^се извинувам инаку мора да можеш, со маусот пријди од левата страна на копчето ми се допаѓа, и ќе ти се појави.
Пред да биде некоја тема достапна на сајтот, треба истата да биде проверена и одобрена од модераторите. Не сум член кој знае колку долго и немам креирано ниту една тема, па затоа може и немам некое право да се бунам, ама во последно време видов премногу креирани теми, дел кои се повторуваат, а дел на нашки кажано со „глупа“ содржина од членови кои во тој момент се зачлениле. Знам дека се работи за форум и секој е слободен да си го каже своето мислење, но се си има свои граници. Треба да постојат ограничувања (што во бројот на мислења, што во периодот за кој се зачленети) за новите членови. Така би им се дало време да ги прочитаат и разберат правилата на форумот и како истиот функционира.
И јас имам еден предлог за темите,и Љубам баш спомна нешто за тоа.Предлагам да можиме да ги избришиме или да можиме да престаниме да ги следиме темите кои веќе не ни требаат,не не интересираат или се заклучени од Види ги сопствените: мислења | теми Ми се натрупале еден куп,а верувам и на останатите и тоа и такви во кои нема што повеќе да се пишува и само ми зафаќаат место. А и за пораките,и јас бришам секогаш кога ми стигнуваат нови,бидејќи имам многу кои несакам да ги бришам,па секогаш е полна поштата. Нека има место за повеќе. А да,и повеќе смајлиња да можи во постовите од 10,секогаш се нервирам со тоа.
веке е пишано на оваа тема ама сепак да пишам пак ... има ли некоја идеа или можност да се смени или додадат нови игрици на форумо!!
Да можеме да си штиклираме одредени теми кои не сакаме да ги гледаме Мислам стварно не е фер за нас диеталките - кликам Нови Мислења, а таму ме пречекува темата Мафини со милион рецепти и слики во неа
Мој предлог е темата вештачко оплодување, да биде преименувана со соодветен назив Медицинско потпомогнато оплодување...нема ништо вештачко во ваквиот процес на забременување.
Eдна забелешка до членовите кои отвараат теми. Мислам, ставрно нема потреба од ваше одобрување "ако има ваква темава - канта". Мислевте дека ако не го напишете ова а темава е за во канта реално, никој нема да ве чепка. Си има кој да му ја мисли дали е дупла, дали вреди да остане или слично. Напишете што сте наумиле и готово. Нема потреба од ваков глуп "вовед"
Треба да се има посебна група на теми за домашни миленичиња, па да може да се отворат посебни теми за различни видови риби, за различни раси на кучиња итн итн.
Мислам дека можеби треба да има нешто како известувања на пример на некоја тема си коментирал(нешто прашал ) и чекаш одговор и треба цело време да бидеш на темата за да чекаш да видиш дали некој да ти одговорил на прашањето . можеби треба да има нешто како известувањата како на (facebook) , на пример тој и тој одговори на вашето прашање , тој и тој коментираше на таа тема , можеби некој нема да се сложи со моево мислење .... Или пак на некој му се допаѓа вашето мислење , и тоа да биде вид на известување ...
Jас мислам дека нема потреба од тоа.. И на пример оние што добиваат по 200 лајкови на ден.. само ќе се замараат.. А инаку лајковите можат многу лесно да се видат. А ако сакаш да видиш кој те цитирал доволно е дамо да си го напишеш корисничкото име на „Пребарј го форумот“ и ќе видиш кој ти одговорил на орашањето..
Ako сакаш така баш ти како што викаш ќе отидеш долу кај темата таму има Запиши се за известувања за таа тема и сите што пишале во таа тема ќе ти се праќа како порака на маил. Поздрав
Се си е Ок само уште да може да се направи некаков приватен чет и така да не чита секој што се допишувам јас (а во лп па многу споро ми иде..).
Добро бе...имате статија Доделени наградите на Греми, ај тоа до некаде океј... После имате Ријана блеснала во црвено на Греми, не знам што, па Џенифер Лопез со шлиц на Греми, па после Модата на Греми... толку сте некреативни?
Да бе,сега и Фемина Фејсбук ќе ја правиме Додај си ја таа феминка на фб,скајп и пишете си побрзо,штом толку имате муабети.Четот е за сите,нема потреба сега од приватни четови,незнам шо,а и кое оптоварување ќе е тоа за форумот...