Да има Литература и уметност,каде што нови членки ќе можат да пишуваат свои лични творби,поеми,есеи,делови од романи.....Видеа од сопствени драми,се за културните настани во земјава,како функционираат клубовите,литературни,драмски итн.....
Mене ме интересира дали има тема за лицата со посебни потреби и ако нема како можам да отворам таква тема.
Да постои можност да се аплоудираат фотографии од телефон. Не зборам за она копи-пејст од некоја страна на нет, туку свои фотографии од својот телефон ако сме вклучени од мобилен.
Annath и Ariel, сум ви благодаран на толеранцијата. Доколку сметате дека доле напишано нее во ред може да го избришете и нема да ви замерим бидејќи бев во огромна дилема дали да пишувам вопшто било што на форумов. Бидејќи форумот ми се допаѓа, ви пишувам со извинение на лични емоции во сугестии. Сакам да ви понасочим внимание на изузетно деструктивно однесување на членот т.н. "Ехперт" бидејки тој си ја има цел. Тој сака сите теми по АЛТЕРНАТИВА да ги „затвори“. Колку можам да приметим, тој прилично успешно тоа го прави. Ве молам вие пропратите начинот и шо тој има пишувано, се ке ви е јасно. Јас пробав и верувајте, ми се слоши. Се прашував зошто тој тукма и тоа го прави? После негови дискусии нема ништо!!! Никаква желба од членови на такви зборови да му реплицираат. Нема движење бидејки на едно обвинение му се презентира доказ, тој си има чекор понатаму со други обвинениа и така во бесконачност. Се губат суштини на темиве бидејќи се тој пресметува со членовиве. Се работи за само еден член на форумот кој ги пласира бројни неосновани поплаки на многу други членови од форумот а тема по алтернатива го посебно радува. Вие гледате ли тоа? Ви руши концепцијата и нивото на форумот. Јас можам да ви кажам дека Ехпертот е машко и има 54 години и го користи форумот за лична пресметка сомене. Си ја има дијагнозава. И шо сеа? Уште еднаш ви се извинувам за сугестии. Го сакам ред и пристојност. Верувам и на вас ви е во интерес почитување на принципот во смисла: до колку збор нема позитивно влијание на темава, тогаш нема ниту да постоји на форумот бидејки секоја будала може да ги прави играчки со негативни и неконструктивни претпоставки во рамки на темава, така ли е?
Предлагам Од Фемина-женски сајт и форум да се преименува во Фемина- хороскоп и форум Што ви стана со статиите бе луѓе, на времето секој ден имаше нешто ново, сега само, џет сет, видеа, хороскоп, и тука таму по некоја колумна да разбие монотонија од предходно наведеново. Мислам дека категориите љубов и секс, диети и фитнес, рецепти, здравје не се до толку ицрпени за да нема што да се напише на нив. Еве рецепт скоро цел месец немате објавено, еден никаков оффнет секој ден објавува рецепти а овде женски сајт а нема. НИ Ф од некогашната Фемина, остана само форумот. Ако ви е тешко, направете барем опција членовите да пишуваме статии и да ви ги праќаме на мејл, па на вас ако ви се допаднат да ги објавите. Толку многу матријал имате од форумов, што мислам дека нема ни потреба од преведување текстови од други страни, туку слободно може да се напишат оригинални статии на некои теми. Извинете на дрскоста за ова што го пишувам, ама навистина сакам и понатаму да станете најдобри
Предлог до администраторите: во категоријата Дом да се групираат темите. Еве на пример може да се направи фолдер „домашни миленичиња“ и сите теми поврзани со домашните миленичиња да се стават таму. Понатаму, фолдер „ уредување на домот“ и сите слични теми да се стават таму, фолдер „ хигиена во домот“ итн. На тој начин пребарувањето низ темите ќе биде полесно, вака како што е моментално, многу е хаотично.
Предлог да се направи нешто за помалите членови до 14 години нешто како подфорум незнам смислете нешто нас не интересира секс,семејство,венчавка и сл.благодарам
Да си ја проширите слободата на говор На пример ќе напишам мал оф топик и одма мора да се брише, ама на пример одредени постари членови со позната дрскост ќе напишат офтопик, им стои. Зошто е заклучена темата критики и забелешки, а темата пофалби стои отклучена?
Да не се бројат мислењата од темите од типот.. -Што пиете во моментов? -Што ви се пие во моментов? -Што ви се јаде во моментов? -Што вечеравте денес? -Што јадете во моментов? -Газирана или обична вода -Што појадувавте денес? -Колку пати јадете на ден?... и уште многу други... Затоа што премногу се злоупотребуваат.
У право си, само знаеш со текот на времето(дека си уште потазе на форумов) нема да те интересира апсолутно бројот на мислењата на членовите, едноставно ќе гледаш само како број, не знак на квалитет. И мене ми е искрено глупаво некој што од 1000 мислаење 500 му се во тие теми, ни прави дневен рапорт на неговата исхрана, инстаграм со зборови, така ги доживувам. Нема некое конкретно решение, освен игнор.