Да целосно те разбирам ама бев испровоцирана од темата "Цвеќенцето". Многу ми е интересно и смешно цело тоа скокање до плафон од членови кои имаат оставено мислења само во темите кои ги споменав. Ако вака продолжат работиве цвеќенцето веќе ќе стане синоним на неквалитетни мислења, а не квалитетни. Јас ве читам веќе 3 години и ве знам многу добро сите, мислам на тоа кој какви мислења остава и каков стил на пишување има. И можам да кажам дека само постарите членови се држат до правилата и навистина оставаат издржани и квалитетни мислења, поновите членови се катастрофа. Со чест на исклучоци. И затоа го дадов предлогот, колку ќе се прифати незнам ама убаво велиш, само игнор му е мајката.
Дај ве молам тргнете ја лентата што се појавува горе кога се отвара линк до друга страна. Навистина глупа работа.
Да се отвори тема: Свадбата на Snow-Queen...и таму пишувајте се што ве интересира а јас ќе одговорам, зошто очигледно ако почнам по сите теми да одговарам офф топици ќе се наредат
Опција каде што некој што ќе те цитира да има стрелка да те однесе на тоа напишаното ( мислам добро објаснив )
Темите да се отвараат во нов таб, да не мора цело време на back да се иде Така мислам дека и поголема прегледност би се имало
Nymph ова сама можеш да го правиш. Десен клик и open in new tab Предлог: да има опција за менување на никот, барем еден пат нека е дозволено. Нека стои новиот ник, а стариот нека го пишува на профилот, пример: поранешен ник - тој и тој
Да се има одреден период до кога може некој да биде член а да не пише ниту едно мислење на форумов а потоа да му се избрише профилот. Ако им е за коментарите, да се направи за секоја вест да можат преку фб да коментираат, а инаку вака само да читаат а да не пишуваат и да имаат увид во мислењата и профилите на членовите, навистина не е фер. Има луѓе ги гледаш со години зачленети, плус и онлајн, а немаат ниту едно мислење. Не е фер според мене. И и јас сум ЗА еднократно менување на никот.
И јас сум за еднократно менување на никот и кога бараш во тоа Пребарај го форумот да има опција бараш тема или мислење со тие зборови А не кога ќе пишеш се што е можно ти излага (мислам дека ме разбравте)
И јас сум ЗА за да може еднаш да се смени никот (иако ја не би го мењала,од почеток се ке дадев за да го сменам ама сеа па неќам) И да,како што рекле повеќето,да не стои логото на фемина горе коа отвараш линк.
И јас сакам да можи да се смени никот (уште си го сакам Channing Tatum ама нова љубов има сега ) - да стигнува нотификација кога некој те цитира, - да неможат штотуку зачленети корисници да отвраат теми (порано не ми пречеше ама сега кога ќе видам некој пред 2 мин. што се зачленил и одма отвора тема, и тоа ја става во сосема поинаква категорија, а исто така се повторува темата и е многу лесна да се најди - косата ми се крева ) - и најважно мислам дека е да можи секој корисник да си бриши мислење, не само по 10 мин. туку кога било, затоа што еве на пример јас имам неколку мислења од пред 2 години кои немаат смисла и многу сакам да ги избришам
Ич да не се секирате, наскоро ќе се смени плаформата и ќе биде баш таков како што сакате форумот со цитати,нотификации, ѕидови, чуда и бакрачи, што мене лично не ми се допаѓа ич, но океј. Одете на кајгана форумот тој функционира на тој тип и нашиов ќе биде како и тој. Само боите да си останат овие на форумов, баш ми се релаксирачки зашто она жутана на кајгана не е за мои очи.