливо ) е да се средат темите. Незнам зашто Очајни домакинки и Македонски идол стојат како важни и први. И мислам не е фер било кои серии да се стават ко важни. Ко важни теми би можеле да стојат оние општите, кај што ќе си пишуваме кога излегува нова серија, што има ново во тој свет, каква е гледаноста, кога нови епизоди и слично. Вакви теми незнам дали и има, неможам да ги најдам, ако ги нема да ги отворам/ме
Е баш фала сноу П.С- кој сака некои смајлиња , еве исто страна за новогодишни, и втората е една за лето , пролет и сл. http://yoursmiles.org/t-christmas.php http://www.animated-smileys.com/animate ... ys-summer/
И мене ми е една од омилените категории. Јас сум таму модератор, ама за жал не можам да ги поставам темите како важни или обратно, ниту пак можам да направам нова подкатегорија и да ги поделам сериите на турски, на индиски на... Само администраторите можат да го направат тоа, а и редно е веќе да се направи, само не можам да кажам кога ќе биде.
Јас имам предлог, во темата Специјален Поздрав да се укине опцијата Ми се допаѓа, од проста причина што некои се толку окупирани со овие лајковите, па се поздравуваат секој ден по 3-4 пати со листа од милион феминки која нормално секој ден е НЕпроменета! Ова не се однесува на оние кои нели поздравуваат по две феминки во денот, или па по 20 еднаш во месецот, туку за оние кои како што кажав секој ден поздравуваат по 20 феминки, и тоа истите та истите. Не е некој голем проблем ама боде очи, нема каде па ајде таму ќе собираме лајкови. Нека биде како во игрите, да ја нема таа опција. Ако може нели
^ Мислам дека нема потреба од ова, затоа што лајковите во СП се само показател дека тој некој што си го поздравил го примил поздравот. Е сеа, некој што го злоупотребува тоа е друга работа...
Еве еден предлог од мене. Модераторте понекогаш да ги "прочешлуваат" темите со слики затоа што многу од постиранте слики веќе не постојат и некако глупо е да гледаш пола страна квадратчиња каде што би требало да стои слика....