Воопшто ги разгледува некој предлозиве? Или ние си пишуваме...онака.. колку да си се пожалиме испаѓа...
И јас добивам такво чувство, како напразно да збориме, иако има предлози кои стварно вредат и треба да се исполнат.. Билката вели дека псотојано чита, ако е така, барем да враќа на предлозите, да пишува дали ќе се примени, дали ќе се размисли, или нема ни да се размислува на тој предлог. Инаку дојдов на темава да предложам кога веќе не планирате да има повеќе од 10 смајлиња во мислењето барем да има мерач на смајлиња на страната, за да знаеш кога си ја преминал границата, и ако си ја преминал да знаеш колку треба да избришеш!!! Инаку лично не знам зошто границата е 10 самјлиња, зошто да биде ограничено? Па ако некој лудак почне да става по многу смајлиња во текстот, ќе го пријавиме мислењето, ќе биде избришано и толку.. Како и да е.. Поздрав.
Спојлер Извинете за мислење едно по друго, но навистина никој не пишува во темава Не знаев каде да пишам, зашто не сум пријавувала досега, можеби не сум во право и ќе ми префрлаат поради ова, но sladok-bitlola ми имаше пишано по ЛП, малце го подиспрашав и дознав дека бара девојка.. Малце со Дала го научивме дека не треба така :geek: Ајде викам нека помине, ама еве сега и во СДК пишал: Спојлер Ова е мислам претерано. Преземете нешто, во правилата јасно пишува дека фемина не е место за барање девојка!
http://grid.mk/read/news/504641424/2296 ... e-postojat Чисто инфо дека не и е местото тука на Фемина рекламата за Аргета паштета. Сите ние знаеме од што се прават паштетите....
^^^^^^ Точно!Сите знаеме дека паштетите се праат од......ај да не зборан=м,на некој ќе му се згади ако јаде...
Добро ќе биде во Другата наука да се отвори една тема во која ќе одат сите копи-пејст статии од Кафе пауза и други сајтови со содржина зодијак, зашто не ја сфаќам поентата на постоење на десетици (а секој ден се множат) различни теми од типот Кој знак е најмногу по банџи-џампинг или Кој знак не јаде свинско (добро, што ми падна на памет, тоа напишав како пример) кои не развиваат никаква содржајна дискусија освен цитирање проследено со „точно е“ и „нема врска“. Нека се сместат сите тие написи во една тема, па би било попрегледно, во интерес на читатели кои ги привлекуваат астро-содржини или едноставно така се занимаваат. Вака е пренатрупана таа категорија.
Се прават од: Спојлер органи од животни (крави на пример)... па штета је ово да се баци! Инаку.. Да, или пак љубителите на таквите категории ако не сакаат во една тема, нека се отвори некоја категорија на пример „Астрологијата и нејзиното значење“.
Еве јас мислам дека е навистина штера што некои си прават профили само ако треба нешто да прашат и отварат дупли теми, Незнам вие другите како го гледате тоа но јас искрено мислам дека е штета.
Би требало да е за тука мислењево. Бидејќи е во врска со колумните. Кај мене нешто не е во ред, или? Спојлер На едното пишува со Трендафилка, а на другото Во земјата на чудата.
Во најава се нови модератори. Но никако не смееме да ги заборавиме девојките кои со години работеа и и помагале на фемина. Тие биле тука, ги поправале сите наши грешки, помагале во многу дилеми и меѓусебни судири. На каков таков начин допринеле по некое парче од денешниот мозаик на Femina.mk. Би било убаво, да се вметне опцијата титула, кај поранешните модератори, колку толку да бидат обележани. Еве неколку примери: (земав пример со Lux,знам нема да ми забележи) -Ex. Moderator -поранешен модератор -FM (знакче за кое би знаеле дека,членовите со таквото знакче некогаш биле дел од тимот на Fеmina.мк)
Некоја грешка била, еве сега гледам дека е веќе поправена. Колумната МИРИСАЊЕ ОРИГАМИ ја пишува Трендафилка, а ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА - Алиса.
Сноу, со извинење, ама ова ти се живи, лигави глупости. Што е толку битно тоа? И онака сите ги знаеме кои се, скоро и да ги знаеме приказните за нивното менување. Јас да сум била модератор и да ми стои вакво нешто покрај корисничкото име, би се навредила најискрено. Екс модератор
^зависно дали човек ќе гледа на тоа со позитива или со негативно размислување. Се е начин на сваќање. Јас предлог си дадов,а надлежните се тие што ќе одлучат.
Еден предлог и од мене Ако може да се направи некако, и ние што ни е никот со 3 знаци (букви/бројки) да можеме да видиме кога некој не има цитирано, без да ги проверуваме сите мислења.. Нешто слично како и на другите да биде, ако може преку пребарувачот - најубаво
Дај бе веќе тргнете го тоа горе што се појавува кога отвараме страна од форумов. Значи ептен иритира, некогаш дури ни страните не ми се отвараат заради тоа, кочи и глупаво е едноставно.
Kога веќе во Актуелни политички настани се избришаа еден куп мислења наместо некаде да се префрлат, предлагам сите мислења за раѓање деца и наталитет да се префрлат во темата Наталитет/Морталитет.