Малку е чудно што на ваков форум нема ваква тема. Сведоци сме на континуирана дискинација и предрасуди од сите, не само од мажите туку и од жените. Мислам дека дури и повеќе од жените. Пример, ако е успешна, одма муабет дека одела со директорот. Ако е убава, силиконска е. Ако се омажила убаво, за парите е. Ако ја унапредат, со врски е. Ако заврши факултет со високи оцени, си одела со професорите. Ако е домаќинка, свекрва и чувала деца. И ова е констатнтно. И иритира. За мажите овие муабети ги нема. Само на форумов колку вакви предрасуди има и колку многу нервираат. Има шанси некогаш да запре ова?
Да и најчесто е ова осудување од жена кон жена. Дали од завист дали од злоба не знам. За никој маж што добил унапредување не сум слушнала некој да рече дека е добиено со секс. За жена секогаш без исклучок. За мажите нема вакви муабете бидејќи тие си се поддржуваат. Маж за друг маж што одел со жени не вели дека се курва. Ама жена за друга жена да.
Дискриминацијата и предрасудите кон жените не преставуваат карактеристика која зависи исклучително од полот. И мажите и жените манифестираат вакво однесување, но сметам дека секогаш главното внимание се насочува на т.н. women's cat fights кои понатаму креираат илузија дека жените секогаш се понижуваат меѓу себе, благодарејќи на патријархалниот систем. Инаку, човековото општество колку и да ја промовира половата еднаквост во денешно време сепак главната причина зошто жените манифестираат вакво однесување кон други жени е поради фактот што, дури и да се декларираат како феминисти, сепак потсвесно го применуваат патријархалното однесување поставено од мажите. Со други зборови, додека во минатото се верувало дека жената не е способна умствено да постигне некаков успех и главен фокус се ставал врз нејзиниот изглед како примарна вредност и "оружје", модерните жени го користат истото застарено верување за да го оспорат успехот на жените постигнат на поинаков начин. Така се креираат пристрасности кои претпоставуваат дека на жените им недостасува компетентност. Ова не се однесува само на компетентноста во однос на вештина или знаење, туку и кога се претпоставува дека жената нема компетентна контрола врз своите емоции - а тоа е манифестирано преку наглата потреба да се понижуваат жените кои субјективно ги гледаме како подобри од нас. Постојат две теории кои го објаснуваат ова: 1. Според еволуционата психологија, која употребува природна селекција да го образложи човековото однесување во современото општество, тврди дека жените морале да се заштитат себеси од физичка штета, па така индиректната агресија изразена преку дискриминација и предрасуди ги прави жените да се чувствуваат "незагрозено" со тоа што ќе понишуваат други жени кои ги перцепираат како подобри од нив во било кој аспект. 2. Според феминистичката психологија, оваа индиректна агресија е последица од самата суштина на патријархатот. Живееме во свет каде владеела доминација на машкиот пол во општеството и поранешната цел на жените манифестирана преку стремежот да ги придобијат најдобрите мажи, се сведува на омаловажувањето на други жени кои ги перцепираме како "конкуренција", додека истовремено тоа психолошки влијае на зголемување на женското его. Или, како што психологот Noam Shpancer тврди: “As women come to consider being prized by men their ultimate source of strength, worth, achievement and identity, they are compelled to battle other women for the prize.” Би рекла дека оваа карактеристика е доста тешка да се искорени целосно и луѓето, особено жените, треба да го променат ваквиот начин на размислување и да им го признаат и честитаат успехот на другите жени, бидејќи нивниот успех не претставува закана во било каква форма, туку напротив, треба да ги мотивира за да бидат подобри и да го постигнаат она што го сакаат во животот.
Ќе запре за некои 5-6 години мислам.Максимум 10. Кога генерацииве (60-80 год) ќе ги нема.Мислам дека како доаѓаат нови генерации има сè помалку и помалку бариери. Најстрашно е што предрасудите кон жените се учат првин дома. Само не контам како ги учат машките на тоа дека жената е за дома и во кујна.Дали им викаат ,,сине жени домаќинка” или ,,сине снаата ќе те пере цел живот” не знам стварно.. Ама и до нас женските е општо.Знам прееемногу машки (читај 70%) кои за жал на возраст од 16-20 кои уште не знаат ни јајце да спржат, не знаат машина да пуштат, буквално ништо.Анд гес вај?Биказ мамичка како малечки им чистела позади нив (логично), исто малку кога потпораснале мамичка уште чистела позади нив.Не осетиле гребаница, не осетиле прашина дома затоа што биле чувани под стаклено ѕвоно и исходот на тоа е-> магариња кои имаат по 17-18 години и уште чекаат на мама. Буквално во фамилија имам примери каде братучедите мои луѓе ни тањирот не си го креваат после ручек, стварите во СОПСТВЕНАТА соба не знаат кај им се. Мене мајка ми од мала што ме учела некој ручек да направам, машина да пуштам да усисавам пеглам и ред други домашни работи не ме учела за утре ден мажот ми да чека се на мене.Туку да можам првин сама да фукцнионирам како човек без да одам исфлекана, не пеглана или да живеам на Вили и 7ца.
Заборавате дека живеете во помали или поголеми села и повеќето знаат како сте дошле до унапредување, дали градите ви се силикони или не, дали дома 2 жени ви го чуваат детето дури се фалите дека сте жена мајка кралица, дали директорот е стабилен човек кој вреднува квалитет или познато швалериште кое шврља со "амбициозни" девојки... Сум против малограѓанско оговарање и преувеличување или намерна штета заради злоба и љубомора, сум против и предрасуди, ама сум и против лажна величина, лажно промовирање на себеси, криење на својата неспособност и лаги под -предрасуди кон жената. Ќе ми извинЕш, толку неинформиСани не сме. А не гледам потреба ако се знае, да не се каже. Затоа што тоа е реалноста. Жртвите на лажно оговарање ги поддржувам и сметам дека не треба да се шират непроверени информации, но останатите нека не пробуваат да се скријат под нивен покрив.
А ако колега,другар однесе мажена жена до пред врата со кола таа има швалер. Посебно ако е во доцни часови од ноќта. Заборавивте да пишете.
Која случајност, за истото пишував во 40 - ка. За жал, така е, особено за работа и напредување. Има исклучоци, обично таму кај што има муабети има и вистина.
Многу ми е гајле дали некој небитен кажал нешто лошо за мене па да се нервирам и револтирам. Ако се случи да ми го оцрнуваат угледот со невистини, ќе тужам.
Мене не ме иритира кога е вистина. Што да кажат оние кои очекуваат оценка, работно место, унапредување по заслуга, или тоа иритирање не се важи.
А да, лајтмотив за темава - дискусијата во Врска со оженет и колку е швалерката виновна, претпоставувам.
Ги нема кај мажите овие предрасуди затоа што и ретко се случуваат, колку и да звучи навредувачки, реално во голема мера од горенабројаното е вистина ако е успешна, одма муабет дека одела со директорот- голем дел (НЕ СИТЕ) од унапредувањата така одат, жената има таква моќ, може да влезе под кожа на директор и да го добие она што го сака. Никогаш не сум слушнала маж да добие унапредување како резултат на тоа што спиел со директорка. Ако е убава, силиконска е. - денес извртоперена е сликата за убавина, по улиците секоја девојка наликува една на друга, коса, тело, облини како кардашијанс, мал нос, долга коса, надуени усни... ретко можеш да видиш некоја природна девојка, да се одвојува на свој посебен начин. Ако заврши факултет со високи оцени, си одела со професорите- ( се пикаат студентки в кабинети, се улизуваат) и ова е чест случај, бар во мое време не сум слушнала за случај студент да спие со професорка за повисоки оцени
Во право си, ама искрено реткост е и жена на функција да сака да спие со некој за да го унапреди. Најчесто мажите се тие што би спиеле со помлада девојка и за возврат би направиле услуга. Како што кажа, професор на факултет.
Да резимираме, според тебе не постои маж што незаслужено дошол на позиција, додека скоро сите жени дошле преку кревет.
Можеби те иритира сељачково опшество и сељанките што " ве утепаа " вас граѓанките. ДА не го тупам, кој сум јас ? @Briar Rose објасни за сите пари. Ќе додадам ; реализирајте се и бидете пример за другите луѓе, не секој што има глава мисли и ниедно идиотско мислење не треба да ве допре ако знаете што сте и каде движите во животот.