Значи, имаше една тема во „Кафе Муабети“ се викаше ТВ канал ФЕМИНА така нешто.. Зар не може да се направи такво нешто и да се воведе во лентата кај што стојат: УБАВИНА и МОДА, ЛУБОВ и СЕКС, ДИЕТИ и ФИТНЕС,........... ФОРУМ и на крај да речеме да има ТВ канал ФЕМИНА, па таму да има разни работи, како туторијали за облекување, козметика, зборување за хороскоп, а да биде уредувано од феминките, или пак тоа може да биде сместено во ФОРУМ.. Размислете, баш би било интересно, нема баш секој сајт нешто такво, па и талентираните феминки можат да се покажат! Позз!
Предлог - избришете една од темите што се за сликите од животинско царство. Едната е во слободно време, а другата во категоријата дете. И во двете се пишува за менување на сликичките, па добро би било сите да бидат во една иста тема.
Не било лошо,ако може Реин и ако не и е тешко, да отвори на некоја од сериите или филмовите, горе гласање за кој ви е омилен лик, сум видела на други форуми и многу симпатично доаѓа.
Дајте ве молам кај серииве и филмовиве распоредете ги амерички, турски, шпански... измешани се сите и збунуваат дополнително. Кога отворам од турскиве серии нервози ме дрмаат
хмм... не може ли кога некој негде не цитира да ни стигне известување некое или ЛП зашто ако некој на пр. сака нешто важно да искритикува со моето мислење, јас сигурно ќе заборавам и нема да се вратам пак на тоа мислење, а сепак сакам да видам што било? Може?
Треба преименување на голем број теми, особено во Прашај гинеколог. Која нема голема почетна буква, која е на латиница....
Би било интерсно доколку форумот би бил малце по среден.Исто така би било интересно доколку се направат поголем број на ранкови како админи, модератори од повисок ранг, субадминистратори или како и да е, за да има повеке заинтересираност , која и онака е на доста високо ниво.
Мој предлог мислењата на членовите да не се покажуваат за членови без сино цветче , кога одиш прегледај ги мислењата доколку немаш сино цветче да не се покажуваат така многу ке се зголеми приватноста според мене ...а и веројатно има ваков предлог за секое мислење да има нотифакции ако некој коментирал на таа тема
Би сакала пак да може да гледаме на фемина која е моменталната температува во градовите низ Македонија.
Супер е форумот, едниствени две нешта што ми сметаат е што мислењето може да се редактира само пола саат после пишувањето и што може да има само 10 смајлиња
Би сакала ако може да има специјална мобилна апликација за форумот Фемински. Многу ќе ми се олесни пребарувањето низ форумот во моментот кога не сум пред лаптоп, а ми треба нешто итно. И нормално, нека биде оптимизирана за iOS оперативен систем.
се убаво само не е фер што ја заклучивте темата труднички муабети занм дека што не интересира може да си побараме низ темите но не е исто на таа тема сите бевме во тек кај која што има ново си беше тема за опуштени муабети... Ве замолувам да ни ја вратите знам дека на многу мешинја им недостига оваа тема мене ми даваше волја со тоа што секој ден прво уклучуванје си читав труднички муабети и се релаксирав а сега се чувствувам многу осамена од кога ни ја нема оваа тема
Да се украси празнично форумот! Инаку и јас го поддржувам оној предлог за мобилна апликација(Андроид и iOS) Фемина.
Би било одлично да има страна само за рецензии, оценки на козметички производи па да полесно дојдеме до одреден производ, да не барам по странЦките сајтови, би било добро и овде да има...се разбираме нели Вака нешто http://www.neseser.hr/recenzije.html
Убвао би било да имаат некои тестови тука (пример Колку знаете да го излудите партнерот?Дали живеете во љубовна илузија?Дали знаете како да го задржите?)
Темата Направи сам , да се подели на идеи за направи сам и посебно за да ги гледаме изработките на феминките , убави идеи има од предлозите што се даваат ама некако се пренатрупа затоа да има посебна тема , а изработките и советите како да средиме нешто на посебна
Веќе се жалеа за ова летото, ама темата за султанон, што инаку не е за деца, ама деца ја зазеле.. ќе оставиш некој коментар, пример еве, ќе дадеш критика за серијата, после ќе излезат да те навредуваат, кога доволно ќе те испровоцираат да одговориш ќе ти враќаат како си опседната со серија што не ти се допаѓа. А бидејќи некој вака како мене не преќутува навреди, мислам дека треба да почнат да се делат предупредувања на дежурни цитирачи. Зашто стално ова го прават и не е прв пат. НЕ Е СТРАШНО ЗА ТАА ТЕМА ама ќе заврши серијата и ќе се нафрлат на други теми. Замислете да нема веќе турски серии и на американските да се нафрлат. Катастрофа. И ВАКА, треба да се категоризираат, да има посебна категорија за ТВ серии, а посебна за сапуници. Како што има посебно Филмови и Серии. Нека не се мешаат.
Предлог да ги отворите темите што сте ги заклучиле како Банирани корисници , Критики и забелешки дајте да можеме да пишеме ако има некој што крши правила , да дадеме некоја критика....(ја на пример ги имам 5 страни да пишам) итн .... Мислам треба да се почитува правото на мислење , а како ќе се почитува ако све е под клуч