И за сајтот и за форумот мислам дека не е лошо да има некакво листање на теми или статии според рејтингот, т.е. колку лајка има собрано. Не дека е правило, ако некоја статија или нечие мислење има доста лајкови, веројатно вреди да се прочита. А кога човек нема време да листа тема по тема може да се случи да испушти некоја важна информација Многу пати сум посакала да можам да ги разгледувам и мислењата на форумот и статиите на фемина според нивниот рејтинг.
Пошто се е заклучено пишам овде. Ај проверете си го членот profil/yuiop/ , постојано прави офтопици и ги полни темите,треба мерка да си добие.
Незнаев каде да пишам бидејќи темата за ова е в канта. Дај земете соодветни мерки и видете го профилов profil/jebiga/ Секои 5 минути отвора нова тема. Има отворено 10-тина теми кои гледам сеуште не се заклучени. Како демек на профилов биле 3 другарки.
А чекајте малце, мислењата кои ги пријавуваме пишува дека одат на преглед кај администраторите. А од нашиве администратори абер нема, за џабе ли ги пријавуваме? Или можеби одат и кај некој модератор.
Ова е многу пати предложено,но секогаш е одбивано. Повеќето би сакале.Поубаво да не се бројат мислењата во теми како што се Што денес за ручек? Што појадувавте денес? и сл. Затоа што во темите на Кафе-Пауза има многу подобри мислења за разлика од категоријата каде што се овие теми. И Јас сум за ова мислењата да се бројат.
^^^ Порано мислењата се броеле. Меѓутоа се бунеле нешто, и затоа сега мислењата во Кафе-муабети и Вицови не се бројат. Имено, не се бројат уште од 23 октомври 2010. Инаку, јас не би сакала повторно да се бројат...
Па нели има\ше конкурс за нови модератори. Ама администраторите ги нема да кажат кои ќе бидат новите. Едит: Сега се сетив, ти прашуваше за администратор, сега да не сакаш модератор да бидеш?
Вака, една идеја: би можело да се направи некако, кога се отвара тема да може да се види дали има веќе таква тема отворено, исто како кога правиме акаунт на форумов (ќе пишеш корисничко име и пишува од страната на пр. „Веќе постои вакво корисничко име“ и сл.). Така би било и полесно за модераторите (кои ќе имаат помалку работа ). И се надевам ме разбравте што сакам да кажам.
Dislike копче или каков и да е покажувач дека некое мислење не ми се допаѓа. Би ги дислајкнала сите мислења од една почитувана членка без влакна на јазикот која се однесува сељачки.
Па зарем темата не се вика „Предлози и идеи за сајтот“ ? Епа си давам јас предлог за тоа... не значи дека ќе се прифати.
^ Абе ако даваш предлог, обично имаш причина за тоа некаква. Ти имаш некоја разумна причина поради која повеќе би ти се наполнила душичката ако бројот на мислења ти стане поголем, м? Ајде ако не јас сакам кога ќе се логирам на форумов, Обама да ми мавта со левата рака. Причина: немам. Што ќе ми е.
forum.femina.mk/profil/Katerina2001/ Проверете ја членкава, или е трололо или дупли профил, или од двете по малце. Во потписот и стоеше дека има 12 години и сакала да помогне на форумов (врло симптоматично што друга членка на иста возраст драматично си замина од форумов ретходниот ден), а вчера пишала дека била силувана пред 4 години кога имала 15 год. Отец Пимен нека помогне!
На овој форум одамна не сум прочитала некоја добра дискусија. Покрај тоа што е полно со деца што тресат глупости има и некои сомнителни. Ајде проверете ја оваа или опоменете ја profil/Sardinija21/ На сите теми, дури и во политика и во религија спомнува секс. Да беше некое машко ќе го баниравте, не бидете селективни, што ако е женско. А којзнае можеби и машко е? Кога веќе има деца на форумот мислам дека не е во ред да читаат вакви работи.
Незнам дали ми е за тука мислењево ама ајде.. Добро бе нели може некако да пријавиме корисник? Значи има еден(на) и вие знаете која , што човек неможе мислење да пише од него(неа). АМАН, превземете нешто. Логично е дека не е тука за дружење,потреби итн, ами за да се глупира. Тотално се глупира. Спојлер Во случај да не е јасно за кого зборам : profil/teedybeear/