Би било убаво и доста интересно ако би направиле пресметување на килажа, колку сме стари, високи и колку тежиме, и според тоа да се одредува просечната килажа ..Милам дека ова на сите ќе им се допадне
Имам една идеја за сајтот.Ако може во делот забава да се додадат некои квизови,тестови,вицови,текстови.Мислам дека не е лошо да има нешто плус.
Предлагам во категоријата „Дом“ да се воведе подкатегорија „Миленици“, „Миленичиња“, или „Домашни миленици“,... итн. како и „Уредување на домот“ (темите како „Перничиња“, “Собите во домот (преку слики)“ итн. Вака многу работи се збркани..
Ми дојде до една идеја ,па ако може да избереме заштитно лице на темата Модни критики (за не толку храбри феминки) и секоја година да се избира по едно модно заштитно лице убаво би било интересно.
Предлог мој, да не постои темата специјален поздрав. Ај што е активна 24/7, туку нема никаква корист од неа. Мука ми е кога ја гледам.
Да нема лажни профили, и ако може да се направе меѓусебен чат, а не преку лична порака, туку личен чат.. Позз
Ајдеее,втор Фејсбук ќе правиме тука А,да,како ќе направите да нема лажни профили,како ќе биде тоа.Мислам,како ќе им забраните да не прават дупли профили?
Нема пречка за правење на дупли профили, ама затоа постои БАНОТ, и лекот за таквите дупли профили е тој. Ако нема реална причина зошто некој направил втор профил(ја заборавил лозинката да речеме на претходниот и не е во можност да дојде до истата), ама од други причини нема да се толерираат дуплите профили и ќе се банираат.
Убаво би било нпр кога некој го цитира вашето мислење за тоа да бидеш обавестен,а и за темата специјалет поздрав да може да се тагне,пример пишуваш името на членот кој сакаш да го поздравиш,и со тагот ќе знаеш дека некој те поздравил
Горе во пребарај го форумот ќе си го напишеш корисничкото име и ќе видеш кој те поздравив,читирал споменал или слично...можеш и на латиница а и на кирилица...и готаво...сите што те споменале ке излезе....
Да постои опција, пријавеното мислење - да се откаже пријавата, да се повлече. Зошто се случува грешка, се случува недоразбирање и слично.
Личностите кои се тука само за да копаат по мислењата на луѓе што ги знаат лично и им ја загрозуваат приватноста а притоа се фалат јавно на форумот дека се прави детективи и дека ќе продолжат со разоткривање, зошто такви профили не се банираат? Ќе отворат нови профили, да, но зарем не можете некоја опција да ставите да не може секој да ти го отвори профилот и да ти скрола по мислењата..Што знам, до некаде да се има поголема приватност? Понекогаш не мора ни да изнесуваш подетални информации за себе, но доста е и нај глупава ситуација да објасниш и без имиња без ништо, па некој ќе те препознае... На свој ризик одиме, знам, но не е фер фемина да стане сајт на тролови! Ни вам, ни нам не ни е од корист! Не може скроз, но барем малку повисоко ниво на приватност... П.С. @Simpaticnaaa жити мајка не е фејсбук ова па да било со тагирање. Ве молам воздржете се од предлози што ќе ја направат фемина да наликува на социјална мрежа. Ако сакате Фејсбук отворете си профил таму. Си има овдека опција да си го пребараш името во секоја тема посебно и на цел форум!
и јас се сложувам со тебе навистина на форумот треба да се направи такво нешто неможе некој што има 10 години тебе да ти кажува што да направиш и секој да те гледа и навредува! Cе сложувам и за Simpaticnaa
Би било добро доколку некое мислење е избришано или преместено да има известување за тоа од модераторите. Ми се случило тоа, а не ја знам причината и дали мислењето е избришано или само преместено во друга категорија. (Се извинувам ако постои оваа опција или ако истата е веќе споменета)
Ммм,вака...Имам прашање,т.е. идеа: Кога веќе постои таа листа непријатели (ми текна ова после постот на Eлементал), дали можи да се направи луѓето ставени во таа група да не можат да ги читаат мислењата на корисникот? (барем да биде корисна) Така оние коишто мислиме дека се такви "детективи" нема да можат да читаат.Колку толку да има некаква заштита,барем од тие што мислиме дека не следат (ако ги знаеме да речиме).