Така па ќе се отворат милјон нови профили, што ќе имаат само по едно-две мислења. За никаде ќе е. Само никови ќе зафакаат. Ако веќе се реализира овој предлог, добар е, не е лош, би можело тогаш да се воведе ако некоја феминка сака да биде банирана, да биде банирана.
Дај направете на било кој начин да си гледаме кој кога ни ставил лајк, зашто гледам дека имам 5 лајкови повеќе, а одам на тоа што е зелената стрелка, се исти - па исти. Знам што е работата, ми имаат ставено лајк на постарите мислења, ама сакам да ги видам. Ептен е непрегледно. Лесно им е на тие што имаат под 100 лакови, си одат на профилот и си ги гледаат. А ние?
Абе сите ќе се закренат да бришат мислења, и членови, и модератори, само зашто тебе ти текнало да го избришеш своето мислење. Жити се‘
Да се затвори темата модни критики за феминки - тинејџерки. И мислењата да бидат префрлени во веќе постоечката тема. Што е ова на форумов, ќе вршиме поделба според возраста од 13 до 18, па 18 до 30, па од 30 до 40 и сл? Алооо до каде стигнавте со размислувањата? Јас разбирам за трудниците и децата што си има посебно,ама тие не се за критики туку општо слики. А ова посебни категории - ужас. Што ако јас си се чувствувам како тинејџерка и си се облакам така а? Како и да е што побрзо решете ја темава, зошто воопшто си нема смисол.
Tу ама сте лоши, остај те ги децата да се радуваат, што и фали на темата си почитуваат правила, и ако прават така не гледам зашто да се затвори.
А што би коментирала јас на дете од 12 години ? Немам ни поим што мода пратат децата денешно време , може само ќе и дадам некој совет па во очите на врсниците ќе излезе смешна ,не може исти парчиња гардероба и исти трендови да носат дете од 12 години и возрасна жена . Нека ги децата нека си коментираат , во другата тема или остануваат незабележани или им велат да не постираат . Според мене темата е супер .
Не знам што е толку ужасно, па толку остра реакција од твоја страна, да бидам искрена. Па и до каде стигнавте со размислувањата, хах. Ајде, не ти замеруваме. Темата си е сосема во ред, отворена е баш поради некои коментари во Модни критики дека нема што да се коментира на таа возраст, па убаво е да си има посебна тема каде што ќе може да им се даваат коментари и совети прикладни на нивната возраст.
Ама од друга страна тинејџер е од 13-19. Значи се дури не се наполнат 20. Ако одиме по правилата за возрасна граница тогаш половина од мислењата треба да се преместат во новата тема.
Саатот во секоја тема како да е различен, средете го, мислења што се напишани денес, ги пишува дека се пишувани вчера. Џабе нафтени и нови и не знам какви платформи кога временски нема усогласување.
Реакциjста ми беше поради тоа што сметам дека на Фемина сите сме едно и не треба да се прават поделби, и дека е убаьо да се гледаат комбинации од наjмладите па до наjстарите. Но сите на едно место. НО, сепак тоа беше само предлог/забелешка...не си ставаjте на срце и не го сметаjте ова како кавга. Приjатни сништа
Сакав ова да го напишам во критики и забелешки, но темата е заклучена па затоа овде ке кажам. Ве молам пишувајте повеќе за убавина и мода, лице. Тоа ми е најомилена тема па затоа бе молам највекеј на светот.поздрав
profil/lady11/ оваа членка е истата оваа членка profil/lady111/ постојано една на друга си лајкнуваат мислења би било убаво да се провери благодарам однапред
И да се внимава на лажни профили исто така и да се внимава како се однесувате една према друга. кога сме кај исти профили еве и овие 2 се од иста личност profil/gigi.81/ и profil/cyber-men/ досадуваат во лп внимавајте