Фејсбук и Скајп не ми се толку интересни како фемина.Секој ден дремам на фемина и ми фали чет, сеа за два збора да се испологирам на 300 сајтови кога можам на еден се да правам .На крај па не планирам да се допишувам со тебе не се секирај.Во секој случај тоа е мое мислење и имам право да го кажам ако не се согласуваш ќути си и така ова не зависи само од мене и тебе .
Има чет на форумот, додека тоа што велиш дека во лп споро ти иде, ако мислиш за тоа што пораката стои во „ се испраќаат“ тоа значи дека не е прочитана од членот на кого си ја пратила пораката.Не е дека споро се праќаат пораките
Да знам ама додека читам нешто не се гледаат горе пораките .. барем да се појавува нешто или да титка
Прочитав пред многу време некој предлози фемина радио да има Одлична идеја е тоа И некако да напраите да доаѓаат како вид нотификации кога некој ќе те цитира и ќе ти даде ѕвездичка за мислење Инаку сте фантастични
Јас имам еден предлог.. Сум гледала по српските и хрватските форуми на кои случајно налетав.. За секоја серија/емисија има посебна мини-категорија. (ако не ме разбравте мислев кога ќе го отвориш ти излегува нова листа) И сега има тема за главните актери посебно, па заедно, тема новости за серијата, тема со спојлери (тие што гледаат напред или гледале ќе коментираат овде), тема со коментари, аватари, потписи, слики, цитати, прашања итн.. И според мене тоа функционира.. Зошто кај Фемина тоа ми изгледа некако збркано.. особено во темите за Бурни времиња, Величествениот, Ангели.. Се е збркано.. Поздрав!!
Јас мислам дека треба една тема на форумов - Овој натпревар или некако слично, каде што ќе се дискутира некој натпревар кој го гледаме. Сега ако сакам да искоментирам јас нешто за играта на Барселона и Милан, немам каде.
sport/fudbalski-natprevari-t1295/ Ако сметате дека нема некоја тема слободно отворете, администраторите не се задолжени за отворање теми.
Јас имам неколу предлога. 1.На пример некој член ќе прекрши некое правило (оф топик, пишување на латиница, навреди, дупла тема итн.), и за тоа да добива казнени поени (негативни поени, како сакате...) И на одреден број казнени поени, да се добива некаква казна, за тоа каква казна, вие ќе одлучите... Мене не ми текнуваат сега Казнените поени на секој член ќе ги пишува на неговиот профил. Мислам дека вака ќе се сперчат многу прекршоци, ќе им се олесни работата на модераторките и форумот ќе функционира подобро. 2. Под итно треба под-категорија „Астрологија“ во „Другата наука“ Вака неможеш да дишеш.. 3. Јас мислам дека треба уште некоја добра модераторка, и веќе имам на ум кој може да биде, но се разбира, како ќе одлучите вие. Поздрав...
^За првиот предлог не се согласувам, бидејќи секој може да погреши со дупла тема и сл. и мене многу често ми се има случувано за отворам дупла тема поради тоа што не сум видела дека постои таква веќе! Поздрав
Може во Убавина и мода да се направи како ’поткатегорија’ ли како да кажам за блогерките. Немора да бидат само тие од форумов, нека бидат и други македонски блогерки, како што има на страницата на фејсбук. Мислам дека така би имале доста поголема посетеност блоговите, а морам да признаам дека на повеќето блоговите и не им се за потценување. Многу би била среќна доколку овој предлог некако се прифати.
може ли само да замолам доколку веќе сајтот решил да не ми објавува никакви коментари бар да ми објасни зошто? фала!
многу долго размислував дали да го пишам ова , но се одлучив сакав да ви предложам да направиме тема или група ,која ќе ја гледаат само оние што се online бидејќи многу се врши злоупотрба како на темата ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ ! се извинувам ако не ви се допаѓа , но би била среќна ако некои го прифати мојов предлог ... поздрав
Еден предлог и од мене. Не знам колку им се допаѓа на останатите но 10 мислења на една страна според мене се премалку. Можеби е погодно за оние теми на кои се постираат слики но во останатите и не е баш прегледно (гледано општо за цела тема, а не за мислења. мислењата и така си се прегледни). Треба да се листаат страни и страни додека да се исчита и пронајде било што. Не знам колку опции имате на оваа платформа но можеби е подобро на оние теми на кои нема слики да се прегледни повеќе мислења од само 10.
Уште нешто, дали е неопходно така да бидат распоредени дел од категориите? Измешано е литература со ументост, „другата“ наука има сосема несоодветно име со оглед на темите кои се отвораат таму, во „живот“ се измешани многу категории (особено делот со „религија“ ставено на исто место со „политика“ за што сите се залагаат дa не биде така и тие две се ставенти во ист кош со литература и уметност?). „Спорт“ е сместен во „слободно време“ и уште некои забелешки. Не знам колку ќе ми ја сфатите поентата но веќе кога ќе има нови модератори, зошто да не се потсреди малку од малку пред да се почне со функцијата на истите. Распоредот е малку нелогичен. Има засебни категории за „Диети и фитнес“ и „Храна и рецепти“, а нема за останатите. Не знам што мислат останатите, но ова е мој предлог и мислење. Би било добро ако оставите знак дека се читаат предлозите или се/не се земаат во предвид.
kafe-muabeti/opisete-si-go-denot-so-emocii-t1874/4470.html#p1558252 Искрено, оваа тема е дефинитивно една од најглупавите, дури сега сфаќам. Не е корисна, онака само си се трупкаат мислења без веза...Ама и единствената кај што нема оф-топици. Може ако веќе не сакаат да се избрише, да се стави во форумски игри, па да се направи некој вид на игра.
Мислам дека кај копчињата што се Цитирај, Ми се допаѓа итн. да не пишува целосно „Цитириј“ туку да има само вакво знакче Спојлер ништо повеќе, исто и за ми се допаѓа, да го има смајливо „ :up: “ само.. Ништо друго .. а секако ако некој не знае што значи тоа: ќе си го приближи глувчето до таму и ќе си види. Поздравче